Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    А она најбитното, физичката, биолошката разлика, таа ја заборавате бре луѓе и не ми е јасно што толку ви боде очи, оти не ви е по мерак разликата меѓу женскиот и машкиот пол!?
    Свашта...старите велат дека, КОГА ЃАВОЛОТ НЕМА РАБОТА, СИ ГО ЧЕША ГАЗОТ
    ...така и вие што немате работа, ја чешате тастатурата.
     
    На Abeja, ocicka2014, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Влијае на тоа кој повеќе преферира да прави ручек, на кој му е поголем приоритет да прави ручек...Женките кај многу животински видови вклучувајќи го и човекот имаат поголем негувачки инстинкт од мажјаците.
    И многу е јасна причината за оваа еволутивна стратегија.
    Иако во последно време условите за живот на човекот се сменети, ваквите инстинкти се закопани длабоко во биологијата. Еволуцијата е многу бавна во однос на брзиот развој на технологијата...
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па да де, оти мама секогаш прави ручек, а тато како дембел само седне на масата, затоа и "биолошки" ќерката после ќе прави ручек на зетот.
    Правењето ручек не е негувачки инстинкт. И мажите би требало да ловат, па и купувањето во продавница послабо им иде.
    Според тебе и на мажот му треба негователка затоа што нема негувачки инстинкт. Знаеме од каде жената готви ручек - од тоа што не можеле да работат, па биле дома. Домашната работа ја работеле. Затоа и е изреката "Тато носи - мама меси". Во денешно време кај што носат и двајцата, апсолутно нема потреба жената да е само онаа што ќе "меси".
     
    На S.W.A.G, WildMk, Independent Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски

    Ти девојче кога ќе се омажиш, слободно седи ко дембел, додека мажот твој готви ручек...кој те држи!!!!
     
    На referentka и Emy867 им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    До пола темата ја прочитав и не ни можам поише, што сè не се изначитав од членки што иначе и за доста модерни ги сметам, очите за 3600 степени ги превртев и извежбав, значи страшно!
    Какви тупења, банализирања, идење у екстреми... ќе речеш од и за Канада или Скандинавија пишувате, каде што Џордан Питерсоновци мудруваат и просперираат ради екстреми - а не во една Македонија, каде што уште за машко дете заинтересирано за обичен балет или уметност се загрижуваат дека е обратно, се штрецнуваат ако чепне и се заинтересира за лак или шминка, додека женски заинтересирани за фудбал, карате или гејмање добиваат булинг како машкуданки и се грижат дали некому ќе му се допаднат со такви интереси во иднина.

    Па уште самоуверени повикуваат сите либерални да пробале со свој маж, па и дете, да ги нашминкаат и пуштат во јавност за некаков доказ, ко којзнае кој debunk да удриле со ова, а не знаете колку само смешно звучи... Што си мислите вие дека е сето тоа, симулација и социјален експеримент?
    Сè е до индивидуалност, поентата е да се почитува желбата и предиспозициите на личноста уште од дете, а не за докажување нешто да му се наметнуваат ствари од другиот пол како што вие си измислувате некои пародии тука. Да ги оставите како обични и невини љубопитни деца сами да се заинтересираат и да се заиграат со сè, секако освен ако е опасно и има штета по нивната безбедност.
    Што се однесува до биолошката разлика во физичка сила, памтам за еден близок пар средовечни луѓе и муабет дека жената се срами да викне некој на помош за дигање тежина додека и мажот е тука, оти би требало сам ко маж да може тоа (а ни двајцата не се некои физички силни). Шта речи?
    Нема инает тука, едноставно тој што може - прави, некогаш не можат ни двајца просечно активни луѓе, па фала Богу секакви услуги има сега и се вика помош.
    Финтата е да не се прави shaming на физички послаби машки заинтересирани од мали нозе за убавина и уметност како што на секој чекор се збори за војска, ниту на девојчиња што обожаваат некој спорт.

    Мило ми е што доста мајки се изјаснуваат дека на дело ги кршат овие стереотипи.
    А другиве - не, не сте ни woke, ни middle ground наспроти модерново лудо време, ни ништо такво длабоко. Натегањето дека не постои наметнување улоги на децата според пол, и дека нема притисок на девојчињата да бидат мајки како што се убедувавте во другата тема, и тоа кај нас на Балканов - ви е тешка небулоза.
    Sorry, not sorry.
     
    Последна измена: 21 мај 2019
    На elena.mak, WildMk, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Ти зборуваш за социјално стекнати улоги, а ги поврзуваш со биолошки карактеристики. Биологијата за која зборуваш, одредува дали е некој маж или жена. Пол, кој се добива со раѓањето. Комбинација од хромозоми, хормони, репродуктивни органи.

    Улогите за кои зборуваме на темава, го формираат родовиот идентитет и се дадени од она што едно општество го смета соодветно за еден маж или жена. Се учат во текот на животот на единката.

    Улогите варираат, затоа и не би рекла дека имаат биолошка основа. Наметнати се од средината.
     
    На Purplelilac, WildMk, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Што е толку трагично ако се штрецнам дека син ми сака да оди со лакирани нокти?
    Еве јас би се штрецнала, па што сакаш мисли си.
    Нема да го отсинам сигурно, ама дека ќе ми биде мило на душичката што син ми сака да се лакира и шминка НЕМА да ми биде. Не ми е срам да го кажам ова, не гледам зошто би ми било!

    И зошто вие кои сте многу длабоко навлезени во прогресивизмот на 21 век сметате дека сте во право, наспроти нас останатите кои некои работи ги земаме со резерва?
    Ако мене не ми е драго дека син ми сака да се лакира, а ти го тапшаш по рамо твојот, па да речеме еве и лак му купуваш во знак на поддршка на неговите избори, ти си помајка од мене или што? И по што заклучуваш дека ако ти си му купила лак на твојот, а јас не на мојот, ти си направила добро, а јас не?
    Индивидуално по твои убедувања или?
     
    На Harper, oblace1, drugarka и 9 други им се допаѓа ова.
  8. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Sex differences in rhesus monkey toy preferences parallel those of children

    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2583786/
     
  9. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Науката кажува спротивно. Врската меѓу биологијата и диференцијацијата на половите улоги се повеќе се разјаснува.

    А и статистиката исто така. Прочитај за
    NORDIC GENDER EQUALITY PARADOX
     
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Така мисли сега оти нема деца, но да знаеш само како ќе и се заврти умот и очите за 360 степени кога ќе стане мајка, така да остај ја нека се треска и мудрува!:D
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    И јас немам, ама се трудам да бидам реална за тоа што сакам да ми дојде на глава, а што не.

    Од многу гледање филмови и многу паѓање во несвест дека сме модерни и напред со времето создаваме деца дебилчиња и мекотелци. Само од тоа.
     
    На Harper, oblace1, m.i.g и 6 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.905
    Пол:
    Женски
    Нека има секакви играчки, то не е спорно.
    Нека има и типично машки и типично женски.
    Нека има и сини и розови.

    Проблемот е кога родителот ќе речи: "дај ми розово оти е женско" или "дај ми суперхерој оти е машко". И ако посегни машко дете по розева маичка со кукла е наеднаш лошо ради грешни стандарди во глава на просечен човек. Или не дај Боже женско да сака да игра со количе. Машко пак видел барбика, не-дај-БОЖЕ да фати, и одма светот се преврти и машкоста му се наруши.

    Родители, ваше е како ќе го растите своето дете, а пак промената почнува од дома.
     
    На Harper, elena.mak, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Дај душо објасни ми ја таа ПОТРЕБА ЗА ТАА промена, која е поентата, што се добива а што се губи!?
    Толку страни испишани а јас не гледам конкретна причина да на мојот син му го одземам митралезот а му тутнам барбика или пак на внучето му ставам менѓушки иако е машко и кога би ме прашувале луѓето што е, машко или женско да треба да им објаснувам како они се заостанати, нели!
    Глупости!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.905
    Пол:
    Женски
    Се добива можност секој да се искажи за што сака, без да биди тепан, малтретиран, исмеван, бркан ради то.
    Губат само тие кои им смета. Ја губат желбата да не е по нивно.
     
    Последна измена: 21 мај 2019
    На WildMk, Nausicaa, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е бесмислено и нема никаква причина за такво однесување од ниедна разумна мајка. Ете, самата ми рече што сакам да си мислам, и ти кажав. :)
    Не, туку од нормиве за кои зборите тука се создаваат нови и нови генерации bullies по школите што покажуваат со прст „педерчиња“ и „машкуданки“ и им го загорчуваат животот. Сум се изнагледала такви, па убаво знам.
     
    На WildMk, Rebecca_R, Independent Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав ништо, ниту кој тепа, ниту кој ќе малтретира.. Правите проблеми таму кај што нема...тогаш нека нема машка и женска соблекувална, сите сме исти, да не се разликуваме...:wasntme:
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.905
    Пол:
    Женски
    Fine with me.
    Ама на некој ќе му смета, и пак, то е океј.
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Булингот отсекогаш го имало и ќе го има, кога повеќе, кога помалку.
    Не е од нормите, туку повеќе од лигави дечиња кои уживаат да омаловажуваат други кога ќе ги почувствуваат послаби од себе. Тоа се дечиња воспитувани од мамички во стил- мама ти си најубав, најпаметен, ти се знаеш, убав на мама. Истиот таков/таква е семоќен/на и над другите се поставува автоматски.

    А што ќе кажеш кога истите такви покажуваат со прст и исмејуваат девојка која има побујни гради од останатите? Дали ние тука викаме дека жена не треба да има гради?
    Од каде пак произлегува овој тип на булинг? Од норми или лигавешлук кој го спомнав погоре?
     
    На Harper, oblace1 и eli25 им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Сега ќе биде модерно да се нема полови и улоги, така?
    Детето "само"да одлучи што сака да биде?
    Стварно мислите дека тоа ќе биде поради него самото или поради фантазиите на родителот?
    Еве едно детенце gender neutral експлоатирано од Л Г Б Т заедницата, 10 год и активист.

     
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Сега и модерната Меган ако го одгледува нејзиниот Арчи во тој стил како што се пишува по медиумите, до таму ќе е. Кога кралското дете може, сите ќе можат. Бивало, не бивало.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.