Само се надевам дека Ефсун на крај ќе скапе у затвор, евентуално да умре... Значи по гнасно суштество, и психички и физички у ниедна серија неам гледано. Муцкана не ја затна, што све не направи уште да ја жалеле... Ко стаор е, па коа ќе се подзгрбави и кога ќе почне да оди ко избацивач ( кога не е на штикли )... А Бахар колку е глупа, страшно...И прости на Ефсун кога сакаше да ја убие, не ја пријави у полиција, па се чуди уште до кај ја тера работата оваа... А Арда, манекен. Кога ќе се костумоса, леле леле...
Татко и и мајка и на Бахар, додека биле млади многу се сакале и биле заедно, арно ама мајка и на Бахар имала лош татко и кога се родила Бахар, дедо и на Бахар ја дал на мајка и и татко и на Ефсун. На мајка и на Бахар и кажале дека Бахар е мртва, а на татко и кажале дека и мајка и и Бахар е мртва. После 20 години татково дознава дека ќерка му е жива, ама мајка и на Ефсун ќе каже дека Ефсун му е ќерка, а не Бахар. Само поради богатството. Еве сега Бахар дозна и мислам дека понатаму знаеш... Колку ме разбра не знам, ама со оглед на тоа што мислам дека не им ги знаеш имињата, вака најдобро можев да објаснам.
Спојлер Ја гледав 100та епизода последната од третата сезона и поглупа серијава не можат да ја направат мислам ептен забегал режисерот на филмов..Бахар ќе биде во затвор бидејќи го пукала некој Кенан за да не го убие Атеш и добива 9 години затвор раѓа ќерка од Атеш ама ќе и кажат после неколку саати дека и умрела а уствари Султан ќе ја потплати сестрата и со Ефсун ќе го земат бебето и после во следната сезона ќе излажат демек некоја не можела да го чува бебето и така Ефсун и Арда ќе ја присвојат ќерката на Бахар и Атеш но Арда нема ни да знае дека всушност таа е ќерка на Бахар...Како и да е на некој начин се повторува историјата на Бахар
Ардеш поточно Атеш а да прочиташ почеток од темата можеби малку ќе ти се разјасни Атеш и Бахар се вљубени еден во друг а Султан е тетка на Ефсун
Додека беше Нуран беше интересно, да беше во Америка Оскар не и бегаше. Сега ич не ја гледам серијава а со онаа врапче/чучилига/ластовичка беа единствени турски што сум ги гледала.
Овие турскиве на Канал 5, сите со лош крај. Веќе не ги ни гледам. Не ни знам веќе која е идејата на серијава? Бахар ја дозна вистина. Што уште должат...
Ќе се случуваат уште многу неочекувани работи секоја епизода има новп случување и не е досадно за гледање. Сите турски филмови се со лош крај,ретко кој завршува како што треба.
Значит оваа тетка и султан е лош лик , а овај лепотанов Ардан што беше работата со малата зејнеп ( мислам така се викаше) , зошто баба и ја капеше и она плачеше ?
Епа Зејнеп спиеше со Арда, а прв и бил на неа. Мајка му на Арда(таа плавата), дозна дека он земал многу пари од банка и мислеше дека парите се за Зејнеп, бидејќи од снимките на хотелот дозна дека он спиел со неа, а уствари парите беа за Ефсун. Потоа мајка му отиде кај Зејнеп и пред мајка и на Зејнеп кажа дека оваа спиела со него и сега мајкава на Зејнеп старомодна ја носеше на лекар трудна да не е, па беше во полиција да пријави... свашта.
Па беше во Зејнеп(бар мислам), ама поради тоа што се случуваше со Ефсун, не сакаше да и дава лажна надеж и ја остави. Иначе Арда во минтата сезона беше ептен лош лик.
Ќе се случи пресврт за некоја епизода,Арда оваа сезона ќе почне реално да гледа на работите и ќе биде против мајка му,засега е заљубен во Зејнеп ама за некоја епизода и тоа ќе се смени.Многу лоши,жални и смешни моменти следат. Јас ја гледав онлајн серијава ама не до крај Многу подруго е на турски целосна разлика подруго е кога не е синхронизирано,Ефсун ми е најсмешна
Мехмет ќе се оперира ќе има критична операција,Фулија ќе се породи ама и со неа ке се случи нешто неочекувано.Да не ви кажувам повеќе гледајте ќе ви биде поинтересно