Па во целата бременост мм беше толку посветен на мене и бебчето што се изненадив позитивно дека може толку да го интересира буквално се. Дури понекогаш повеќе од мене се грижеше. Ми беше голема подршка. Цело време внимаваше што јадам само сокови ми цедеше. Седеше секој ден и читаше по недели што прави бебушот и редовно доагаше со мене на контроли и докторот повеќе го прашуваше од мене. Домашните обврски тој претежно ги завршуваше во последните месеци и не ми даваше да дигнам ништо повеке од чаша.
И со првото и со второто беше многу отсатен о работата, ама со второво ми беше многу по посветен очигледно веќе факторот и улогата на татко ја имаше осетено.
И ние исто, сите прегледи ги закажуваме попладне или бар кога може да излезе од работа, само за да бидеме заедно. На клиника кога правев скрининг/приска не го пуштија со мене, бар ниту едно машко не влезе и тогаш баш беше зачуден. Да не зборувам па за домашни обврски. Се' си има преземено. Некогаш дури се прашувам со што го заслужив. Порано сум викала не сакам маж да ме гледа на пораѓај, сега викам како без него ќе одам?! Ама има време до тогаш.
И јас да го пофалам,да не беше тој до мене незнам дали ќе успеев психички да се справам со оваа бременост. За прегледи обавезно е со мене,сама неможам еден кров ми има паднато врз глава пред 1 година,затоа сега со мене е на секој преглед. Домашни активности буквално се освен ручек,он ми е десна рака сега за сега. И покрај напорната работа што ја има гледа да не ми недостига ништо , од ред во стан до внимание посветено лично на мене. Се надевам дека и по рајѓањето ќе остане ист да ми помага.
На почетокот од бременоста имав неколку тешки недели секој трет ден преглед и само лежев.Паднав многу психички. Секој ден после работа со саати ми збореше,ме мотивираше и искрено како што моите се во друг град,без него тешко дека ќе го поминев тоа. Секој ден е на работа,а по дома после работи се. На прегледи е секогаш со мене,и во вакви моменти само ме потсетува зошто го сакам,иако сум лоша кон него понекогаш,али хормони су чудо.Барем ме трпи Мислам дека ќе биде топ татко,дај боже да е се како што треба.
За разлика од повеќето жени, на мене сопругот воопшто не ми помага. До сега,веќе влегувам во 7 ми месец, сама се справувам со бременоста. Сама си ги покривам сите трошоци за прегледи и испитувања, сама одам да пазарам намирници, скоро секој 3 ден одам во маркет и носам тешки кеси. Единствено што го замолив да ми купува флаширана вода, навистина цел пакет не можам да го носам и сега ми кажа дека многу пари давал за вода, па ми преостана уште и вода да си купувам, секој ден по 2 шишиња земам од 1,5 l. Откако ми го кажа тоа дека многу пари му бегале за водата, прекина да ми зборува, не комуницира воопшто со мене, сама се справувам и со домашните обврски, не сака ни ѓубрето да го фрли а живееме на втор спрат од куќа и се потешко ми е слегувањето и качувањето по скалите. После работа си доаѓа и спие 3 часа и после тоа седи на компјутер и игри си игра или гледа фудбал. Јас сум како некој дух, воопшто не ме погледнува, не ме прашал како си, никаква комуникација. Многи ми е тешко, паднав во голема депресија но некако издржувам само заради бебето што е на пат. Не знам дали има друг случај како мојот, дали постои ваков тип на сопруг, дали некоја жена поминува исто како и јас.
Многу ми е жал што низ ова поминуваш, бременоста и така по себе е премногу чувствителен период. Отсекогаш ли е таков? Сопруг ти е тој што се жалеше дека е чуден? Зошто не му кажеш дека мора да учествува во се и да помага, кога бебе ќе се роди уште повеќе ќе треба.
Да, тој што се жалев дека е чуден, тој ми е сопруг. Мислев работите се променија, дека тој се промени но изгледа човек никогаш не се менува. Татко му живее на првиот спрат и ме гледа секој пат кога доаѓам натоварена со торби од маркет и не ми помага да ми ги однесе работите до горе ни пак нешто му зборува на сопругов дека треба да почни да ми помага во тој дел. Изгледа цела фамилија се со недостаток на емпатија и чувство за одговорност. Направив погрешен избор и сега ќе си ги трпам последиците.
Колку време сте заедно? Жално е ова што го читам. Седни разговарај со него, ако не бива, не ти ни треба. Никогаш не сум за развод одма ама ова што го кажуваш е многу лошо. Вака испага дека си сама во се, тогаш зошто ти е, само за проблеми. Дете кога се роди уште повеќе подршка ќе ти треба. Имаш ли семејство каде да одиш?
За жал многу жени познавам како твојата приказна. Сите останале да го трпат тој нетретман од оној што го избрале да им биде сопатник. Им ја разбирам психологијата, но тоа се веќе сами жени во брак кои се плашат да бидат сами надвор од брак. А практично тие веќе учат како да бидат сами, само што имаат психолошка кочница навистина да се оделат од тој што ги третира со непочит. Мене ако ме прашуваш, ова ми е пресудно да раскрстам со некој. Не ми треба, кога веќе можам се сама. За што ми е? Прашај се и себе, дали имаш некаква придобивка од него освен што ти диши навечер до тебе во кревет. Тоа не е љубов, неговото ,,те сакам", нема значење. Љубовта се гледа во делата. А ова ти што го пишуваш воопшто не личи на љубов. Или превземи нешто уште сега, затоа што со бебе, ќе ти биде далеку потешко, или навистина размисли на опција да се разведеш. Верувај ми кога ќе ти кажам, години да трошиш на таков пример од сопруг, само уништување на себе ќе ти донесе. Прашањето е колку ти себе се сакаш?!
Мажот ти е едно големо говедо. Толку ќе ти кажам. Па и јас сум уште малку 7 месец, ме кара секој ден што кревам и дете од 2г и друго тешко. Не работам откако ми заврши породилното, скоро година и пол, мал беше за градинка, се договоривме да го чувам, немам и баш избор, во мал град сум, за само 1 смена, сега ќе сум и без породилно. Па никогаш нема направено проблем за пари. Како така, поделени сте со парите? Ти твои, он негови? Водата да ми ја префрла што ја купил? Толку и ќе ме виде, искрено. Не знам што трпеш. И со бебе кога ќе сте исто ќе се однесува, а тебе ќе ти е потешко оти мало бебе е одговорност. Да не очекува и тогаш ручек и се средено само од тебе кога ќе си некои ноќи и со 2 саата сон? Најлесно е разведи се, ама ако имаш поддршка од дома и твои финансии, не седи веќе таму. Или постави услов да се смене или кажи му не се враќаш. Јас не верувам дека ќе се смене, може така праве сама да си одеш, ако е манипулатор па ти да си крива за растурање на бракот. Не знам, ти си го знаеш најдобро. Ама, се на е на мој грб, да влечам товар, да ми префрла некој мочко за водата што ми ја купил... Па не носеш дете на комшијата.
Ако сега се буни за трошоците за шише вода, што мисли кои се трошоците со бебе. Па требало капки, вакви, такви. Па памперси, па алишта се смалиле, па не знам ти што. Ако треба и адаптирано млеко да се купува, е тоа се веќе трошоци. Не сум и јас за развод одма ама ова твоево ми е подобро разведена и сама да гледаш дете отколку во брак со ваков тип. Дали работиш? Имаш каде да одиш? Поддршка од родители? Дали е сопругот воопшто заинтересиран за нешто околу бебето? Да одберете количка, креветче, име и се останато заедно?
Работам да, сега сум на патолошка бременост но не сум во можност да се преселам на друго место, ни кај родетелите нема можност. Да можев тоа беше најдоброто решение. На почетокот беше заинтересиран да купиме креветче и останати работи што се потребни но сега после овој "голем трошок" за вода се замре. Не знам понатаму како ќе се одвиваат работите кога доаѓаат вистинските трошоци.
Разговарај со твоите, објасни им ја ситуацијата, ретко кој родител не би помогнал на своето дете. Макар само една соба да имаш кај нив секако ќе си повеќе чувана отколку маж ти што не се замара.
Маж ти е стока неваспитана. Ама не ме чуди пошто гледам свекор ти те гледа како се мачиш и не мрднува со прст. Најпаметно е да се тргнеш од такви стоки и да си продолжиш сама, секако се сама си завршуваш, немаш никаква помош од мажот ти, исто како со дух да живееш, не гледам разлика дали си со него или не си! Мојот бе шише од 1,5L не ми дава да кренам, не па да се натоварам да се мачам. Ова се вика, пазете на кој раѓате деца, не е секој родител што го створил детето.
Зошто не можеш кај родителите? Како што ти пишале, нема родител кој нема да помогне на свое дете со проблеми. Всушност, има, ама ретко. Не знам какви се твоите. Ако се секираат што ќе кажат другите, тогаш имаш проблем. Ама, на мажот ти не е проблем водата. Изговор е само тоа. Човекот или не те сака, се оженил оти му дошло времето можеби или го натерале или си има тешки психички проблеми. Вакво однесување кон жена па и бремена не е нормално. Ова е веќе измачување. Мораш да бараш спас, кога ќе дојде детето ќе е потешко, сега сите обврски на тебе, а тогаш бебе. Трошоци, пелени, витамини, млеко можеби, алишта... Не само тоа, помош околу него за бањање, чување, поддршка... Ако си игра игри пак и си спие, тешко тебе.