Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.896
    Имам син и како мал кога сакаше да му купам количка и бебе,му купив и се играше со неа додека му беше интересна.
    Фустани нема да му облечам сигурно,оти тоа не ми е облека за машко.
    Ако сака ќе му кажам дека машки не носат фустани,се знае како треба да изгледа машко,а како женско.
    Ќе го учам на тоа што ми е за мене нормално.
    Ми помага во кујна и кога постилам алишта.Кога бришам прашина брише и тој.
    Кога плаче нема да му кажам не плачи,оти машките не плачат.
    Работата во домот колку е за мене толку е и за маж ми.

    Оти ние ги воспитуваме децата и ги учиме на ред додека се мали.Ако сака да јаде 3 пати на ден чоколадо сигурно нема да му да му дозволам.
    Мое е да му дадам правец во животот,а дали ќе го прифати тоа што зборам кога ќе порасне е негово.
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Зборот експлоатирано е и повеќе од соодветен.
     
    На oblace1, ocicka2014, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Се оди до дебилни крајности.

    Полот е јасно дефиниран , и разликите меѓу половите , ај родот бил социјален конструкт па ај сега и полот и се маскирано со некакви слободи.
    Будалаштини.
     
    На oblace1, Petra777, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Имам син и никогаш не би го облекла во фустан. Не го лакирам, шминкам и кога јас тоа го правам му објаснувам дека тоа е за женски, тие се шминкаат за да бидат убави.
    Лично сметам дека фустаните се за женски.
    Го учам син ми да ги почитува женските, да не ги тепа, и ете тој никако не крева рака на нив, и во ситуации кога ќе го удрат или закачат.
    Го учам дека има и тој обврски, малку е мрзелив, ама тоа нема врска, битно е да знае дека и тој има обврски во домот. Нема кукли, кујна и слично, но знам момчиња кои имаа кујни и си играат со нив.
    Син ми сака коли, животни и суперхерои. Сака и фудбал, сам, без наметнување. Побара да оди на фудбал, знае некои работи кои јас, а ни татко му, му ги немаме покажано.
    Знае да каже дека куферите се тешки и тато треба да ги носи. И така е. Јас не планирам да кревам тешки работи, не сум принцеза, ама дрва не цепам, плакари не поместувам.
    На маж не би дала да пере, ама би дала да помогне. Поделба на обврски. Во фустан не би ме привлекол, и ете не сакам мажи со депелирани нозе.
    Сум за родова еднаквост во однос на положбата на жената во општеството, но тоа не вклучува дека јас ќе бидам градежник и ќе кревам плакари.
    Во однос на гејови, фустани и слични работи, не осудувам, али нема да ми биде сеедно син ми да е геј. Од дете никогаш не би се откажала, но нема да ми е мило да има дечко.
    Јас сум секогаш за семејство помеѓу маж и жена, преголемото форсирање и наметнување на либерални ставови доведоа до девијантни појави и губење на значењето на семејството.
     
    На Harper, Hellobeautiful, oblace1 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Родителите ги носат сите одлуки за едно мало дете. Почнувајќи од тоа дека носи тоа што има во плакарот и игра со тоа што има во шкафот за играчки.

    Оти им го скратуваат правото на машките деца да носат фустанче, да спијат во роза соба или да возат роза точаче?
    НАсловот на темата е : Улогите кои се наметнуваат на децата според полот.

    Дали тоа значи дека секој родител кој не купил барем еднаш сукња за синот му наметнал улога на синот дека мора да е маж?
    Дека мора да ги носи панталоните?

    Не знам дали сте свесни, но секој од нас наметнал ваква улога на своето дете. И не мора само надвор, од страв тепано да не се врати детето. Туку и дома, помеѓу четири зида.
     
    На Harper, S.W.A.G, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Мооореее ко ќе се р'снам во минич и опнам една 12-јска штикла,залижам во косата на назад,очи ќе им парам на мајсториците тие така разработени,запотени на +50/60 температура хмхм... (hollest) :emo: 8)
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Еј супер, фан на Џордан Питерсон.
    Слободно терај си така. Среќа моите деца нема да ми ги растеш, а твоите да се погрижиш да не ти се случајно помалку женствени или мажествени од што треба ;)
     
  8. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    А наметнувањето на "женственост"?
    Негувана кожа, долга коса, штикли, шминка.

    Баш пред некој ден членка прашуваше какви жени сакале мажите.

    Машките членови одма бомбардираа со одговори: "Женствени"

    Не е општество наопаку оти сега се "откри" дека розевата боја "можело" и маж да ја носи.

    Наопаку е оти се е по шаблон и рамка уште од пред праисторија :D Ако и за најмала ситница се измрда, одма е ненормално :D

    А што ни прави разлика? На никој ништо, пак сме си истите секој ден :D

    Нели, мажествени мажи и женствени жени ^_^
     
    На staycalm, Purplelilac, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Возрасна особа сама донесува одлуки. Сам ќе одличи на кој пол или кој изглед ``се пали``. Не можеш да му наметнеш.
    Ама на пример, шишањето на машките кратко, долга коса за девојчињата, е веќе одлука која ние ја носиме за нашите деца.
    Не дека нема исклучоци, има, ама ретки. Повеќето му наметнуваат на машкото дете да има кратка коса.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @danichap Кај возрасната личност е бетер, самата си наметнува како резултат на општеството. Рекламите, социјалниот круг, образовниот систем, работата, љубовниот живот, па дали некој ќе ја сака, па ако не е привлечна.

    Свесно или несвесно, повеќето се веќе во калапот, добар дел се потиснуваат да бидат во него, а ретки се оние кои живеат онака како што сакаат, па дури и со слобода за ориентацијата, поврзано ете со другата актуелна тема.
     
    На staycalm, Purplelilac, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Како средена жена можеме да поистоветиме со налакиран/нашминкан маж, на пример?
     
    На oblace1, Bratot и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Таман работа за тоа да грижам.
    И јас не зборувам за тоа дека некој треба да биде таков и таков во зависност од полот туку дека статистички најчесто е.
    А какви ќе бидат моите деца не знам и не мислам дека треба да влијаам на тоа. Еве јас на пример отстапувам од просечните женски особини.
     
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сонував да имам синче со црна коса и локнички. :inlove:
    Имаме едно комшиче доле, многу е убав, само велев: " леле Господе едно вакво црно со локни и доста ми е". :inlove:
    Сега за сега изгледа по малце почнува да му се "витка", се роди со многу коса. :D Рипам од среќа. :inlove: за жива глава нема да му ја шишам па макар и женско го правеле. ]:)
     
    На Harper, theowndemon, Independent Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Пробува да ти укаже дека тоа не се биолошки предодредени карактеристики, туку наметнати/стекнати.
    На еден куп машки деца им е интересно да си ги лакираат ноктите, но веднаш им се укажува дека лакирањето е за женски.
    Исто е со фустаните, нема биологија во носење фустани, туку едноставно општествениот шаблон е дека мажите не носат фустани.
    Па до пред еден век било незамисливо жена панталони да носи бре, реакциите биле исти како вашите сега, дека треба да се знае што е маж што жена.
     
    На smooch, staycalm, Purplelilac и 12 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски

    Точно така, цврсто стојам на ставот да се знае кој е мажот а кој е жената во куќата па и надвор од неа!!!
    Ништо нема да го промени, нити да ми ја смени таа НАМЕТНАТА улога како што велат.
     
    На Bratot и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мислиш дека сакам да ја сменам твојата улога во домот, или дека воопшто ми е битна, едноставно ви ја укажувам разликата меѓу биологија и социјален конструкт.
    А ти по дома прај си што сакаш, исто ко што си правам и јас.
     
    На staycalm, Purplelilac, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Е така де по дома сите можеме да правиме се што си сакаме.
    За надвор се знае како треба и како стојат работите,се друго е само бујна фантазија и ништо повеќе!
     
    На ocicka2014 и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    По трет пат, муабетот твој "по надвор се знае како треба да стојат работите" е социјален конструкт, а не биологија.

    И топло ти препорачувам да си најдеш тема во која би можел суштински да придонесеш, не само да билдаш мислења.
     
    На Purplelilac, Annath и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Не можам да кажам дека омилена боја ми е розева, ама носам розеви алишта (блузи, гаќи...) и убаво ми стои таа боја.
    Готвам, пеглам по потреба, перам, мијам садеви, џогирам, бришам. Следно нешто што сакам да научам е да месам тесто затоа што не сакам да зависам од никого. Фала богу имам две раце, сам ќе си направам.
    Не знам да поправам нешто по дома освен сијалица да сменам. Не ме бива за такви работи.
    Сакам и да ја бојадисам косава во бело, ама сега за сега немам м'да. Не заради тоа што ќе кажат другите, туку дали би ми стоело.
    И горд сум на себе што ова можам сам да го направам и не мислам дека сум помалку маШ од некој што се излежава само со нозете у вис!

    Фустан не би облекол. Или сукња. Ама килт би носел кога би имал прилика.
    Фустан на дете, машко, не би му облекол, а кога ќе порасне што сака нека носи. Децата можат со што сакаат да си играат освен со пушки и такви играчки кои асоцираат на насилство.
    Во врска дали моето дете утре ќе стане хомо, лезбејка, транс и што ли уште има, нема да ми биде сеедно. Не заради неговата или нејзината сексуална определба туку заради трулово ни општество. Нема да ме интересира со кој спијат, што праат со други луѓе. Мојата цел како родител ќе биде да од нив направам добри и чесни луѓе, а тоа што ќе бидат и со кого ќе спијат воопшто нема да ме интересира.
     
    На S.W.A.G, Purplelilac, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    8.651
    Пол:
    Женски
    Син ми нема да научи од играчките што е машка, а што женска работа туку од тоа што го гледа дома. Ако татко му доаѓа од работа и чека све са му се сервира, фрла чорапи кај стигне најверојатно и син ми тоа ќе го прави.
    Син ми има правосмукалка играчка и тука прочитав дека било женска играчка тоа. Како многу мал носел розеви пижамки (наследени) мислам намерно не би му купила розево. Знам дека дома ќе има пример за рамноправно делење на обврските во домот, а каков ќе биде натаму неможам да знам. Татко ми не знае јајце да спржи, ама брат му свашта готви па не е секогаш до воспитувањето и до желбите и интересите е.
    Дека ќе ми биде сеедно ако утре донесе дечко дома нема да ми е сеедно, но секако ќе го поддржам (бар мислам). Ако одлучи да биде кувар, педијатар, фризер или било што што некој го асоцира на женска професија би била пресреќна ако се пронашол во одредена професија.
     
    На staycalm, S.W.A.G, Annath и 9 други им се допаѓа ова.