Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Сите играчки, без разлика од каков вид се, играат голема улога во развојот на децата, особено одредени интелектуални способности според самата природа на играчката.

    Барбиката, која примарно се смета за женска играчка, нема особени карактеристики освен тоа што до детето зависи да ја употребува имагинацијата и да замисли дека е жива.
    Како што барбиката зазема човеки облик во умот на детето, на овој начин се развива концептот за карактер, поврзаност, човечка интеракција, сочувство и други социјални вештини кои ќе бидат релевантни во понатамошниот живот на детето.

    Од друга страна, лего коцките кои примарно се сметаат за машка играчка, имаат за цел да ја развиваат логиката кај детето. Бидејќи тие се употребуваат да се креира и гради одредена структура, кај детето започнува да се развива концептот за големина, облик, структура и слично. Или како што е потребно да се следат одредени инструкции за да се состави една играчка, на овој начин се стекнуваат организациони вештини кои исто така ќе бидат релевантни во понатамошниот живот на детето.

    На децата им е потребно да развијат целосен опсег на вештини, и social skills и logical/ organizational skills бидејќи истите се неопходност кои сите треба да ги поседуваат за да бидат генерално функционални во нашето општество.

    Ако различни видови на играчки придонесуваат да се развијат различни вештини, тогаш каков ефект добиваме ако играчките ги делиме на gender specific?

    Не добиваме ништо освен што ги ограничуваме децата да ги развијат сите психолошки вештини кои им се потребни во животот.

    А што се однесува до боите, човекот успеал да развие psychology of color бидејќи претставува суштество кое има солидно развиена вештина за перцепција, а во тоа спаѓа и оптичкиот дел од спектарот, кој во реалноста е само фрагмент од целокупното електромагнетно зрачење кое човековото око е способно да го регистрира.

    Меѓутоа, дури и на човекот му е полесно да развие одредени асоцијации кои ќе му помогнат да перцепираат, односно да толкуваат одредена појава на одреден начин, што во реалноста секако не е секогаш прецизна и веродостојна, истата била променувана од развојот на општеството како надворешен фактор, и под влијание на одредени фактори како возраст, пол, верувања и култура.

    Ова е сосема очекувано бидејќи светлината која човекот може да ја види, заедно со дел од електромагнетното зрачење, кое минува низ земјината атомсфера (кое не се одбива од неа) паѓа на површината на Земјата, но човекот како суштество кое има развиено когнации, чувство за естетика, музика, култура и уметност, секако ќе има поинаква реакција кон боите отколку останатите животни (освен тоа, воспримателните системи кај другите видови се поразлични од оние на човекот и се способни за регистрирање на пообемен интервал од бранови должини).

    Типичен пример за ова е црната боја која често се смета за "лоша" и се асоцира со смрт или друг вид на трагедија.

    Имено, црната боја порано била асоцирана со темнината на ноќта, која инаку ја претставува природната состојба на универзумот, а темнината и ноќта обично се поврзува со стравот од непознатото, поради релативно слабиот човечки вид, стравот од слепоста.

    Исто така, претставува извор за никтофобијата, и тоа уште од пештерските денови на човекот, нашите предци постојано внимавале на предаторите кои само гледале да ги распарчат и изедат луѓето.

    Од друга страна, маркетингот успева да ја искористи т.н. psychology of color за да влијае врз чувствата и перцепциите на муштериите во врска со добрата и производите.

    Всушност, денешното генерално "правило" кое ни е познато како: "pink is for girls, and blue is for boys" се појавило по WW2, кога мажите сакале да ги повратат своите поранешни работни места (кои за време на војната биле преземени од жените, особено во фабриките за тешка индустрија) и самата влада охрабрувала жената да се врати во нејзината улога во домашната сфера.

    Најлесниот начин да се нацрта една линија меѓу половите и тоа од самото раѓање, била преку боите.
    Освен тоа, модата и шминката за жените играла големо влијание овде, со тоа што розовата боја им помагала на жените да изгледаат здраво и полни со живот, особено по тешките времиња за време на војната.
     
    На BoneMachine, S.W.A.G, Biljarkata и 17 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски

    Ете видиш, да било детево соодветно облечено, не ќе прашуваше дали знаеме кое е ова девојче, нели:)

    затоа и постои таа поделба:)
     
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Така де, точно тоа сакам да кажам – за пред 100 и кусур години, ова била соодветна облека за момче. Односно, и за момче и за девојче – децата до 6-7 години ги облекувале во исти фустанчиња и дури тогаш за прв пат им ја шишале косата. Сите машки деца изгледале вака у САД, не само тој.

    Муабетот ми е, у прашање се тотално произволни социјални конвенции, т.е. модни трендови, а не некакво апсолутно правило запишано у камен. Којзнае како ќе им изгледаме ние на нашите потомци за уште стотина години? У најмала рака, подеднакво чудни како што малиот ФДР у фустанче ти е чуден на тебе. :)
     
    На staycalm, Animali, Rebecca_R и 12 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Можеби вака:

    b3911b78-1f3b-4652-b25d-30f304f17a38-handmaids-tale-season-2-trailer.jpg
     
    На smooch, staycalm, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Нема, ако си се држиме строго до она што го знаеме и ги задушуваме сите обиди за нешто ново и револуционерно :!:
     
    На Briar Rose, Animali, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Што никако не е возможно, иако е само сон на одредени традиционалнисти :D
    Светот се менува, нема нас да не чека.
     
    На Briar Rose, Animali, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.683
    Допаѓања:
    174.652
    Пол:
    Женски
    Е така де. Браво Бендер.
    Поента доловена. Нема ништо лошо да се следи одреден тренд, исто како што нема ништо лошо да се импровизира со нешто ново.

    Само овде од сите што зборат, никој не импровизира, ама упорно убедуваат како нели другите треба да импровизираат.

    Се цепидлачи на велико. Стварно делувате ко ебате јехова, уште што не пишавте дека ви се отворило третото око, а ние другите, еве ништо не гледаме. Оти нели, секогаш само едниве прогледале. |(

    Времињата се менуваат, а со тоа и човекот. Ништо не е статично на светов. Ништо не било како што е денеска, и нема да биде. Тогаш зошто форсирање на нешто што неизбежно ќе следува? Оставете текот на времето да диктира, како што и впрочем било до сега. Ама не, ние по секоја цена сакаме модерни да сме и се наеднаш да се смени.

    Ако некоја сака да цепи дрва и поместува плакари нека. Ако некоја не сака, не е помалку вредна од вас.

    Мајка ми цепеше дрва со татко ми, а јас и брат ми ги редевме во шупа. Потоа брат ми цепеше дрва со татко ми, а јас и мајка ми ги редевме во шупа. Косев трева сама на 700 м2 двор. Дома имавме регали чисто дрво, жена можеше да се искака, ама немаше шанси да може да ги помести. Па така татко ми со другари ги поместуваа. Ако татко ми не беше дома, ќе викневме некој од комшиите. Па еве јас како дете што го гледав тоа, не мислам дека цепењето дрва и поместувањето плакари е само машка работа, ама научив и дека не треба да се срамам да признаам и дека нешто не можам напраам сама. И дека е сосем во ред да побарам помош. Дека татко ми не е суперхерој, оти ниту тој сам не можеше да го помести регалот.
    Поделбата на обврските во домот не мора под дифолт да значи денес јас мијам садови, утре ти.
    Може садовите да се остаени само на жената, исто како што усисањето да е само на мажот. Кај нас јас мијам садови. Не оти маж ми нема да ги измие, туку јас сакам одма се да средам и да не ги мислам, а тој сака да одмори прво, додека пак јас не седам раат ако знам дека нешто има во умивалник. До мене е. Не ми е тешко.
    Првите 5 месеци од бременоста, јас не станував од кревет. Тој чистеше, тој переше, тој миеше садови, готвеше и плус ме бањаше и мене замислете, оти не бев способна. Не само што тоа не го праи женче, туку е најмаж од сите што ги знам, оти без него ќе рикнев сама.

    Порано немале никакви играчки. Па развивале и логики и чуда. Да беше стварно толку до играчките кај ќе беше светов денеска.. |(

    Отупевте дека се некој нешто ви наметнува. Никој не го негира тоа. Ама место да се жалите, вие секогаш можете се што ви се нуди да искористите на начин на кој вас ви одговара и да извлечете корист од истото.
    Апсолутно само до вас е како ќе прифатите и реагирате, и апсолутно до вас е како ќе го воспитате детето. Ако на моја иницијатива не му купам фустанче на синот, не значи дека под дифолт ќе го учам да го исмева она дете што ќе сака да носи. Или ако не му купам кујна, нема да научи да готви.. |( Престанете да извртувате зборови, не е тоа опен мајнд, тоа е манипулирање.
     
    На LivingGlam, candy.cane, Alishan30 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.823
    Пол:
    Женски
    Не знам што се фативте за сукњи и фустани, може за неколку години у мода ќе бидат па сите мажи ќе ги носат. Ова исто како на времето жените што носеле само фустани и сукњи, а сега 90% од жените носат само панталони и фармерки.

    Друга работа, има луѓе кои упорно сакаат да наметнат правила.
    Големата имаше црвен точак па сега малиот го вози. Луѓе ме прашуваа зошто не сум го офарбала со некоја машка боја, не идело црвено за машко.
    Големата пред некое време се шишаше кратко. Одма коментари зошто сум и ги скратила локните, девојче е за со долга коса.
    Имаше период кога јас бев со машинка шишана а маж ми со долга коса. Одма "вицкасти" коментари од типот - хе хе, кај вас не се знае кој е маж а кој жена, си ги сменивте улогите аа?
    Нит мене кратката коса ме направи помалку жена, нит него долгата коса помалку маж.

    Не знам како да им се објасни на луѓето дека нема машки и женски бои, играчки според пол, машка и женска должина на коса и домашни обврски кои се само за мажи или жени.
     
    На smooch, NarCis@, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  9. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Науката е на јасно дека преферирањето на играчки согласно полот е делумно вродено.
    Половиот диморфизам е стратегија која опстојува толку долго во цела природа затоа што е успешна стратегија. Модерниот човек е арогантен и игнорантен кога мисли дека може да си измислува правила и сопствената природа да си ја покори на нив, без ни да се обиде да ја разбере.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Компјутерот не е женска работа. Види во кујната, шпоретот те чека.
     
    На Animali, Purplelilac, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.826
    Пол:
    Женски
    Истражувањата кои се прават во врска со истото, не се многу релевантни. Бидејќи, децата, не се сретнуваат за прв пат со играчки за време на истите. Претходно, родителите им понудиле, а со тоа им влијаеле. Секако дека шансите да го изберат она што веќе им е познато се поголеми.

    Децата немаат развиено свест за полот до одредена возраст. Како побогу врз основа на полови разлики ќе преферираат "женска" или "машка" играчка? Играчките за нив, се само играчки. Ќе играат со она кое јас ќе го понудам како родител. Исто како што би играле со кал и обични дрвца во паркот. Ако јас ги делам на машки и женски, многу нормално дека ќе ги дели и детето.

    Ниту твоите примери од погоре, како готвењето или општо времето кое се поминува во домашни обврски, е детерминирано од биолошките разлики. Оти тоа се родови разлики кои се научиле за време на социјализацијата. Да била биологија во прашање, во денешно време ќе немаше маж кој готви. Токму затоа и родовите улоги се варијабилни. Она што некогаш било нормално само за жена, во денешно време, станува нормално и за маж. И обратно.
     
    На Chantal, WildMk, Briar Rose и 12 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Aуууу... каква мудра мисла :D Ти девојче гарант не си патријахално воспитувана, оти на тие таквите вакво нешто никогаш нема да им текне :^)

    Абе тресете зелени само колку да доловите поента по секоја цена. Одлика на незрелост, ништо друго.


    Да беше така лесно преку избор на играчки и личен семеен пример да се воспита дете, кај ќе ни беше крајот. Сите ќе си имаа деца какви што сакаат :angel: Ама види чудо, и други фактори имаат удел, како карактер, надворешна средина, темперамент, гени, итн... Чудо големо имало точак со седиште позади :?: Ќе се научела ќерката да биде одговорна (оти тоа нели лошо е) па за 30-тина години ќе служела некому(facepalm) Како па да не. За тие 30 години какви се дешавки ќе преживее, нема ни да се сеќава на точачето, ама одговорноста од друга страна може да и остане. Дека јас растев со татко кој со прст не пипкаше ништо дома, гледам сега слугинка сум |( Свашта!!!
     
    На Emy867, oblace1, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не сум, во право си.
    Нормално дека ми текна, ме учеле од дома дека и женските можат да мислат.
    Си приметила дека женските обично се учат дека мислењето не е женска работа, туку нивна е да направат работи да бидат убави, симпатични, да творат, создаваат и негуваат.
    Мислењето на мажот останува.
    Се познава и на форумот дека такви има, што никогаш не научиле дека женско може и да мисли.
    8):D
     
    На smooch, Animali, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Како сакаш врти, низок удар беше и одраз на незрелост.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не можам да бидам зрела со антиваксер кој што мисли дека местото на жената е во кујна.
    Мора да ѝ упростам за да ме разбере. :D
    Милион пати ќе кажеш дека и маж може да зготви, и ќе ти збори дека готвењето било биологија и жените не требало да бараат еднаквост.
    Со вагината да не ја држи лажицата, па биолошки било жена да готви?
     
    На S.W.A.G, Animali, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.981
    Пол:
    Женски
    Сум пишала и во други теми.
    Јас повеќе си играв со пушките,пиштолите и ножевите отколку со кукли.
    Ме облекуваа и во алишта на моите браќа и братучеди.
    Средувам компјутерски проблеми,пазарам и дигам ствари што можам да ги дигам.
    Моите браќа чистат и готват.
    Снаа ми цепи дрва и преместува мебел,а исто и мајка ми.
    Кај нас нема делење според пол кога мора да се средат домашните работи.
    И сите сме ок.
     
    На Purplelilac, Annath и DAngel им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Шта речи за темава? А уште повеќе за степенот на зрелост во дискусија?

    Па се исмева као еве вие прогресивни а ние ништо не знаеме, па се превртуваат очи по сто пати, па се коментира за кој како да го облекувал својот сопруг.

    Никој не ви дојде дома за да ви кажува како вие мора да правите, па затоа малце намалете со драматичноста.
    Фала.
     
    На staycalm, S.W.A.G, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    За жал сум израсната во патријархално семесјтво каде преовладува типично конзервативно балканско шовинистичко размислување каде што ме учеја дека женското треба да чисти и работи низ домот а ја пак сум целосен опозит, немам допирна точка со ограничените мозоци што ги имаат моите и секогаш посебно баба ми кога требаше да се исчисти нешто мене ќе ми се обратеше а јас секогаш кревав бунт зашто на брат ми не му наредуваат туку само мене али пази он машко бил жити аргументот, воопшто не станував се додека и брат ми не станеше да ми помогне замислете јас девојче против 5 души (баба ми, дедо ми, татко ми, мајка ми и брат ми) тоа реално е траума, да се бориш рамноправен да бидеш со роден брат и ја сум нивно дете и замислете некој да ве смета за помалку вреден само затоа што сте женско, врв на идиотизам.

    За среќа па и брат ми како мене прерасна во open minded личност со либерални сфаќања, као да сме посвоени буквално мене лично уопште не ми влијаеше нивното воспитување на моите сфаќања али не можам да кажам дека не ми остави лузни поради нивната дискриминација.
     
    На smooch, staycalm, S.W.A.G и 8 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.127
    Допаѓања:
    112.785
    Пол:
    Женски
    Дали синот ќе израсне во маж кој ќе знае да се грижи за децата и домот и да биде рамноправен партнер со сопругата нема апсолутна врска со тоа дали возел точак за машки деца или дали играл или не со пегли, кујни и кукли бебиња. Тоа зависи од домашното воспитување и она што го гледа како пример. Ако татко му се однесува како неандерталец а мајка му е од слугинка во кујна до љубовница во кревет, него тоа однесување ќе му е матрица за понатаму.
     
    На S.W.A.G, Lianna Anna, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.823
    Пол:
    Женски
    Домашно воспитување да, ама другото не е секогаш правило. Некогаш децата учат од грешките на родителите па стануваат многу подобри луѓе кога ќе оформат свое семејство.
     
    На S.W.A.G, Independent Girl, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.