Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Оооо, фала, фала. Не мислев дека до толку си паметна што можеш онлајн дијагноза да ми дадеш.
    Браво!!! :D Врвните психолози и психоаналитичари да ти позавидат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Уште една работа која стои позади целата таа поделба на машки и женски играчки и бои, а многу од луѓето не се свесни е конзумеризмот.
    Кога ќе дојде на свет второ дете, мн ствари од првото се зачувани и употребливи, некои не се ни користени воопшто, али има една цака- првото е машко, а второто женско.
    И сега мора да се купува нова количка, нов транспортер, ново креветче, нова постелнина, нов транспортер, нов точак, нова облека, нови играчки ....
    Зошто?
    Затоа што на "женско не му личи плаво" ....или обратно "на машко не му личи розево."

    Ги боли таквото корпорациите за боите, тие си нашле едноставен и многу ефикасен метод да трошите пари.

    Можеби гледано индивидуално тоа не се којзнае колку пари (иако не се за занемарување), но кога ќе се земе предвид дека на светов има милиони случаи децата да се од различен пoл се доаѓа до огромни суми потрошени само затоа што некои луѓе наивно си веруваат во смислени маркетингшки трикови - розевата е женска, а сината машка боја.
     
    Последна измена: 23 мај 2019
    На ivi1987, gjoker4e, Briar Rose и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.826
    Пол:
    Женски
    Ова што упорно го постираш е хипотеза, не доказ. (Иако, искрено не прочитав се, ама од она што го видов, нема докази)

    Токму науката која милуваш да ја споменуваш вели дека нема биологија во однос на родови улоги. И побогу, каква врска има ова со тоа кој ќе го зготви ручекот? Тука па ич не гледам логика.

    Има нови истражувања, кои велат дека не постои релевантност каква се бара за истите, поради влијанието на родителите врз децата. И истиве, се правени на деца од 9 месеци нагоре.

    Знаеш ли кои се биолошки карактеристики/разлики меѓу маж и жена? Половите разлики се условени од биолошките карактеристики, како на пример разлики во интимната регија (полови органи), разлики во репродуктивен период, (месечен циклус кај жената) полови клетки кај мажите (xy хромозоми) итн. А играчките немаат пол. Ниту пак децата се свесни за сопствениот.

    На дете можеш да му понудиш кукла и обично пластично шише или кутија. Во 99% од случаите детето ќе го одбере шишето/кутијата. Како тоа има врска со биологијата? И за кој пол е истово?

    Децата најпрво се привлечени од дречливи бои. Ниту розово ниту плаво ги привлекуваат, онака како што ќе бидат привлечени од жолта, зелена или црвена. Затоа бебешките играчки се најчесто во истите бои.

    Раниот развој на мозокот кај децата, се уште не ги спојува информациите во сложени нервни модели. До 2 годишна возраст кај децата нема развиена когниција. Тоа доаѓа подоцна, преку дразби на внатрешна и надворешна средина и преку учење од другите, социјализација.

    Децата, на почетокот имаат знаења по автоматизам и/или претходни навики од она што го набљудуваат во средината. Когнитивните шеми се многу слаби, на самиот почеток речиси непостоечки.
     
    На candy.cane, Briar Rose, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Улогите на домаќинки како и одговорноста им се наметнува на девојчињата прво преку самите компании чие дело се играчките. Е сега сфативме дека на нив не им е многу гајле дали наметнуваат улоги, туку битно им е да си го продадат производот. Тоа во никој случај не е оправдување, но ете така стојат работите.

    Следниот чекор го прави родителот.
    За девојчињата каков точак и да возат веројатно не би биле толку исмевани, но ако родителот инсистира ќерката да има женски точак тогаш веќе наметнува и тоа е начин на кој се започнува со создавање на стереотипи.
    За машко детенце ако го однесат во продавница и му дадат слобода самото да си избере точак без притоа да му сугерираат кои се машки а кои женски точаци, можеби детето би избрало и од тие со корпа за кукла.
    Е сега тука има родители кои ќе му дозволат таков точак на детето, но првиот пат кога ќе излезе да го вози ќе се врати уплакано поради тоа што ќе има деца кои ќе му се смеат. Таквите деца се воспитувани од истите оние родители кои ги делат работите во домот на машки и женски и за жал генерално токму таквите го сочинуваат мнозинството на трулово ни општество.
     
    На RainBow, Independent Girl, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.129
    Допаѓања:
    112.793
    Пол:
    Женски
    Машко во фустан, па и црнец, во Америка на Оскари

    ipanews_b3ecb973-1a81-4264-90ed-f013c4c4b06d_1.jpeg
     
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Боите се најмал проблем во зависност од други улоги кои им се наметнуваат како на пример на машките им купуваат колички да си играат формули а на женските кукли и бебиња за да од мали нозе да учат на нив кога ке станат мајки да знаат како е да се чува бебе мислам крајно глупаво,
     
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ти со што си играш душо!?
    Зошто е глупаво што моето дете си игра со кукли!?

    На жалост, денешниве деца сите растат со таблетите, со мобилните, со Маша и медо(така ли беше).. Ретко гледам мали деца со играчки, се со некои видео игри и приказни!
     
    На candy.cane и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Еве ви балканска верзија на Барби :)
    _20190524_155313.JPG
    И да ако не повеќе барем потрудете се како што вака остро дебатирате да толку и вашите деца играат со играчки и се движат во природа,а не како што веќе спомена и @baba Rada цело време да се со телефони,таблети и пред компјутери затворени во соба!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па да ама и женските во денешно време се способни да возат коли и тн мислам да во денешно време има и такви играчки за разлика од моето детство каде што мотори и коли се даваа само на машки деца.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Дo кaде сме сo учење нa ќерките декa немa пoтребa дa се бричaт, депилирaaт, фaрбaaт кoси? Дaј дa убрзaме дa гo фaтaм трендoт oти ме мрзи веќе.
     
    На candy.cane, Independent Girl, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Јас дека сум растена со барбики и кукли, еве ни се школував ни работам ни возам кола (facepalm) и замисли се беше розово, бидејќи розевата ми е сеуште омилена боја.
    Логикава ви е греФче.
     
    На baba Rada, Bratot и oblace1 им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.155
    Допаѓања:
    168.840
    Пол:
    Женски
    Фатен е трендот .
    Машките веќе и се фарбаат и се депилираат и се бричат .
    Исти се со жените .
    Зошто ние да шетаме небричени и нефарбани ,кога можат тие да шетаат "како нас " :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Во право си до некаде да ти кажам доста гледам и жени со бркови,последно една на шалтер во државна институција шо работи еве уште по морници ме пролазуваат кога ќе ми текни на неа :worried: :envy:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Мене морници ме полазуваат од шо те читам.
    Јас имам и мустаќи.
     
    На ane.bella и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.155
    Допаѓања:
    168.840
    Пол:
    Женски
    Е зошто ти пролазуваат морници од бркови ?
    Не треба вака .

    Туку се прашувам кога ќе дојде ден мажите да работат како собарици ( не знам како да ги кажам ,можда собари) или негователи во јаслите на пример .
    Сеуште не сум сретнала маж на ваква работна позиција .
    А нели нема , т.е не треба да има машки и женски работи :^)
     
    На candy.cane, Lianna Anna, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Тогаш не ме читај и готово.
    Е добро де како што има мажи што се фарбаат така има и жени со бркови,на некој тоа му се допаѓа а на некој не.
    Не треба да не ми се допаѓаат бркати жени?

    Јас познавам лично мажи што работат како собари во хотел т.е. работеа сега веќе не.
    А дали си се запрашала зошто жени да не работат тешка физичка работа како на пример утовар/растовар на камиони,градежни материјали потоа да бидат градежни работнички,да управуваат со тешка механизација и сл.!?
     
    На candy.cane и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Абе сите имаме мустаќи ама признај дека ги фаќаш и кубеш :)
    Сигурно насабајле не си ги челаш со чешле :)
     
    На candy.cane, Bratot и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ги кубам. Оти ми е срам.
    Баш то е муабетот. Дека си наметнуваме работи.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Јас не ги кубам од што ми е срам, туку не личи убаво на жена.
    Сакам да сум убава и средена(исто како некои мажи).
    :makeup:
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Па 'не личи убаво' оти така сме дресирани.
    Ни продаваат приказни кој -како треба да изгледа, па после тој што отскокнува од моделот 'не е убав'.