1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улични продавачи

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blond, 6 декември 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Многу често наидувам на уличните продавачи. Распослани по земја, на маса, нудат облека по ниски цени. Неколку пати имам купено од ваквите улични тезги.И сум се пишманила |(

    Колку и да велат сите дека оваа роба е иста како онаа по бутиците, мене не ми делува така.
    Еве последен пример кога золва ми купила на малиот хулахопки од ваквите продавачи, хухаопките се катастрофа. Се врти кај ножето долу, она што треба да е на долниот дел на стапалото, на него му е на горниот :lol: , предниот раб фаќа кривини.

    Ваши искуства
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислам дека во некои бурици ја има истата роба како тие што продаваат на улица, може и не е така, ама имам купенои неко работи на пр. хеланки и таман си се.
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Во поголем дел не е некој квалитет (зависи како ќе ти се погоди), ама и по продавнициве ја носат истата роба, ама многу поскапа.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Не е голем квалитет, но и цената не е висока така да можеш да го носиш една сезона и да ти се исплати.
    Кај нас на пазар има многу тезги со гардероба и морам да кажам дека многу парчиња што ги има по тезгите ги имам видувано и по бутиците. Баш последниот пат кога бев на пазар видов една убава бела плетена туника и беше 600 денари и истата ја видов во бутик 850 што значи наредно одење на пазар си ја купувам.
     
  5. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Кога како... На пример, во еден бутик за чевли видов патики за 850, а на пазар буквално истите 400 денари. Или за одличен долен веш ама буквално ист квалитет како во бутици за долен веш (имам купено и споредено). А за чорапи никако на пазар, а за блузи редовно земам од бутик, на пазар некако нема толку избор за мојот стил, ретко нешто да се најде дискретно или еднобојно, се нешто светликаво со циркони или некоја дречлива боја. Зависи кога како за се. Јас фармерки си имам купено за 500 денари од пазар, и им се изнаносив и уште ми се како нови, а во бутик најевтини се 900 и има дури од 1800 (што фармерки најчесто земам од бутик за фармерки). За козметика, нема шанси да земам од тезга или пак шминки се некои од оние за деца во кутии во форма на пеперутки и што не, дречливи бои, за околу 60 - 100 денари пакет сенки, ама не се квалитетни пак да ги земам.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кај нас во Скопје има вакви најчесто пред пазарите и на плоштад неколку тезги за накит. Тезги за цедиња има на неколку места и тоа е тоа.
    Сум ги гледала ќе ги тргне полицијата и за пола саат ете ги пак се распослале :D
    Јас ич немам срам ни да купам ни да видам од вакви тезги.
    Иначе имам купено цдиња на времето од овие улични продавачи многу купував, хеланки, рамбовка, обетки мислам и наочари од вакви тезги. Пред зелен пазар има едно бабе си продава камилица и кантарион и тоа си купувам од таму. И фустанче лани си купив од тезгиче пред зелен пазар.
    Нормално дека не е тоа квалитетна роба, ја земале луѓето како не е битно и си ја продаваат најефтино зашто тие немаат никаков трошок ни тезга плаќаат ни ништо.
    Е сега на бит пазар има тезги со крадени мобилни и со крадени ташни |( е тие со брзина на светлината ги поминувам.
    Јас немам ништо против од купување на овие тезги. Работите на тезгите најчесто се истите од пазарот во близина што е и ќе ги најдете и таму на некоја тезга, но тезгата може во гужвата да не ја најдете, а кутијата со послани фустани да речеме на влез на пазар секако ќе ја забележите.
    И пак ако видам нешто интересно пак би купила.
    Ах да и честитки секоја нова година од тезги вакви си купувам :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Па знам да земам некој продукт од овие продавачи. Најчесто лакови за нокти, ете баш таа жената од кај што редовно купувам лакови за нокти не е на тезга туку пред Зелено пазарче на пакети испростирала лакови, козметики и сл. Но нема врска, ете јас сум и редовен и стален муштерија. :D
    Сум земала и ташна од Бит пазар пред тезгите за 300 ден. па еве веќе 5 месеци ме служи солидно, или пак алка земав од една жена со рачни изработки на ул. Македонија.

    Барем јас имам големо и добро искуство со луѓево.
    Не ми се погодила некој бош роба да купам за што се вика „без пари“.
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.086
    Пол:
    Женски
    Уф, ги обожавам и со задоволство застанувам да разгледам што имаат. Сум си купила многу фини работи од нив, плус и поефтини, а и можеш да се ценкаш :lol:
     
    На Hipica и crazylady им се допаѓа ова.
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас си купувам од овие улични продавачи...
    Па пред 5/6 години си ги кушив омилените фармерки за 600денари и душата им ја извадов од носење и секое перење изгледаа како нови... Маички, фустанчина, рамбовки, хеланки... Многу е ефтино и башкато некогаш некое парталче што си го купил од овие ќе ти трае повеќе од нешто на кое си фрлил 2илјадарки :D ;)
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако е на улица тезга, не е квалитетно, или во најмала рака не е набавено од исто место со некој елитен бутик. Еве Прилеп, јас познавам неколку дуќани кои пазаруваат на големо од Шутка, па истите работи ги има на тезга в пазар, само за 200-300 денари поефтино. Исто набавуваат и од Бугарија, Грција, сета роба е речиси иста :)
    Баш лани си купив џемпер за 850 денари од Женскиот пазар, на тезга, ми го спушти од 900 :D , и по пола саат, го сретнав скорс истиот во бутик за цена од 1200 денари. Е мајко му, си купив и хеланки за разликата :D
    Јас си пазарам, секако не облекувам без прво перење. И лакчиња си купувам за нокти честопати, и шнолки, стегачи, џиџи-миџи, и досега не сум видела некоја бош стока. Дали на тезга, или во скап бутик квалитетот малце од малце на поглед се гледа кај облеката. Чевли не сум купила, ама и нема баш некој избор, освен римјанки за лето,кои за 150 денари даваат три месеци беспрекорен изглед :D
    Гаќа, исто си купувам од тезга, оние ликрените без рабови, иста етикета имаат и во продавница за долен веш(секако не Лисца, ама барем за 70 денари ги носам и носам) а се секако поскапи. Мене не ми менува, ако нешто од прва не ми се допадне при фаќање кај материјалот, и од продавница нема да го купам :)
    Така да, не ми е ништо чудно пазарењето од улични тезги, и тие се луѓе :)
     
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Имаше едно време , кога бев помала идеа во родното ми место Бугари. Ех, мерак беше тоа да појдиш и да се изнакрениш се’ што ти душа сака. Сега, кое поквалитетно, кое по не квалитетно ... Скоро не сум налетала на такви, или па не сум застанала да разгледам што нудат. Сега има доволно ефтини продавници, па не сметам дека има потреба.
     
  12. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Имам купувано најчесто од тезгите пред зелен пазар.Лани си купив црн плетен фустан,некаде до над колената ми доаѓа и за преку ден ми е петка.Си го носам,исти е ко првиот ден кога го купив.Мислам дека како ќе ти се погоди.Еднаш си купив еден обичен црн џемпер од Еко во ГТЦ,а потоа го видов истиот на тие тезги кај пазарот.Не ми смета што е од тезги,си го купувам она што ми се допаѓа.
    Бижутеријата што ја продаваат уличните продавачи на плоштад често ја среќавам истата и во продавниците,само што тука е по ефтина.
    Имам купувано и лакови од вакви продавачи,а неодамна и купив на внука ми хулахопки.Многу и се погодија,шаренки,детски и не гледам некоја разлика од оние што се внатре во пазарот а често и низ бутиците за деца.Е сега нормално зборам за обични продавници а не од типот на Okaidi,Mother care...
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aбе под улични тезги ги подразбирате и пазарите?

    Дека по некои постови гледам се спомнуваат тезги на пазар.
    За мене улични тезги се оние на картонски кутии, на мали монтажни тезгичиња на прометни места, улични продавачи на накит итн.
    А ако и пазарџиите спаѓаат во уличен продавач ондак постот ќе ми е многу голем зашто сум редовен купувач :)
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Па што знам Роси, тука еве има од игла до локомотива на пазар, кај тезги салам, кај картонски кутии, кај масичиња некои пластични, јас се тоа викам уличен пазар :D Можда сум грешка :?: Некои стојат одстрана, некои закупиле тезга, ама сите продаваат се и сешто, па така...
     
  15. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Па тие што продаваат лакови,има дури и бинго нешто такви работи,ролки,детски хулахопкички кога влегуваш накај пазарчето,се буквално на картонски кутии и некои стари железни масички ко оние што беа за на излет.За таквите зборев јас,и мислам дека тие не плаќаат за нивните ''тезги'' таму,па не се сметаат како тезги од пазарот :?:
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сепак тезгите на пазар се на пазар, а не на улица. Добро си сфатила ти, ама останатите малку помешале поими.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    blond,конкретно за хулахопките на внука ми за кои зборев или за бижутеријата,мислам токму на такви продавачи како што си ја насловила темава.
    Значи за продавачи сосема изолирани од било какви тезги од пазар,а онака ги спомнав и тезгите пред зелен пазар.
     
  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Не паметам да сум си купила нешто од оние улични продавачи кои не плаќаат ништо а продаваат по ниски цени! Печалат минимални суми, знам дека не се од лесно таму распослани и буквлано те молат да купиш, ама па од кожа се вадам кога знам дека ни фирма имаат, ни трошоци, ни кирии и плус често земаат роба навидум со исти изглед како во бутиците но со многу дефеци! Ова ви го тврдам, дека не сите, но голем број од уличните продавачи работат со роба која има дефеци и истата ја земаат поефтино па и си ја продаваат поефтино!Затоа убаво отварајте очи кога купувате од нив! :!:

    Вистина е дека се поефтини од бутиците, а и како не би биле кога никакви трошоци немаат... плус некои од нив крадат од бутиците па препродаваат по улиците, па логично е дека ќе има разлика во цените!
    Би требало да се преземе нешто посиозно против нив, а не само да ги бркаат и за пола час пак ги гледаш пак си продаваат!
     
  19. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Но јас мислам дека сепак и тие луге се греота и многу ми е жал кога ги гледам како ги брка полицијата. Сепак и они се борат за парче леб. Инаку ако ми се допадне нешто си купувам. На импровизираните тезги пред зелено пазарче си купувам лакчиња, папучи, ролки и други работи.
     
  20. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Право да ви кажам,меѓу оние тезгине на улица и бутицине нема некоја голема разлика :!: