Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Сега ќе речат ама што има лошо во тоа, ама ете не ме влече не сакам.
    Исто како Вајлд нема ништо против да е маж и во фустан ама он несакал.

    Епа ај ако не детево и да не сака кујна јас да му купам зорле ако нема да ја погледне. Ама морам да го научам домаќин да биде.

    Ми е чудно само како порано маж ми си играл со алати, песок и колички, а знае да готви да усисува, да брише прашина, да мие садови, да чува деца... Е сега не знае да сука, ама не знам ни јас (шејм од ми) :rofl:
     
    На oblace1 и Emy867 им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.181
    Допаѓања:
    169.601
    Тоа од порано било така
    Женските дома машкикте на нива и стрикно се знаело шо е машка шо женска обврска
    Помина времето на тоа
    Јас имам и машко и женско дете
    Како ги воспитувам?
    Ги воспитувам дека нема машка -женска работа сите работиме подеднакво
    Еден мине со правосмукалка ,друг прашина небитно машкото или женското
    Еден фрла ѓубре друг става кесе во корпата
    Еден оде на маркет друг ми помага мене низ дома
    Углавном знаат да сметат избришат да измијат садови да сфарат кафе да разредат алишта за перење и за закачување да ги поделат сето ов ана возраст од некои 12/16 години

    Погрешно е да се учат дека домашната работа е на женското а машкото е должно да донесе пари
    Јас како жена знам да сменам осигурач да кревам кревети елементи да заштрафам нешто и да работам дома со мајстори барабар моментално реновирајки го вц-то
    така да родители учете си ги децата уште од мали нозе да створат рабона навика да знаат да се грижат за себе
     
    На Purplelilac, WildMk, Chantal и 6 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Апсолутно постојат машки и женски велосипеди, не само во поглед на корпата одпозади.
    Баш пред некое време гледав, кај гумите што се, имаат пластичен поклоп да не се гледаат гумите и бандажот.
    Поклопите беа со принтови, нели да биде што поинтересно за детското око.
    Машките точоци на една страна, женските на друга. На машките принтови, имаше насликано исклучиво моќници, суперхерои, бетмени и компанија, буквално се што представува моќ, доминација и сила.
    Кај женските...well.. принцези. Кревки, нежни, немоќни, кои повеќето според истоимените приказни, чекаат да ги спаси маж и ги спасува, хепи енд нели. Можеби и некој од насликаните од кај машките.

    Сето тоа се присвојува од мали нозе и се смета за исправно, пошто така вика родителот и така вика продавачот. Нормално дека тоа машко дете ќе порасне со мисла дека мора да е доминантен еден ден, пошто така му следува по дифолт со фактот што е машко. Женското од друга страна, ќе живее со мисла, дека не може се сама во овој живот, дека е некомплетна без заштитник до нејзина страна, кој треба да ја чува.
    Не знам како луѓето не ја гледаат пошироката слика..
     
    На Purplelilac, smooch, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    174.743
    Пол:
    Женски
    А зошто одма се претпоставува дека корпата на точакот е за кукла?
    Може е за камионче. Може е за авионче па и машкото дете да се учи на одговорност.
    Одма се нешто се наметнува на жената... се нешто жената трпи... се нешто само на жената се префрла одговорност... :?: Битно жената одма дефинира за што е, и се стаи себе жртва.
    Знаете, компаниите што ги произвеле точакот и киндерот ама ич не ги засега каква порака ќе пратат? Оти нив поише им е како да искомерцијализираат нешто и да имаат поголема добивка, и освен добивката нив друго не ги занима. Ние тука може да се праиме жртви и да си наметнуваме сами на себе правила.
    Пораката до децата првично доаѓа од родителите.

    И сега овде се дискутира како се на жената е, ете имате деца, воспитувајте ги правилно.

    На сите нас овде не ни сметаат мажи со халинчиња таму некаде подалеку, ама за себе сме избрале мажи и дечковци со костумчиња и ќе матиме муда за бубрези на другите што е правилно.

    Не ми смета маж со халинче. Ама нема да купам специјално халинче за син ми само за да докажам некоја поента, па дури ни за дома, како што всушност ниедна овде тоа не го напраила и нема да го напраи. Кога ќе биде доволно возрасен, ако избере да носи халинчиња, нека. Дека ќе бидам среќна и ќе давам курбан за неговиот избор, нема, како и никоја друга овде. Ама ќе поддржам оти среќата негова ќе ми биде на прво место.

    Ама исто нема да бидам среќна ако син ми не знае и не е способен сам да се грижи за себе и за било кој друг. Сам да се испере, испегла и да си зготви. И не, не ми треба специјална кујна и пегла играчка за да се научи на одговорност. Ни за девојче ни за машко.

    Зарем сите машки шефови на кујни си играле кујна дома со мама од 3 години? Или сите педијатри мажи си играле со бебиња? Или сите транс носеле халинчиња од 0+? |(

    И не. Не мислам дека стоиме 30 години во место. Нашите баби биле поинаку воспитувани и ретко која има повеќе од 4то одд образование. Нашите мајки сите се со средно, и 50% +/- факултет. Ние сме поинаку воспитувани, и ние поинаку воспитуваме деца. Генерално, секако, во секој дел има исклучоци.
    И не, не значи ниту дека ако тераме некакви прогресивни идеи, и само во име на прогресивност дека истите се секогаш најдобри.
     
    На Harper, Hellobeautiful, oblace1 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.503
    Мајка ти требала да ти го дава сукалото да си играш:!:.

    Абе и јас немам ништо против градежништво, ама дење ноќе би готвела, само на скеле да не ме качат.
    Исто и останатите, верувам.
     
    На oblace1 и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Пораката дефинитвно доаѓа од компаниите.
    Како ќе продадат два велосипеди ако ти имаш машко и женско дете, а нема разлика помеѓу машките и женските велосипеди. Одма едниот ќе наследи од другиот.
    Исто и за облеката. Посебно за бебиња, никогаш во минатото немало строго машка и строго женска ни боја ни гардероба. Идентични биле. Комерцијализацијата била со цел да се продаде повеќе
     
    На WildMk, Annath и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    174.743
    Пол:
    Женски
    Ама производствен сектор секогаш ќе се труди да искомерцијализира за поголема добивка.
    Пак на крајот на денот одлуката е на родителот и на детето што ќе се купи. Дали јас како родител ќе ги подучам децата ова е машко а ова женско или ќе ги научам да не праат разлика во велосипедите оти нема, е мое. Целата поента ми е дека без разлика на се, најголемото влијание врз децата доаѓа од самиот родител, од правењето разлика па се до дискриминација.



    Иначе, памтам порано, кога купувавме велосипеди имаше разлика во седиштата. Знам дека јас не можев да го возам тој на брат ми оти моето седиште беше по приспособено за “мојот дел” таму.
    Сега не знам како е. Тоа беше многу одамна.
     
    На oblace1, JuLleE, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Не е корпа. Седиште е. Баш за бебе/кукла. :D
     
    На Independent Girl, cresa-jagoda и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.895
    Допаѓања:
    179.091
    Ние кога растевме постоеше зелено точаче со 3 тркала, и црвен и плав ваљда Пони точак. Непаметам да постоеше розова боја, може дека не сум можела да ја смислам од мала. Јас сум си играла со 2 кукли и едно шпоретче, брат ми со камиончиња. Денес брат ми знае да меси, јас незнам. Плус незнам столарски работи, или свилени ми се прстите за тој бизнис. Не мислам дека од дома ни наметнал некој стереотип, не мислам дека јас на мое дете наметнувам. Можеби општеството на некое подсвесно ниво ја обликува повеќе отколку јас, оти јас да се прашував, и таа немаше да знае за розево.
    Пишала во меѓувреме @DAngel ,боите и играчките се измислени за потрошувачкото општество, оти унисекс би значело помал профит. А не мислам дека играчките нешто им наметнуваат на децата, стварно не мислам дека ќе биде добра и грижлива мајка, затоа што го влечка куклето на точак. Или дека ќе биде автомеханичар затоа што има играчки со заштрафување и штрафцигери. Машко дете од другарка во игротека се забавува со суредување на играчките, моето женско со растурање.

    А за фустаните... сме се собрале хетеросексуални женски, нормално нема да ни бидат привлечни мажи во фустани:lol:.
    За другиов сегмент, децата на Шарлиз и слични... малку глава боли. Ај сега тригодишно дете за родов идентитет да одлучува:fubar:. Па и авион може да лета, зошто не(facepalm)

    PS.Моево ќере, шо дека со розов точак, со корпа, со седиште, со ѕвонче Хело Кити- најголем багабонт у маало е:D. Ништо не можам да ја научам, табиет е тоа.
     
    Последна измена: 21 мај 2019
    На Harper, Lianna Anna, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Ама па нема везе бе.. Што ако се продаваат такви. Јас не гледам зошто тоа е фрка..
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.895
    Допаѓања:
    179.091
    Да, седиште за кукла. Затоа што куклата во корпата не ја собира. Корпа+седиште= +20 евра:D
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    174.743
    Пол:
    Женски
    И така да е. Нека се купат и за машко дете, нека му се даде кукла и нека се учи и тоа на одговарност. :) Не мора одма строго да се настапува.

    Општеството секогаш ќе ни наметнува нешто за свои цели, ние секако се можеме да искористиме и преиначиме онака како што нас ни одговара. :)
     
    На oblace1, Lianna Anna, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Не ми е фрка ни мене. Јас го имам точачето купено. Само кажав какво е. Освен тоа, ете ќе го наследи син ми. :D

    Поделбата на играчките, ја правиме ние, родителите. Не е до играчките, колку што е до нас. Затоа и не гледам проблем.
     
    На oblace1, Chantal, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Децата немаат осет за род и родов идентитет. Родот и родовиот идентитет се градат како што ќе растат децата. Наше е да го научиме дека е во ред машко да носи "женска" облека и да си игра со "женски" играчки.
    Не одлучуваат децата на Шарлиз на три години дека се трансродови. Таа одлучува во нивно име. Ова е уште еден екстрем на другиот крај на спектарот кој е исто толку штетен и е на крај истата работа како она, да убедиш женско дека има "женски" работи.
    Исто толку штетно е да убедиш и машко дека сигурно се родил во погрешен пол затоа што сака "женски" работи.
    Неслучајно најмногу трансродови лица во Америка има во библискиот појас (таму кај што никако не е прифатливо детето да ти биде хомосексуалец) па полесно им е да прифатат дека е грешка на природата, се родил во погрешен пол, па уште пред пубертет да го стават на хормони за да го "исправат".
    Кај Шарлиз е иста ситуација како кај "машка" и "женска" работа мајките.
    Кај овие со библискиот појас е чиста хомофобија.
    3086656_0.jpg
     
    Последна измена: 21 мај 2019
    На Annath, Doozy, Independent Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Хахаха...а замисли ќерките нивни да треба да копаат дупки за бандери или да асфалтираат улици!?
    Како би изгледал светот кога и машките ќе почнат да прават надградба на нокти, да се лакирани, да одат со миничи на штикли од 12 см.
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Срамота!!!
    Кај му личи на маж да усисува, садови да мие и деца да чува, па тоа си е женска работа!
    Господе Боже веќе се е измешано, ни маж се знае ни жена се знае.
     
  17. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Луѓе сѐ на планетава земја е отидено у к**ац, па така не се расправајте за јајцата и бојата.
     
    На baba Rada и Spidy им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.360
    Допаѓања:
    13.336
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не постои саркастичен фонт, еве ќе си претпоставам дека ова ти е саркастично напишано (fingers)
     
  19. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.976
    Допаѓања:
    205.388
    Пол:
    Женски
    Машки деца имам.Никогаш не сум им наметнувала женски,машки играчки.Додека беа бебиња во неутрални бои ги облекував,не исклучиво плаво.Сега повеќе сакаат црно да носат,но носат и друѓи бои,црвена маица на пр им стои преубаво,со светли очи се.Не пројавиле желба за фустан па да размислувам за тоа.По дома знаат се,да забришат прашина и сл.Големиот живее сам па готви,чисти,пери и пегла.Треба ли од ова да се замислам за неговата ориентација,не.На крај краева ниту можи да се смени доколу е геј на пример,но поради тоа што се знае да прави дека е помалку маж од друѓите-не.Исто како и јас,еден куп машки работи работам и не се осеќам помалку жена.Колку и да не сакаме но поделби и во денешно време постојат,ограничување во облекување постои.Мора да си признаеме дека на училиште,на факс,па и на работа нема е прифатен маж кој би се појавил во фустан,налакиран налицкан.Не е тоа само овде туку и во поразвиени земји.
     
    На Purplelilac, WildMk и Mr. Right им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.157
    Допаѓања:
    125.015
    Пол:
    Женски
    Општеството е тврдоглаво и има во себе длабоко вкоренети сфаќања кои не се менуваат.
    Ова можат само мажи,она можат само жени...
    Бре...Како не... |(:rofl:
    Мажот не може да раѓа деца,ама може да ги чува.
    Жената не може да помери се сама,ама може да фарба,да кречи,да цепи дрва,да води држава....
    Облеката не го дефинира човекот,туку воспитувањето и работата.
     
    На WildMk, LejlaD и Animali им се допаѓа ова.