Мислам дека причината некој да не го сака Кенан за зет е многу очигледна. Човекот е тежок психопат, убива мали деца без око да му трепне а и очигледно негативно влијание има врз Хулија не дека таа е ангел но ја врти на малиот прст до тој степен што ја запостави и ќерка си. Почнав да ја гледам серијата на нет затоа што не можам да ги поднесам македонските разлигавени Бахар и Атеш толку ми се одвратни (Љубов... многу ми фалиш, многу те сакам, и јас те сакам, не можам без тебе) а на турски не се толку многу, толку за нив.... мене ме интересираат Арда и Ефсун за нив гледам. таков неочекуван пар едно време мислев дека Арда ми е допар пар со оваа Зејнеп ама се случи што се случи и не е тоа тоа ама со Ефсун овој станал пресладок, што вели Ефсун ги надминал и бајките и не престанува да изненади. Човекот почнал да биде регуларен во маалото, бакнува рака на ‘‘татко илијас‘‘ и купува облека, и купува кола, ги става сиромашните деца во новата кола со тој ангел израз на лицето, пресладок е кога ја гледа Ефсун како дрнда без престан, уште посладок е кога и кажува на Ефсун да го бакне а таа: Е немој сега не ми прави така.... а тој разочаран си седи на столчето и ќути. Што се случува со овој лик??? Пресврт 360 степени
Стварно ли Мехмет спиел со некоја или местенка е ако сака нека објасни некој како што зш не сум гледала позз...
Оваа Ефсун значи ХАХАХААХАХАХАХАХАХАХАХАХААХАХАХАХАХАХА серијава ми е врвна луѓе.Само Бахар и Атех многу се лигават ми здосадија веќе/
Bahar kolku si gi ima krenato akciite.Mrzam takvi likovi.Ok postena e ok povredena e ama mnogu e dosadna kako lik.Sega Efsun mi e pointeresna.Bar pravi nesto ovaa Bahar ili se kara so nekoj ili trca po nekoj.
Ја следам серијата на нет и морам да кажам колку овој Мехмет Емир е една одвратна покварена и лицемерна особа. Демек тој многу ја сакал Хасрет и многу пател за неа во младоста како што видовме а баксузот не можел да биде со неа и во постарите години и очекував сега кога она е мртва тој би требало да биде и во депресија, сепак нели таа е љубовта на неговиот живот 20 и кусур години а тој се загледал во девојка што може ќерка да му биде и како еден пубертетлија се замислува таму и глуми нешто со таа одвратна Џемре а и самата Фулија му го плесна истото в лице. Колку малку време помина од смртта на Хасрет а тој почнал да се занесува по млади девојки и му ја затвори устата проклетиот не можеше ништо да каже во своја одбрана. Уште една личност која никако не можам да ја поднесам е тој одвратен Атеш! Леле како само ме нервира, тој може ‘‘совршениот‘‘ да фрла луѓе од покриви и ниту една изјава да даде во полиција а уште помалку да оди во затвор а после ќе држи говори дали Ефсун заслужувала да си ја плати казната затоа што направила измама. Г-динот адвокат мисли дека е над сите и само тој заслужува да ја превземе правдата во свои раце. (иако е во право што бара одмазда за Дорук ама со своите постапки ептен ме вади од такт а да не зборам како ме иритира кога е со Бахар а бе мислиш тие двајца злато серат.... лигави едни) Исмаил...многу ми е жал за него едно време многу ми беа слатки со Ефсун ама знаев дека нема да издржат долго затоа што е полицаец. Иако сега уживам во сцените со Ефсун и Арда истовремено многу ми е жал за Исмаил како лик е одличен единствена маана е што се дружи со Атеш Еве го ‘‘златниот пар‘‘ зарем има некој кој ја гледа серијата ради нив???????? Еве јас за кого гледам simply adorable Spoiler: Ефсун и Арда in love mode
Иако ќе има нови заплети во серијата мислам дека цело време ќе е интересна за гледање.Гледав на инстаграм кратки видеа и слики што ќе следува,и навистина примамливо изгледа... Тогаш Атеш нема да не нервира затоа што верувам на сите ќе ни биде симпатија поубав и од Арда...
Spoiler Ефсун е многу добра но кога Бахар ќе пука кон Кенан, Ефсун ќе сака да и помогне и ќе побегнат. Полицијата цело време ќе биде во потрага по Бахар, и на крајот ќе ја пронајдат. Но, Ефсун нема да сака Бахар да се предаде и сака да ја спаси. Но, Бахар ја турна на Ефсун и се упати кон полицијата и во тој момент на Ефсун ја удри кола. Ефсун ќе го изгуби детето и ќе и речат дека повеќе нема да може да биде мајка. А додека беа во бегство Бахар ја натера Ефсун да и вети дека кога ќе оди во затвор, Ефсун да ја порасне нејзината ќерка. Кога ќе се породи Бахар, Бахар и рече дека Атеш е тука и дека тој ќе се грижи за нивната ќерка. Ефсун нема да сака да и го земе детето, но Султан ќе и го сврти умот и ќе плати една жена да и рече на Бахар дека нејзиното дете е мртво. И така Ефусн ќе ја порасне ќерката на Бахар која ќе се вика Нуран
Ефсунка ми е многу јака, на почетокот ме нервираше зошто беше многу лоша и идиотка спрема Бахар, ама е ѕверка. Малку ме нервира како ја зборуваат ама е интересна. На моменти е многу убава, а некогаш е грдичка, ама во секој случај е добра актерка. Бахар ми е онака мила, ама ме нервира малце е глупа и многу ко старомодна е. Прочепкав на нет и видов дека има 3 сезони, кај нас е 2рата, а 3тата уште им се снима. Знам само дека Муге и Џемал ќе се заљубат и ќе се заедно, друго ако знае некоја нека каже. Ме интересира многу дали и како ќе се откријат сите злосторства на Ефсун, Султан, Илијас, Салих...
Осеќав дека ќе се заљубат Муге и Џемал,душички се,нека видат и тие малку среќа. Леле оваа Зејнеб од такт ме вади,како им сврти грб на мајка и ,и на Џемал кој ја спаси од самоубиство,и срамот и чесноста и ги покри а како му врати таа него.Човекот колку ја сакаше не ја ни допре со прст иако се земаа. Исто веднаш ја остави и Мајка Ганимет и истрча по умот на Султан,сакала да биди богата и позната ,а уствари трча по Арда! За Бахар лигавицата и да не зборам,се нешто се дере,се прави одеднаш како да е дама некоја,најмногу ме изнервира што толку време му се лутеше на Илијаз,а одкако се скара со вистинскиот татко и текна за Илјаз и му дојде на врата!! Ефсун,Кенан и Хулија се закон ,но комент се со нивната иронија и сарказам Иначе ептен се заразив со серијава а ?