Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    97.054
    И сите мажи се недомаќини?
    Мажите не плачат?
    Што е толку тешко да сфатиш дека и да му дробеле на некој како дете, истиот тој како возрасна, самосвесна личност може да одбере што ќе прифати, а што отфрли од сето тоа?

    Дали мајките на синовите како деца им викаат пиј сине, биди пијаница?
    Не. Нема пијаници во светот?


    Не ли им велат родителите на своите деца, без разлика на пол, учете, завршете школо?
    Од каде тогаш деца со по еден куп единици и непсмени?
     
    На Harper, Chantal, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Полека.
    Може ќе бидат домаќини и ќе плачат, иако ги учеле од дома обратно.
    Ама да видиме, што можеме ние како мајки да направиме, за да не мора да се 'преучуваат' отпосле.
     
    На Purplelilac, andrejko82 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    97.054
    Никој не се ПРЕУЧУВА. Едноставно, животот те води и учи.
    Кога е за подобро, ќе се преучам и на 50г без проблем.
    Ти не???
     
    На friendy и referentka им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Да... ама убаво ќе беше да не мора да се преучувам за основни работи, како родова еднаквост.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.926
    Пол:
    Женски

    Уште многу фурни леб имаме да јадеме за тоа. Пошто некои мислат дека родова еднаквост се постигнала со тоа што ние жените добивме право на глас. А сè уште сме потценети, само затоа што сме жени.
     
    На Purplelilac, WildMk, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.445
    Може затоа и фустани не носат. Оти мајките на панталони ги ограничиле.
    Се може.
     
    На WildMk и Emy867 им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    97.054
    Во убав правец оди изедначувањето на родовите на денешницата. Со оглед на тоа како било, а како е сега... Е сега, не носат мажите фустани, јбг.

    Ако не поддржувам исфеминизирани мажи, уште милион пати по толку поддржувам мажи кои се прават по дома.
     
    На Biljarkata, Sesil и referentka им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.126
    Пол:
    Женски
    Ако не па, на ништо да не ги учиме, на никакви вредности, све сами и така ќе си научат.
    Како не го знаев ова порано, се мачам дете да воспитувам.
     
    На Purplelilac и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    97.054
    Воспитување е широк поим, не знам што се возбудуваш.

    Ако сте толку прогресивни, ајде за целосно изедначување смислете начин како и мажите да добиваат, да дојат.
    Да бидеме еднакви во СЕ, во буквална смисла на зборот.
    А?
    Вака, без ова, за каква еднаквост збориме???
     
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Сите тука подржувате мажи во фустани, а никој не рече дека применува.
    Сите сме јаки на форум и знаеме како да се направиме модерни и паметни ама во реалноста први ќе бидете што ќе превртите очи или очите нема да ги тргнете ако видите маж во фустан на улица.

    Од време е поделено машки и женски работи поради тоа што жената и не смее да извршува тешки физички работи (како на пример дигање на тешки предмети). Знам случаеви кога им се спушта матката поради тоа што преместувале дома плакари или слично.
    Исто имам еден куп примери каде што имаат изгубено бебе поради тоа што кревале тешко и работеле физички работи.

    На жената и е створена матка за да раѓа, ќе зборуваме за еднаквост кога и мажите ќе имаат матки, ќе износуваат, ќе раѓаат и дојат деца.
    Точка.
     
    На drugarka, Bratot, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Наместо да се бориме за мажите да носат миничи, треба да се бориме за функционална облека. Таква што ја врши намената за која ни е потребна и е удобна, а не тесни миничи и штикли 12ка.
    Фустани се закон, посебно некои лесни и летни. Не знам машко кое не би сакало да се излуфтира на најголемите жештини. Ама машко е, не смее. :D
    Облека ваква, облека онаква. Сосема друга тема. На крај краева, сосема е беспотребно да имаме 10 пара панталони и 30 кошули шиени од ЖЕНИ во Азија кои буквално живеат како робови. Колку и да се правиме дека сме нешто кој знае колку свесни за родови стереотипи и не поддржуваме свет во кој жените се нерамноправни, сѐ паѓа во вода кога ќе купиме 10 кошули чија изработка чинела помалку од долар, само затоа што ни се допаднале. Сосема друга тема, ама кога се фативме и за модата. Една од најголемите и најексплоатирачките индустрии е. А што би ни фалело во унисекс гардероба?
     
    На WildMk, Biljarkata, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    1. Само во Македонија домашна работа е наречена ЖЕНСКА работа.

    2. Не можам да сфатам како можете да бидете толку зависни од маж.

    Што да речат тие што не се во брак или се вдовици? Да плачат зошто немаат маж да им го помести плакарот или да пробаат дали можат? Демек СЕКОЈ маж е силен физички?

    Што да речат жените на рабоно место што креваат големи товари?

    И јас мислев дека не можам ни едно шише сама да отворам, се до моментот кога требаше да живеам сама некој период. Тогаш сама поместутвав и кревети и плакари за да чистам прашина, и готвев, и перев, и чистев. Носев шишиња со вода од продавнциа 8 кг + други намирници. Отворав сама шишиња, тегли, тепав пајаци...

    Воопшто не осетив потреба дека ми треба машко до мене за некаква обврска.


    Баба ми е останата вдовица многу млада, па сама ЖЕНА со мајсторите правела куќа.
    Малтерисувала, мешала малтер, раководела со алати.
    Цел живот сама цепи дрва, школува деца, им правела свадби, пешки одела секој ден по 6-7 км на работа.
    Нема машки или женски работи за неа...Се САМА правела и пак е најголема дама што ја познавам.

    Исто и повозрасен маж вдовец, сами си живее. Пере, пегла, си готви, чисти, цепи...Се сам прави.

    Ни цепење дрва ја прават жената помалку жена, ни пеглањето го прави мажот помалку маж.
    Се е до нашите глави.
    Жално е што уште од мали на девојчињата им наметнувате да се заминаваат со ЖЕНСКИ работи (играчки пегли, шпорети, кујни), а машките се послободни...Еве ти топка и играј, уживај, шетај, а во иднина жена ти ќе ти готви...Затоа постојат женските.
     
    На Purplelilac, smooch, ivi1987 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.126
    Пол:
    Женски
    Така е, зашто не добиваат, раѓаат деца и дојат ние како жени да се вратиме назад, да се откажеме од правата и да си ја исполнуваме биолошката судбина.
    Нема потреба да одиме напред и да сакаме да си го подобриме статусот, и покрај тоа што ни е биолошки доделено. Ќерките од малечки ќе ги тераме по дома да работат, а на машките ќе им викаме, немој сине, тоа е женска работа.
     
    На Purplelilac, WildMk, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.445
    Да се раѓа е избор кој е достапен само на женските. Да се работи низ куќа е исто избор, на двата пола.
    Не е исто, не ни може да се стави како некоја паралела во иста реченица.
     
    На An-na, JuLleE, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Ама не ми е јасно...кој тоа од нас го бара ???
    Зошто на сила жртви се правиме ??
    Колку што гледам има и жени кои и билошката ,,задача,, да родат ја отфрлаат, си тераат кариера.

    Ни со ова не се согласувам.
    Не верувам дека постои мајка која ќерката си ја тера да работи по дома уште од малечка...и која синот не го кара ако позади себе остава расфрлано.
    Сепак, не живееме во 19 век.
     
    На oblace1, Chantal, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.126
    Пол:
    Женски
    Точно, избор е на двата пола, а ако мажот одбере да не го прави, жената мора да го прави. Можеби и не е баш избор некогаш, хм?
     
    На Purplelilac, WildMk, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    97.054
    Каде прочита ти во моите постови дека јас се залагам за вакво нешто???
    Каде?
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.445
    Оти мора?
    Ехе хе, колку се ранат по ресторани или си плаќаат дома да им чистат.
     
    На JuLleE, ocicka2014 и Emy867 им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    97.054
    Туку, јас да ве прашам сите вас напредни, оти не отидете на некоја повеќекатница, да се обесите на скелињата и да градите?
    Работа за градежници секогаш има. Што се чека?
    Да видиме и тоа како изгледа...
    Оти вие можете и против природата и биологијата, нели.
     
    На drugarka, Chantal, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    На син ми омилена играчка моментално му е количка за бебе. Пред некое време го учев како да повитка кукла и да ја нишка демек да ја успие :rofl: киндер по навика зимам плаво јер омилена ми е таа боја а не дека ако е розево ќе го вратам таман работа. Не сметам дека улогите во животот или пак боите ќе влијаат на неговата сексуална определба или пак дека ќе смени нешто кај него тоа што ете нишка кукла. Ако така гледаме маж ми што е што го чува по цел ден!?
     
    На Purplelilac, WildMk, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.