1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улични продавачи

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blond, 6 декември 2011.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Мене пак повеќе греота ми се оние кои си ги плаќаат долговите кон државата а не работат на црно! Верувај дека и тие се борат за парче леб, но на легален начин! На уличните продавачи ги гони полицијата, на продавачите во бутиците ги ,,гони,, УЈП! Ама тоа е, секој си наоѓа начин за да преживее, некој легално, друг пак помалце легално!
     
    На Tinushka и Alondra им се допаѓа ова.
  2. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Оние на пазар барем Тезгарина плаќаат ! а тие уличите ЈАС ги викам ,,Шутка - Комерц,, :lol: Такви секој ден шетаат околу пазарот во Охрид и на рака носат те хеланки или хулакопки или блузи или долни тренерки или 5 пара чотапи за 100 :rofl: и обично почнуваат од повисока цена па на крај демек ај за толку ај за олку ! веке видена техника мене најмногу ме нервираат кога ми нудат Ташни женски а скоро сите ме знаат и им велам не сакам ташни а тие упорни ! Јас имам купено многу парчиња облека и тоа за керка ми и 90% девојчето ја бендисува и си ја носи иако е тинајџерка !ако не бендиса ЈАС сум тука да не ми пропаднат парите ! :$
     
  3. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.349
    Тоа што се нуди во повеќето бутици во државава е увезено од Бугарија и Турција најчесто. Уличните продавачи од исто место ја купуваат својата роба, а истиот случај е и со стоковните куќи. За квалитетот тука нема да дискутирам :) само ќе кажам дека квалитетна облека секако може да се најде низ брендираните бутици, но цените таму се достапни само кога има попуст за жал. А јас лично никогаш немам купено облека од уличен продавач, а и немам намера тоа да го сторам :lol:
     
  4. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Да се живи и здрави уличните продавачи, да не беа тие пола град ќе носеше облека од пред 3 години. Башка кога ќе видам како некоја баба на картон продава џемпер од 500 денари, а истиот во ГТЦ го продаваат за 1500, се нервирам која будала сакаат да ме направат дуќанџииве. Па од исто место ја земаат робата, или е кинеска или е турска. Ако сакаш оригинал купувај само брендови, така ќе знаеш за што ги трошиш парите. А за оние парчиња гардероба кои секаде ги има, поарно не си лупај пари кај некој што продава во Еко шопинг, истите ги имаш на Бит пазар за поевтино.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Искрено бегам од нив, абре некогаш се многу досадни и 1 сат ќе те убедуваат да купиш нешто од нив. Јас лично немам ништо земено од нив а мм ми има купено оној масажер како од Топ Шоп. По некоја случајност супер се погоди и уште работи.
    И овдека на работа си имаме еден што често поминува и земаме освежувачи за простории, евтинија жива а и прикладни ароми си бираме. Од кај и како ги зема не ни е гајле битно ни вршат работа ;)
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    некогаш може да се начека убаво парче за ефтини пари.имам земено една убава плик ташничка за смешни 100 денари што во продавница би била 10 пати поскапа
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Никогаш не сум купила од уличните продавачи. Секогаш претпочитам облека од бутик. Си има разлика меѓу облеките од улица и од бутик.
    Мајка ми неколку пати купи чорапи од ваквите продавачи и чорапите после првото перење отидоа фира.
    На ништо не личеа. Ама биле 5 за 100...нека се. Подобро едни саглам отколку 5 за по една употреба.
    Спремна сум да платам многу за убаво и квалитетно парче облека и затоа никогаш не земам ништо од улични продавачи.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Вчера во Теранова видов потполно ист џемпер, потполно иста плетка, само друга боја каков што јас си го купив пред две недели од улична тезга за 6 стотки |( Цената шта да ти причам, само прилепена етикета |(
    Алал да и се парите на женичката што ми го продаде, мачи душа мрзни по асфалтон, друг некој нека калапи парички :fubar: Улични неулични, сите од исто место набавуваат и не може никој да ме преубеди во тоа.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Сите ти се исти...и улични и оние од бутик..Стокта или е кинеска или турска,ама од исто место ја набавуваат и сосема истата е,само што бутиците ја продавааат сто пати поскапа.Мајка ми само еднаш ми има купено една плик ташничка од уличен продавач и ептен ми се свиѓаше,што уличен неуличен си ја изнаносев :rock: ама штета што при реновирањето си ја изгубив некаде :(
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Од такви тезги единствено купувам честитки за нова година, или некои икибани што вообичаено ги продаваат тој период. И балони купувам :)
    За накит си имам една омилена тезга во пазарот каде секогаш купувам, а чорапи секогаш од чорапара затоа што малетене за иста цена ги продаваат.
     
  11. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас би купила макар и да не го носам.Грев ми е,кутрите и тие работат да имаат пари за леб.
    До сега нем би купила бидејќи во Прилеп нема некој такви!За тезги да али такви како што ги велите „улични продавници‘‘ немам зачекано :)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Често на битпазар, или на влезот на зелено пазарче се начекува убаво евтино парче, вреди да се купи.
    И досега се што сум купила од такви улични продавачи,не сум се разочарала.
     
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ги имам факано од радовиш некои од бутиците во шутка и од турција и биле
    и полсе од таму ги купат 200-500 денари а тука над 1000 денари а на попуст над 700....и затава многу ретко пазарувам од радовиш...
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Јас ниту сум купила облека од улични продавачи ниту па планирам. Не знам, секогаш ги одминувам. Имам специфичен стил и треба многу шетање или одење во проверени бутици за да купам нешто. Којзнае, можеби некој ден ќе ми падне нешто во око така на минување.
     
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Не ми се допаѓа тоа распостелување по тротоари и сопкање на минувачите за да купат. Никогаш не сум купила, јас поточно и не се загледувам во робата која ја пласираат! Мене ми е поубаво да си влезам во бутик, да си пробам на топло и чисто без ,,публика,, околу мене, да видам дали ми одговара и да си платам ако го купувам!
    Можеби може да се случи совпаѓање на робата од бутиците и уличните продавачи,но неверувам дека цела роба е иста!
    И не се чудете што во бутиците се продава поскапа обека, имаат многу поголеми трошоци, кирии, фирмарини, индустриска струја, здравствено осигурување, сметководители, фискални каси и ред други трошоци!
    Додека уличните продавачи немаат никаков трошок и им се може да си продаваат со минимална заработка бидејќи е чиста за нив.
    Празни дуќани многу, ама на уличните продавачи не им се сака да започнат бизнис во нив бидејќи се свесни за трошоците! Е тогаш нека продаваат по минимални цени па да видиме дали им се исплаќа.
    Ги гледам овие во нашиот град со какви автомобили и комбиња идат на работа, а глумат сиромаштија, тоа ме нервира! Како административни работници се, во 16:00 торбата на рамо и си одат дома со полни џебови, ни трошоци, ни каси, ни инспекции...гајле им е! Имам впечаток дека им го јадат лебот на дуканџиите!
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.