Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав првите неколку страни и последните испишани постови и ај да си го кажам своето мислење на темата како мајка на два сина и една ќерка или по битолски имам две деца и чупе.(facepalm):lol:

    Јас живеам во тн современа држава, кај мене веќе мислам последниве 5 години се исфрлија сите играчки од забавиште,градинка, училиште кои се gender stereotypical, нема барбики, томас, пушки, кукли итн, има коцки, животни, боици итн.
    Во градинка и забавиште немаат ни посебни вциња, заеднички и за машки и за женски има.
    Е сега мене пример не ми се допаѓа ово новово gender fluid, neutral начин на воспитување мада до некаде и самата спаѓам во тие што така ги воспитуваат децата.
    Мислам дека gender fluid воспитување ќе придонесе за многу gender confused идни генерации, не мислам дека треба да се бидат поделени као машките me Tarzan, you Jane ама ако има куре е машко а ако има дунда е женско и не гледам апсолутно ништо лошо во тоа да се знае што пол е, е сега ако има на милион едно што е родено во погрешно тело не значи дека треба сите останати деца да бидат gender fluid , за тоа да не се чувствува лошо, дискриминирано итн.

    Со постариот син во клас има машко што се чувствува као женско и така и оди на училиште облечен/а во женска униформа, никој не го тепа, никој не го задева, по женското име го викаат ама пак тоа не значи и дека моите деца не треба да знаат што се ради тоа едно детенце.

    Децата ги воспитуваме со сопругот исто како и ние што сме воспитувани, нема машки женски работи, на сопругот му следуваше исто како и на мене породилно, за првото две недели, за второто 4 недели и за третото 8 недели, од кога го има ово дополнително породилно за татковците пост породила та депресија е намалена за преку 60 % ( има можност и за целосно породилно за татковци ако сакаат, ово е дополнително на мајчиното породилно).

    И еве како спаѓам донекаде и јас во тие што ги воспитуваат децата како gender fluid, помалиот син не дава да му се крати косата, долга му е скоро до гз, му ја врзувам во рипче за на училиште, никој не го тепа, не му прават булинг и иако не знам колку пати сум поправила непознати дека не е she туку he, сепак си знае дека е машко,
    Секое влегување во продавница тој бараше и земаше пинк бани а ќерка ми блу киндер бани, никогаш не сум им рекла аааа не тоа е за машки, ово за женски, на син ми последната торта за роденден му беше пола My little pony, пола Cars, не гледам ништо лошо во тоа дека ги сака мај литл пони и да не ги сака исто толку Карс не би ми било проблем, ќерка ми сака се исто да игра и биде облечена како батковците, не е проблем, куклите за украс и стојат, повеќе е за бељи правење него за фалење со куклите, големиот син по учењето е сака доктор како татко му да биде ама шета некогаш со лакирани нокти дека подале раце и не сакам да им објаснувам дека сестра им може да се лакира дека е женско а тие не зошто се машки, нема ништо да им биде ако им се на лакирани еден ден ноктите.

    Играчки им купувам они какви си бираат, имаме дома колекција на мај литл пони, се што постои од диносауруси, сите Cars колички, и тркачки стази, соѕвездија, планети, лего за сите три, сите видови на животни, што бараат тоа купувам.
    За облека машките имаат имрозево маици, шорцеви, кошули и баш убаво им стојат исто како и на татко им.:)
     
    На candy.cane, mal.ecka, smooch и 22 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Аман @bittersweet не кажвај како е таму.. уште поќе се нервирам оти овде е вака...
     
    На candy.cane, mal.ecka, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    178.998
    Битерке, те цитирам оти ми се допадна дел од ставот, не за да фаќам забелеши.
    Токму за ова зборев погоре, нека носи кој сака фустан ама да не стане општествена норма, па и мм да мора да носи.
    Еве, нека не е едно на милион, едно на 100.000 да е, имам чувство дека по тн современи држави, ќе го извадат над статистичка бројка, па сиот останат свет треба да се прилагодува.
    Се плашам дека инсистирање на џендер флуид, на толку мала возраст е опасно, заради конфузијата која се создава. Не мислам дека розевиот точак со седиште за кукла има некакво влијание на профилирање во идна свилена принцеза/идна домаќинка, ама мислам дека дете кое ги идеализира своите родители и/или браќа/сестри од спротивниот пол, во џендер флуид експериментот може да се зафркне. Затоа што секој тежнее некому да се допадне, некаде да припаѓа.
    А во најсензитивниот период на градење идентитет што се вика пубертет, веројатно никој не е задоволен со ништо, па ајде, џендер транзиција. Па после некоја година, реверс транзиција:worried:. За некого и тоа е бизнис, операции, хормони. А последиците по индивидуата која оди од збунетост во збунетост? Поарно нека научи дека е машко и дека треба да цепи дрва, и од психички и од физички аспект.
    И кај нас тоалетите во градинка се заеднички за машки и за женски, не ми текнало дека негде би биле поинаку организирани, ама еве кога спомна, незнам во МК како е. Мене ми е тоа во ред, така научуваат за разликата меѓу машко и женско ваљда.

    ПС: Незнам како би постапила кога би имала син и би сакал лакирани нокти. Веројатно исто како со ќерка ми, лакот е штетен, има хемикалии, не е за деца, за возрасни е. Нокти може, еднаш, за роденден, безбоен, со ѕвездички (ќерка си игра и со кукли, и со пилиња, и со автомобилчиња, и со пиштоли на вода)

    Во основа сите овие права на избор се за возрасни, НЕ за деца.
     
    Последна измена: 23 мај 2019
    На Cosmi, Angie1432, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    А другата страна не не напаѓа нас што имаме спротивно мислење од нив? Или дека и ти си на нивна страна, па само едното го забележуваш, а за другото убаво замижуваш?

    И да, ќе им викам да си ги облечат прво синовите и сопрузите во фустани, па после да солат памет на другите оти како што реков веќе - СЕКОЈ ЕДЕН ТРЕБА ДА БИДЕ ПРОМЕНАТА КОЈА САКА ДА ЈА ВИДИ КАЈ ДРУГИТЕ.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ако сопругот или фиктивниот син, или брат ми, или кој и да е од машки пол, посака да носи фустан, нема да му забранам, и нема да го гледам на порки.
    Не е муабетот да ги тераш сите да носат фустани.

    Во превод: Кој како сака нека си прави.
     
    На candy.cane, Annath и Purplelilac им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ама и да сака човек, како да излезе надвор во такво издание со оглед на тоа какви пораки се не прочитавме на форумов каде што основно зборуваме за апстрактен човек во фустан, а не пак да го видите пред очи на улица. Па знаеш ли што има да му се случи ?

    Еве ако мислиш дека е толку лесно, направи еден социјален експеримент со било која машка особа да имаш до себе. Нека излезе во фустан надвор од дома, па дојди тука и пиши ни како поминал. :)
     
    На WildMk и Purplelilac им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    @bittersweet и @Biljarkata го кажаа и мојот став.

    Скроз се согласувам, од А до Ш.

    Се' е ок, се' ми е прифатливо и кој што сака нека си прави но не мислам дека gender fluid-от треба да се однесе до екстрем, а луѓево секаде се махери за одење до крајности.

    И да, ќе прават бизнис од тие неодлучните.
     
    На candy.cane, Hellobeautiful, ane.bella и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Прво, ќе ти кажам дека многу јасно е дека на темава си дојдена да се расправаш а не да дискутираш.
    Од мене нема да добиеш такво внимание, ама ако ти прави мерак слободно цитирај ме и понатаму.

    Второ, прочитај си колку смешно и нелогично звучи тоа да си го облекуваш сопругот.
    Мислам, не знам како поинаку да ви објасни човек дека не зборуваме за со сила наметнување на дете да носи фустан туку прифаќање на неговата желба доколку ја пројави.
    И од ваквиот став вие дојдовте до заклучок дека ова било исто со тоа да го натераш сопругот да облече фустан.
    Ако ништо друго прочитај го повторно насловов на темава и првите две-три мислења, па потоа пишувај.
    Поздрав. :hai:
     
    На candy.cane, Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    Се прочитав девојче, многу убаво.
    И дискутирав, исто така. Додека се дискутираше...

    Никој не го побара твоето внимане, живеев досега без него, така планирам и да продолжам:hai:.
     
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Муабетов твој ме потсетува на креационистите и нивниот аргумент ako covekot nastanal ot majmun zaozto ima uste majmuni???!
    Никој овде не заговараше дека мажите треба да носат фустани, туку дека облеката, како и многу други работи спомнати на темава се општествена конвенција, а не се биолошки детерминирани како што вие тврдите.

    Мажите не носат фустани, не затоа што е биолошки неизводливо, туку затоа што е општествено неприфатливо, исто како што во минатото било неприфатливо жена да облече панталони.

    Не знам зошто е тоа толку тешко да се разбере.

    П.С. Кога би можела да се вратиш два три века во времето облечена во панталони би видела дека реакциите би биле исти како вашите на маж со фустан.
     
    Последна измена: 23 мај 2019
    На candy.cane, Someonespecial, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    Добро, сите знаеме дека низ вековите порано мажи носеле фустани. Тогаш било нормално, сега не е.
    А и кога ќе ја направиме споредбата на фустаните денес и фустаните тогаш..такви деколтеа, миничи, теснотии, тогаш немало.
    Така да, јас маж во фустан од денешен тип не можам да замислам.
     
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Никој од нас не може да замисли маж во фустан, јас тоа не го спорам, исто како што порано не можеле жена во панталони да си замислат.
    Ама поентата ми е дека тоа нема врска со биологија, едноставно општествените норми се такви.

    Ако, хипотетички, еден ден се променат тие норми и мажите почнат да носат фустани, никому не би му било чудно, затоа што од мали нозе ќе гледа мажи во фустани, и дома, и на улица, и на работно место, филмовите и сериите ќе бидат полни со мажи во фустани, списанијата со слики од мажи во фустани, едноставно целата концепција за тоа како изгледа еден маж би се променила.
    И на тие луѓе од таа хипотетичка иднина би им било чудно зошто мажите порано не носеле фустани, исто како што сега нас ни е чудно зошто жените порано не носеле фармерки.
     
    На candy.cane, smooch, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    Не живеам во хипотетичка иднина, живеам сега. И доволно ми е тоа за да мислам и гледам како е сега.
     
  14. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2583786/

    "We compared the interactions of 34 rhesus monkeys, living within a 135 monkey troop, with human wheeled toys and plush toys. Male monkeys, like boys, showed consistent and strong preferences for wheeled toys, while female monkeys, like girls, showed greater variability in preferences. Thus, the magnitude of preference for wheeled over plush toys differed significantly between males and females. The similarities to human findings demonstrate that such preferences can develop without explicit gendered socialization. "
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    This is what happens when gender roles are forced on kids

    "Adolescent health risks are shaped by behaviors rooted in gender roles that can be well-established in kids by the time they are 10 or 11 years old,"

    For girls, those risks can include child marriage, pregnancy, leaving school early, sexually transmitted infections and exposure to violence. Boys suffer, too, from increased risk of substance abuse, suicide and shorter life expectancy than women -- especially if they try to challenge masculine norms.

    Children are straitjacketed into gender roles in early adolescence, says study

    Traditional gender roles and stereotypes: How they can affect children and young people

    etc.

     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Каква лицемерка си :nod:
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Па не баш. Јас на пример добив впечаток дека девојчињата треба, и е пожелно, да се охрабруваат да играат со "машки" или неутрални играчки, инаку во спротивно ќе бидат угнетувани, прости, домаќинки.
    Инаку, сосема се сложувам со ставот дека децата треба да се остават да играат со што сакаат, да се облекуваат како сакаат. Затоа и ми е чудно зошто тоа точаче со седиште е толку страшно?
     
    На candy.cane, oblace1, ocicka2014 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Оти лицемерка?
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Паметна си, ќе ти текне ;)
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Знам дека сум паметна...
    За тебе, не сум баш сигурна.