Морам да признаам дека со Ефсун Кенан и Хулија умрев од смеење Поготово со Кенан, кога ке почне бандата Атеш-Џемре-Мехмет Емир да го средат по покриви и подови дури и самиот си коментира и многу е смешен. Интересен лик е нема што... Хулија од секогаш ми била неутрална не ја мразам-не ја сакам ама има нешто во неа што ме тера да ја гледам, актерката што ја игра е многу интересна. Мислам дека Кралицата на ова шоу е единсвената La Efsun Зејнеп е една девојка без гордост и достоинство.... Човекот и кажува да заборави што се случи меѓу нив и дека е вљубен во својата жена а таа како пијавица некоја не може да се откачи најглупа е кога се кара со мажот и и глуми нешто љубомора а не го ни сака. Султан како лик на моменти е одвратна на моменти ми е интересна поготово кога се здружува со Ефсун. Лик од кој сум најзадоволна во оваа сезона е Арда едноставно е прекрасен. Порано не го сакав ич мислев дека е без врска најинтересен ми беше кога ја бранеше мајка му тој отсекогаш и бил најголема подршка на Хулија. Односот мајка-син е единствената убава особина кај него што ми се допадна. Порано беше само убаво лице а мене тие не ме интересираат ако нивниот лик е само површината, мора да има некоја длабочина да ми го земе вниманието.
Продавам фејк маици за сиротиња од брендот ,, ЛеФ'сун ,, , за само неверојатни 99 евра !!!!!!!!! Нарачајте бесплатно на 0500, а ако сте полнолетни, може и на 0800 ! Побрзајте, количините се ограничени ! А ако се јавите во наредните 30 минути, добивате црвени опинци гратис !
Уште малце ќе се смени актерката во серијата,иначе ке биде позната глумица и ќе се разведе од Џемал и уште ќе го сака Арда, Џемал ќе се ожени со Муге но нема да ја сака. Бахар ќе биде во затвор и ќр има ќерка која Ефсун ќе и ја украде и ке каже дека ја посвоила......
Лепотан Иначе во првите епизоди многу ми беше интересна серијава, ама сега се како што иде како некоја крими драма ми е ама сепак со ЛеФ'сун интересно е, хаха
Ко што кажа Вики, во секоја епизода се случува нешто ново и интересно. Режисеров со овој материјал можел три различни серии да направи. Мене ме интересира што ќе биде со Мехмет и со ова девојчево? Знам пишавте дека ќе се земат, ама дали Мехмет ќе дознае дека она уствари работи за Кенан?
Ефсун ми е многу јака и само ради нејзе ја гледам серијата,на почетокот многу ме нервираше ама сега е променета и е многу интересно,мислам дека она е единствената која знае да ме изнасмее,понекогаш незнаеш дали те нервира или дали те смее И баш ми се слатки со Бахар онака како сестри како се сакаат и си помагаат,сепак Бахар премногу работи претрпе од Ефсун и го уништи животот..Што ќе се случи вечер дали знаете што спобудале Бахар зошто пак ќе ја тужи во полиција нели се смириа нели се е ок со нив....
И Ефсун не ја разбирам како може да и го сврти некој паметото за нејзината сестра па животот и го уништи сега уште и фалеше детето да и го земе,а на крај што ќе се случи дали Ефсун ќе и раскаже на Бахар за детето дали ќе и го даде ?
Епа и мене ми е тоа чудно хаха ај валјда ќе разбереме. Уште се снима серијава па и на нет ја нема последната епизода сеуште. -_-
еј не ја гледав вечерва епизодата , што се дешаваше ? Кажа ли све Зејнеп ? И зошто се онесвести Ефсун ?
Серијава не је гледам редовно ама кога ја гледам ја гледам заради Ефсун - т.е заради Миа кантарџиева, толку добро ја имитра, царица е Миа
Не кажа Зејнеп ништо за убиството,се премисли во последен момент кога виде дека се гушкаат и се заљубени вистински Арда и Ефсун,им посака се најубаво и си замина. А инаку Ефсун се онесвести бидејќи е бремена 5 недели