Улогата на партнерот во вашата бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од RainBow, 15 декември 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    47.868
    Пол:
    Женски
    Јас лично мислам дека без него не знам што би правела. Страшна поддршка ми е, не пропуштил преглед или испитување да не дојде со мене, дежура со мене ако имам некаква мака, знае што пијам, кога, уште колку ми останало. Заедно читаме секоја недела до каде е бебeто со развојот и заедно се радуваме на секој нов напредок. :)

    Колку вашиот партнер е инволвиран во бременоста? Колку често доаѓа на прегледите, дали е во тек со развојот на бебето и колку се интересира за целокупниот процес?
     
    На Saraa, Victorian, Kaetana и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.383
    Пол:
    Женски
    Мaжулетo мене мнoгу дури премнoгу ми пoмaгa кoгa е дoмa пoсле 17:00 чaсoт , a сегa декa сум пред пoрaѓaј искренo дa ви кaжaм гo приметив aмa пoвеќе се плaши oд мене хaхaх :D
     
    На girl-miri, Miss.Sweet и podravka им се допаѓа ова.
  3. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Vo tek e so hranata.jas trudna a toj se debelee:D
    So prvata bremenost sama si idev po pregledi, ne deka nemase projaveno zelba da dojde tuku jas nekako sama sakav da odam.
    So vtorata bremenost nekolku pati bese i toj i kerkickata vkluceni, ednas vo Remedika koga bevme za vtoriot skrining vtor pat kaj mojata maticna, i toa kerka mi vleze so mene a dr dozna deka i toj e tuka pa go vikna.
     
    На Eli23 и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  4. podravka

    podravka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2015
    Пораки:
    1.211
    Допаѓања:
    5.495
    Пол:
    Женски
    Non stop bese do mene toa bese dolgoocekuvana bremenesot na sekoj pregled bese so nas se nadevam deka ke bide taka i vo slednata posakuvana bremenost vsusnost sigurna sum deka ke bide taka..
     
    На girl-miri, irenna, LUCERKA и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    956
    Допаѓања:
    4.271
    Да ми кажеше некој дека ќе имам толку грижлив сопруг во текот на бременоста, немаше да му верувам. Он додуше и во брак и пред брак беше грижлив но во бременоста а и после неа ептен.
    Цела бременост не ме остави ништо да пипнам по дома, на сите прегледи и испитувања беше со мене. Се трудеше да јадам здрава храна, секој ден цедеше сокови за да не ја зезнам крвната слика а и бебуш да ручка витамини. На телефон си имаше инсталирано апликација и редовно читаше што и како се случува со бебето по недели. Поддршка максимална ми беше цела бременост. Едвај ги чекаше ехо прегледите за да го види бебуш. Единствено ми беше многу жал што не беше до мене кога бебуш прв пат промрда во стомак, бидејќи лежеше 3 недели во болница. Кутриот кога излезе од болница бидејќи јас не смеев да го посетувам си рекол: "Бар да се роди син ми и да го видам па да умрам" :( Но бебуш ко да едвај чекаше тато да го пуштат од болница па само што се видовме кога излезе не престана цела ноќ да мрда :)
    Кога ме фатија болки за пораѓај беше спремен пред мене, пошто јас сакав да се истуширам пред пораѓај :D Единствено не присуствуваше на пораѓај но голем шок преживеа пред врата на родилна сала чекајќи не 3 часа да излеземе. Цел ден додека да ме спремат за во сала и да се отворам беше до мене.
    Откако се породив требаше да лежиме во болница за жолтица. Бев бајаги шиена и тој доаѓаше кај 19 h да го чува синко на фототерапија за јас да одморам малку и си одеше во 7 сабајле :(
    Не се сомневав во ниту еден момент дека ќе биде толку посветен и чувствителен татко/сопруг но сепак сум пријатно изненадена. Ги надмина моите очекувања.
     
    На Victorian, Kaetana, rose60 и 20 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    Супер си е... едноставно се осеќам како двајцата да го носиме бебево, во смисла... во се е вклучен. И за помагање низ дома, тој ги прави најтешките задачи, чита за бебето и развојот, се интересира. Си планира што како. Му зборува на бебето, го гали мешето... лудници :D :D :D
    А за прегледите.... закажуваме исклучиво кога тој не е на работа, инаку нема шанси да одам без него. Мислам дека и тој би се осеќал многу тажно ако не присуствува, оти се радува на секоја секунда на ехо прегледот.
     
    На Victorian, Kaetana, rose60 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.352
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам за првата бременост беше повеќе посветен.Можеби дека не одеше на работа па нон стоп бевме заедно.За оваа бременост на почетокот беше повеќе од мене исплачен бидејки прокрварив и кога ме виде таква ке се онесвестеше за малку.На прегледи обавезно е со мене и тој повеќе зборува со докторката отколку јас:lol:.Се на се греота е да се жалам,иако се жалам само кога не ме сваќа дека сум депресивна:@
     
    На Makedonka007, Kaetana, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    Ни да се жалам ни да се фалам:)
    За првата бременост многу ми помагаше,се освен тањири миење:D,бидејќи многу повраќав до последно..на прегледи си одев сама,не сакав да иде со мене,освен на скринингот-4д што се прави во 4мес мислам така беше..
    За вторава,малку по мрзлив беше,ама па затоа идеше на секој преглед..
     
    На rose60, Pcelka94 и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  9. Ververica

    Ververica Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    78
    Он е мојот ангел чувар:angel:Цело време е со мене и до мене...а бидејќи сега морам и цело време да лежам целото внимание му е насочено кон мене...многу ретко излегува и тоа само на кратко на некое кафенце за да не ме остава сама...средува се по дома јас не смеам ништо да чепнам,пазари,ми купува се што сакам во било кое време,прави јадење(секако она што знае :rofl:)неама пропуштрно ниту еден преглед...:) Прави да се осеќам како кралица:clap: Не можам да ви го опишам чувството кога се буди ноќе и го осеќам како ме покрива ќе ме гушне и баци мене и мешето мислејќи дека спијам и не го осеќам:angel::(:(:inlove::inlove::inlove: :sun::sun::sun: Едвај чекам да ни се роди бебушот и да си бидме happy family:l:
     
    На Victorian, Kaetana, Daydream и 6 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.881
    Допаѓања:
    279.848
    На една тема имам пишано, ама еве и тука да напишам.
    Неодамна бев бремена.
    Мислам дека ТОЈ беше по труден од мене.
    Цели 9 месеци не дигнав ништо потешко од виљушка.
    Со мене доаѓаше на сите прегледи и се интересираше за СЕ.
    Голема поддршка во секој случај.
     
    На Kaetana, kjukli, zalosna и 6 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    74.659
    Пол:
    Женски
    На прсти на рацете може да се преброи колкупати бил со мене на преглед.За второто дури беше лут што не е машко.Долго време ги дискриминираше децата ,сега веќе е поповрзан со ќерка ми.За ќерка ми не ни останал да чека да види што и како ќе се роди.Едвај го разбудив во 4 сабајле да му кажам дека имаме ќерка.
    Таков е,што да му правам:|
     
    На rose60, girl-miri, Miss.Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    70.916
    После првичниот шок кај двајцата дека ќе имаме дете, кое беше планирано и со страст правено, ама изненадувачки брзо склепано (мислевме дека треба време за правење, не дека од прва ќе се фати), мене ме фати паника како ќе биде, а тој почна да ме смирува. Не знам дали се преправаше или навистина му помина паниката и стана храбар кога ме виде мене исплашена.

    Од тогаш, тој ми е поддршката, во сите моменти кога паничам дали ќе знам како да чувам дете, во сите моменти кога не знам како да се однесувам. Тој ми е моето ангелче на десната страна кое ми вика, иако си ја утнала работата, не е страшно, и моето ѓаволче од лева страна кое ми вика, не е страшно да си каснеш едено чипсче или да се напиеш голтка вино.
    Досега доаѓал на сите прегледи со мене кај матичната, на клиника не го носам со мене, тој ме носи до врата и си оди. Таму ми е незгодно од другите, има жени во спаваќи пред пораѓај, полуоблечени, и уште туѓ маж им фали. Ама затоа ме чека да му покажам слики.

    Кога моравме итно на клиника, му се јавив, се појави за помалку од 2 минути, не знам како возел. Ме однесе, ме остави пред врата и рече, оди, ќе паркирам и доаѓам. По неколку минути сетив како некој лута со мене по ходниците и се завртев, тој до мене блед, ме фаќа за рака и ме внесува кај што треба. Мислам дека во тој момент се заљубив по милионити пат во него. Знаев дека колку и да е страшно, го имам него и што и да се случи, ќе има кога да ме гушне и охрабри. Тогаш бев најсилната жена на светот, качена на столот, исплашена за бебето и среќна што го имам вистинскиот маж до мене, кој ќе ме сака без разлика на се. Среќа се беше добро на крај. Но чувството кое го добив тогаш на безрезевна поддршка, на силата која ја имав поради него, на љубовта која тогаш ја почувствував, направија засекогаш да не се плашам, го имам него.

    По дома, уште си раскревам кога не ме гледа, иначе се е - остави тоа, јас ке средам, ама јас не сакам да лежам. Правосмукалката и носењето алишта за спружување се исклучиво негови, друго се можам сама. Смешно е кога ќе рече, јас ќе извадам јадење од шпорет, тешко е :) Демек потешко е од тоа кое сум го ставила јас :)

    Не можам да се пожалам, скоро сигурна сум дека ќе биде ист и како татко, совршен. Ќе поправа онаму каде јас ќе немам сила.
     
    На Makedonka007, IronLady, Sweetheart87 и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Ninichka

    Ninichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.125
    Пол:
    Женски
    Prekrasno, srekna zena! Bidete sekogas takvi!
     
    На Cka и girl-miri им се допаѓа ова.
  14. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    73.055
    Пол:
    Женски
    Mm e ist kako i pred bremenosva mi pomaga ..za decinata za perejne za diplejne alista za pazarejne za kuvajne za vagani miejne za pod brisejne ne gledam nikakva promena :) samo ako me primeti deka nesto me boli odma me prasuva dane trebalo nesto.. pa po nekogas me nervira taa reakcia od nego |(.. si pomisluvam cuti covece ce mi pomini ne mi stvaraj panika:|inace dosega 2 pati ne bil so mene na kontrola posto nemozese da zemi slobodno od rab..info preku tel obavezno inace znam deka ce se podnaluti:D a i da si kazam poslednive 4-5 nedeli pocna i malata da ja kapi demek da ne ja krevam jas dane si napravam belja .. merak mi e da gi gledam i dvajcata kako se raspravat stoj zastani:D:D
     
    Последна измена: 20 декември 2015
    На Mariangel, tincemajmunce, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    64.925
    Пол:
    Женски
    Mojot e od onie mazi za oskar sto se :D Od koga ostanav bremena, pokraj mene pomos sekogas, vreden, sekogas doma pokraj mene i koga bev trudna i so bebus :) Koga treba da se seta ili go viknale drugarite mislam nemoze bez mene da iskoci, me molese pred nekoj den i jas da odam, a jas go molev da iskoci sam da se podruzi malku, da zeme vozduh malku od mene i bebus :D Iskoci, se vrati za 2 casa i kako da ne ne videl 100 godini ne guska, si se sakame site 3ca na spalnata, se smeeme i se guskame :inlove: Ljubov mi se, da gi smislev sama nemase volku sovrseni da si gi napravam :inlove: Trudna koga bev sekako imav 2,3 pati ludi muzicki zelbi sto se vika i nikogas ne rekol ne :D me pazese mi cedese sokovi, jadenje mi pravese (ova koga mi bese loso), bolna koga bev vo 8mi zema slobodni denovi od rabota i me cuvase, me masirase, cajcinja, inhalacii :D na site pregledi bese so mene, nikogas ne sum bila so drug ili sama.. :) So vakvo maze moze i kje se odlucam za vtoro bebe za brzo, on saka mala razlika, mene malku strav me fakja... :D a mnogu sme mladicki, a sakame 3 decinja najmalce hihihi
     
    На Sweetheart87, Mariangel, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    Презадоволна сум од мм воопшто, а особено каков беше во бременоста. Од првиот миг е вклучен во се, тој го купи тестот за бременост и ме натера да го направам, секој преглед беше со мене, секоја контрола, анализа се заедно, земаше слободни денови, менуваше смени битно наоѓаше време. На пороѓај не ме остави ни секунда, ме држеше за рака и храбреше, храна која ми пречеше и он престана да ја јаде :D за буквално се беше со мене и еве сега пак почнавме со контроли со мене е секогаш. Она што особено ми се допадна кај него е тоа што ме пази, мази и чува, но не ме прави да се чувствувам болна и неспособна, домашните активности се мои, колку можам толку другото утре, да му помогнам со кесите од продавница, да донесам пакет со вода, сега бебето сакала нејќела морам да го кревам, носам и убаво ми е вака отколку да трча по мене и да не ми дава потешко од лажица да кренам.
     
    На Mariangel, joy1 и mariz им се допаѓа ова.
  17. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    Premnogu se grizi,mn mi pomaga,doaga na site kontroli,za nekoi domasni zenski rab jas ne mu dozvoluvam dotolku bog da cuva nesum bolna,no za ostanatoto imam golema pomos i podrska od nego sto navistina mi znaci
     
  18. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    6.623
    Пол:
    Женски
    Mojot od soprug e od neodamna, no so ogled na toa deka godina I polovina zuveevme zaedno, mi pomagase I togas. Sega od koga dizna deka sum bremena, malku bevme iznenadeni I dvajcata deka za kratko da ne recam od prva se fati, I pogotovo od koga prokrvarev I toa ne ednas tri-cetiri pati postojano e okolu mene, mislam koda e vo moznost, on raboti se has samo lezam od masata do krevetot I toaletot.
    Sega pa sum I na boleduvanje I se mi e zabraneto od negova strana so e povrzano so rabota duri aki neato sum potfatila me kara. Na site pregledi e so mene, znae sto pijam, sto koristam duri on otide da mi kupi krema za strii. Epten e pritresen okolu mene I bebusot.
    So ogled na toa sto e doktor, jas ne bi trgnala bez nego na bilo kakov pregled.
    Milion pati fala mu na Gospod sto imam takov soprug.
    Se nadevam I od koga ke ni se rodi bebuskata ke mi pomaga.
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.457
    Nashata ljubov samo se potvrdi ushte tolku otkako sum bremena. Go gledam i mu se chudam. Znaeshe nekad i prethodno doma da izriba sve, da sredi i da me docheka so ruchek. No nekako ko da go fati zimsi son mesec dena pred da zabremenam. I naednash, presvrt!!! Otkako gi vide dvete crtki jas chasha ne izmiv, dzoger ne zemav vo raka, ruchek 2 pati dali sum napravila. A sekoj vtor den e izdzogirano. Sekoj den e se izmieno. I ima vr i nekolku pati da go machka meshko so pavlovicheva. I pazi da ne se liznam dur se banjam. Na lekar nie ideme sigurno 1 nedelno za progesteron i ushte 1 za pregled. Propushtil samo 1 progesteron zoshto go primam nautro a toj beshe prva. Ne sakam nikogash da zaboravam shto se pravi za mene. Kako sripa koga se pojavi sokrvica vo 5+3. Kakov krech beshe do Remedika i kolku ne moze da se vozdrzi koga doktorot kje reche se e ok i pred nego me gushka bacuva zoshto ne dodrzuva da izleze. Kolku mu se tresea racete koga ja zema slikichkata od prvoto eho kade bebeto beshe veke nalik bebe. Kolku doma si placheshe od srekja. Se butna vo mene i si plache. Dragi moi, po sevo ova shto go kazav kolku i da me izvadil od takt nekad se mu e prosteno. Prekrasen e i gorda sum shto mi e maz.
     
    На femina90, Asiana, tincemajmunce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.132
    Пол:
    Женски
    Маж ми многу ми помагаше и во двете бремености. Не доаѓаше на сите прегледи, ама се интересираше за секоја промена што ќе ми ја кажеше докторката. Потешките домашни работи он ги завршуваше. Греота е да се жалам.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.