Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Значи утврдивме дека сите наметнуваме и дека ситници од типот -го облеков синот во розева кошулка или -и купив на малата играчка камион, не се доволни да се удираме во гради дека им дозволуваме на децата да се развиваат комплетно по свои желби со давање на избор. Далеку сме од таа слободоумност ама пак не е срам ни да признаеме, си се знаеме кои сме и што сме, каде сме растени и со што сме опкружени па повеќе и да сакаме не бива.
    Срам е па да признаеш дека основни работи како грижа за себе, за семејството и околината -не знаеш или не сакаш оти тоа не е женска/машка работа и така планираш да воспитуваш дете. Плакари не преместувала, дрва не цепела, маж и не перел. Ок, ако сте си така договорени може едниот и со лажичка да го рани другиот, ваша работа, ама ве прави и двајцата полуспособни и зависни од друг. Не зборам ако имате доволно финансии да некој трет го работи тоа за вас. Во ваш личен круг не ме занима за да ве оговарам, ама ако почнат сите така какво општество се ствара? Прогрес е или се враќаме назад?
     
    На thinkerbell, ivi1987, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Аууу...сигурно на мајка ти розев балон и купиле коа си се родил.
     
  3. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Emy867 Објасниле после мене, па да не се повторувам.
    Твоето прашање ја докажува токму поентата што ја пишав како одговор на Даничап за калапите. :)
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.391
    Поделба на обврски според можности и здравствени причини.
    Да, не би цепела дрва. Што тоа ќе смени во општеството кажи ми?
    Поделбата на обврските дома е работа на членовите во тоа семејство и зависи од многу фактори.
    Поентата е дека секогаш ќе постојат женски и машки работи, а кој и колку ќе ги сработува е договор само меѓу нив.
     
    На oblace1 и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @JuLleE Миењето садови е машка или женска работа?
     
    На staycalm, Independent Girl, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.705
    Пол:
    Женски
    кај нас не е ни машка ни женска
    машината сама си ги мие :D
     
    На staycalm, Independent Girl, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    A,да ! Ми текна и на друг пример.
    Зошто секогаш сите мислат дека нешто се наметнува? Вистината случка која го "загрижи" маж ми.
    Внукот наш ја гледал мајка му како се шминка.
    Се случуваше да го најде со римел во рака. После сакаше креми да става, мислејќи дека тоа е пудра.
    Бараше и парфеми.
    На неговиот втор роденден, наместо во делот кај што играа машки, тој застана на некоја кујна и "пржеше" јајца. :D Маж ми го тргна, демек ова не е за машки, ајде во количка. Го пикнавме, неќеше дете. Си застана на шминкерница. :rofl:
    Му велам аман дете е, остави го, што знае дете од 2год? Зар мене некој ме тргал кога шутирав топка?
    Децата се како сунѓер. Се што гледаат, прават.
    Еве сега малиот има и сестра па си играат војници. :rofl:
    Не знам зошто толку трагично се сфаќа?!?
    Зар вие машки/женски, небитно, не ве облекувале во облека од постар брат или сестра?
    За сестра ми мислеле дека е машко, па до 3месеци беше облечена во сино. Денес таа и е омилена боја.
    Имам слушнато дека Боки13 мајка му цело време го облекувала во фустани. Тоа е веќе дискутабилно, проблем нема дететото, туку мајката. Е тоа е веќе наметнување.
    @JuLleE да бидам искрена, тањири, ручек, чистење-заборавив што е тоа. Скоро па еве цела година ретко нешто од ова да направам. Јас сум преокупирана со дете, маж помага тука. Него само му го давам да си поигра. Заедно го бањаме, знае да смени пелена и храни во мое присуство.
    Иначе да е здрав и жив свекор ми!
    Да не научел маж ми од него, не знам кај ќе теравме. Има период кога жената не е способна да ги врши "женските работи", зар да оставиме тањири да гнијат, гладни да седиме?
    И зошто да не цепиш дрва? Ако се најдеш во таква состојба, ќе мрзнеш?
    Ене ја баба (стално ја споменувам, реткост е), цепи дрва, 4 деца исчува па фала на Бога 80ка ја фаќа.
     
    Последна измена: 21 мај 2019
    На Independent Girl, Annath, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Оти кога воспитуваш дете ваљда го припремаш да е индивидуа сама за себе, не го припремаш директно за живот во заедница па мажот едно, жената друго, децата трето. Сам нема да живее некое време? Па и не секој ќе се мажи/жени, а и во брак доаѓа до разделби и слично и не дека е многу тешко некој да ги научи работиве што ги спомнавме, но зошто да се оставени да се учат "во случај да затреба"? Ако нема маж или жена околу него, кој?
     
    На smooch, dayla, lovestoneddd и 11 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.983
    Пол:
    Женски
    Снаа ми цепи дрва,брат ми чисти со метла и правосмукалка и тоа не ја прави неа помалку жена и него помалку маж.
     
    На staycalm, Independent Girl, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Унисекс работа. :rofl:
     
    На Petra777 и joy1 им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Татко ми секое утро ни вари кафе,а богами и попладне. :inlove:
    И чисти низ дома и помага на мајка ми.
     
    На Mr. Right, ane.bella и Petra777 им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    И јас ги вршам сите "женски" работи низ дома,уште за хаљина не сум се решил. Ваљда нема ништо по мој вкус:smirk:
     
    На staycalm, ivi1987, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Не е шаблон де ете имаш кловнови во циркус шо носат фустанчиња,а пантолоните што ги носат жените се (како модели) машки или женски!?
    Иии да пред векови луѓето оделе голи и боси, незамисливо било да носат нешто на нив.
    Препорака не е потребна бидејќи верувај и ти не придонесуваш воопшто со твоите контра ставови за се и сешто.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    А па и со твоиве мислења по темиве ептен суштински придонесуваш...или само сакаш да билдаш мислења и да се контраш?
     
    На Bitter-Sweet и Bratot им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.751
    Пол:
    Женски
    Турлитава ја направивме темава.
    Едни за едно зборат, други за друго.
    Интересен феномен .
    И покрај облекување во "обратните "бои и играчки кои се социолошки наметнати нели, повторно останува суштинската разлика помеѓу машкиот и женски пол кој пак го условува родот.
    Родовите улоги на времето не биле произволно наметнати туку биолошки, со тек на времето се промениле.
    Незнам дали ви е позната појавата на Вирџинија, феномен јавен во Ц Гора, Албанија во патријархални семејства каде доколку немало родено машко , најстарото девојче било "обликувано"како машко , тука е екстремна разликата , биолошка,полова, родова и психолошка.
     
    На Biljarkata и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да.

    По научни докази.
    Порекнување на личноста на луѓето, и нивните желби, потреби и преференции, предизвикува проблеми со ниска самодоверба, проблеми со доверба, чувство на изолација, потоа депресија, анксиозност, суицидалност.

    Се додека не е нешто што ја загрозува личната или туѓата безбедност, немаме право да интервенираме!

    Тоа е проблемот, што 'не гледаш' зошто би ти било... не срам, туку вина.
    Чувство на вина треба да чувствуваш, доколку на дете (а и возрасен), се обидуваш да им ускратиш, нешто што е дел од нивната личност.

    Прво, и основно, не можеш да 'сакаш' или 'не сакаш' нешто што е туѓа одлика. Треба само да го прифатиш.
    Второ, исто толку битно, нема да ти дојде 'тебе на глава' (не биди себична), нема да биде син ти геј(условно речено), за тебе инает да ти тера, туку оти тоа е тој.

    Како се гледаш себе си?
    Седни, размисли, кои се твоите карактеристики како личност, која е твојата сексуална преференција, кои се твоите желби, потреби?


    Е сега, замисли, некој да ти оспорува или да се обиде да ти го 'избрише' (што е физички невозможно), некој аспект од твојата личност.


    Само размисли... Иако нема да го смениш оригиналниот став... само размисли.. која си ТИ, и дали сакаш да бидеш ТИ, или ти е во ред, друг да одлучи за тоа, која треба да бидеш?
     
    Последна измена: 22 мај 2019
    На S.W.A.G, Rebecca_R, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.391
    И машка и женска. Никој не зборува дека маж не треба да мие садови или да усисува.
    Да се надоврзам. Учам дете дека има обврски во домот. Ќе учам и садови да мие, и да готви, и да усисува. Ќе учам и дрва да средува, и да ќе нагласам дека потешките работи се машка работа и една жена не треба да ги извршува.
    Не може јас да кревам плакари и за да зезнам кичма, матка и слично за да докажам дека сме еднакви. Има други начини кои ме прават рамноправна со мажот.
    И мајка ми цепеше дрва, се сама работеше и ете ја сега истрошена на свои 40 и кусур години.
    Баба ми еден инает е дека она се сама може, креваше тешко, сите физички машки работи ги работеше и заврши со извадена матка од што не внимаваше.
    Зошто?
    На други теми ќе распалете ако некоја жена пише дека цепе дрва, а овде демек нормално е.
    Има работи кои природно му доаѓа маж да ги врши.
    Се останато е во договор меѓу партнерите, кој и што да работи.

    Полека се освестуваме дека обврските во домот се делат, па верувам и дека ние како родители ги учиме своите машки деца дека и тие имаат обврски дома.

    И на крај да ве прашам, што има лошо во тоа една жена да е домаќинка и да се грижи за домот? Што всушност вие подразбирате под тоа?
    Жена затворена дома која само готви и чисти ли? Знаете таа може да биде баш спротивно - недомаќинка.
     
    На oblace1, Cosmi, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Со коментариве малку ја утнавте темата, па според она што го прочитав само ќе кажам дека претерано е толку да ги изедначувате машките и женските. Разлики постојат, барем биолошки, и не се за занемарување.
    Е сега, ова со улогиве. На дечињата не им смета ништо од ова, тие само сакаат да си играат. На децата треба внимание да им обрнат родителите подоцна, кога веќе ќе бидат доволно големи да разбираат и да размислуваат. Вие се буните зошто машкото да не мрда од каучот и да биде и тој домаќин. Ова се учи уствари во семејството. Општеството дека наметнува, не викам не, ама за да едно машко прерасне во тип кој чека жената да му биде слуга, таков станува само и само ако мајка му го третира на тој начин. Имам бројни примери за ова: Другари (ова во средно сме го зборувале) дошле до тој степен да мајка им дури им ги средува алиштата во плакар и не знаат што каде е за сами да си изберат што да облечат, мора мама да ја бараат. За облекување мама ја бараат, за јадење мама ја бараат, имаше случај каде еден не сакаше да јаде иако бил гладен, ќе чекал мајка му да дошла да му направи нешто. За сѐ, мама, мама, мама. Вечно зависни од мама. Ете тоа е проблемот. Ова и за женски важи, сѐ мајка им прави дома и тие не научиле да готват, не научиле да пеглаат и слично. На сите прв пример им се оние во семејството, она што во негови рамки го гледаат. Воспитајте вие деца правилно, а општеството секогаш нешто наметнувало и ќе наметнува.
     
    На S.W.A.G, WildMk, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Дали сте знаеле дека „плаво = момче, розово = девојче“ е релативно нов концепт, од почетокот на 20-иот век? Поделбата за првпат се јавува во 1918 година, во памфлетите на една стоковна куќа во САД и вели дека розовите алишта се наменети за машки деца, а сините за женски, затоа што „pink is a more decided and stronger color… more suitable for a boy; while blue, which is more delicate and dainty is prettier for the girl.“ Работите се смениле во ’40-ите, кога маркетинг гуруата на САД конечно одлучиле дека обратното е посоодветно и почнале розовите алишта да ги рекламираат како женски, а плавите како машки. И, по некоја случајност (и затоа што не се јавил некој нов адвертајзинг гение да проба да го смени), останала до ден-денес.

    [​IMG]

    Се прашувате кое е ова убаво девојченце?

    Тоа е Френлин Делано Рузвелт, сликан како дете во 1884 год. Зошто побогу носи фустанче? Затоа што тогаш сите деца исто ги облекувале, бидејќи бил факинг 19 век и луѓето биле презафатени со борба за гол живот, глад, немаштија и болести за да им биде гајле како се облечени децата.

    Алиштата и личниот стил се мода и ништо повеќе, а ги диктираат времињата во кое живееме, а од неодамна и маркетиншките гиганти во спрега со алчните корпорации, кои се спреми на сѐ, само за да нѐ натераат да трошиме повеќе пари.

    А модата се сменила неброено многу пати – египетските благородници се шминкале, Спартанците имале обичај да носат долги коси, Римјаните се депилирале, Шкотите носеле килтови, француските великодостојници ставале пудра, носеле перики и штикли, итн.

    Сите ние како социјални суштества, кои тежнеат да бидат прифатени од средината во која живеат, барем донекаде се трудиме да бидеме во согласност со „модата“ на времето во кое живееме. И тоа е целосно разбирливо. Затоа и мајките не им облекуваат фустанчиња на машките деца – од иста причина поради која тие не се облекуваат во ѕвонарки, сакоа со потпунки, народни носии или што и да е што е тотално демоде и чудно денес. У прашање е мода и потребата човек да биде прифатен од средината – ништо повеќе.

    И стварно не ја разбирам потребата да се релативизира тема за родови улоги со модни трендови.

    А кога сме веќе на вистинската тема, т.е. родовите улоги, се исто така релативно нова измислица, иако сме научени да веруваме дека жените седеле во пештерите и чувале деца, а мажите оделе на лов, уште од праисторијата. Е па, вистината е мааалце покомплексна од тоа.

    Денешната поделба на родовите улоги всушност влече корени од индустриската револуција наваму, кога луѓето почнале да работат некаде (а не на својот имот) и нормално, работа добивале само мажите, затоа што, нели, биле мажи во патријархална средина.

    Инаку, пред тоа, кога секој живеел од сопствената земја и стока, поделбата на родовите улоги била многу далеку од јасна и остра. Целото домаќинство работело сѐ, кој колку може – дури и децата. Потомството било витално за опстанокот на семејството, затоа што секоја работна рака плус пружа подобри шанси за преживување, и гледањето на децата било една од најважните ствари, во која подеднакво учествувале и мажот и жената. Едноставно, кога се бориш за опстанок, со постојана закана од глад, болести и смрт, никој не може да си го дозволи луксузот да рече „Ова не е моја работа“ или „Ова е машка, а ова е женска работа“. Nope.

    Голем дел од ставовите изложени на темава се само одлика на времето во кое живееме и ништо повеќе од тоа. И генерално, не мора да значи дека тоа е нешто лошо – сите сме производ на времето и средината во која живееме. Ама добро е да се има тоа на ум, без да се бара некое подлабоко значење и смисла во истото.
     
    На smooch, staycalm, S.W.A.G и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.901
    Допаѓања:
    132.695
    Не се играчките или општеството толку влијателни, колку семејството.
    Ако тато оди на работа, а мама дома, дали детето ќе научи дека само машките заработуваат?
    Ако мама оди на работа а тато не, значи дека жените одат на работа.
    Ако само мама пере алишта, мама е женско, тоа е женска работа.
    Ако само тато поправа кола, значи тоа е машка работа.
    Ако тато зјае у ТВ, а мама прави ручек, тоа е женска работа.
    Ако само тато вози, тоа е машка работа.

    Сами си ги правиме децата со предрасуди кон работите. Ние дома треба да сме еднакви, па после да бараме светот да е. И да не е, ние треба да му покажемена детето дека тоа е погрешно.

    Децата се буквално - what monkey sees, monkey does.
     
    На Biljarkata, Chantal, Annath и 3 други им се допаѓа ова.