1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Како нема врска? Почнавте со бои, точачиња, ама сега облеката допирна точка нема? Исто пишувам и јас, машка и женска облека, машки и женски бои. Еве и за точак напишав исто како тебе, зошто не им купуваат на машките розеви точачиња со бебиња внатре?
    Со какви играчки ќе си играат децата во првите години од животот врска си нема со тоа што ќе постанат во иднина. За брзо време детето само ќе покаже интереси освен ако од дома со сила тие интереси не му ги потиснуваат а тоа е веќе друго. Воспитување, говорење, примери од дома се работи што ќе го научат како треба или не треба. А не затоа што имал киндер јајце во сина боја и војник внатре.
    Во иднина кога ќе почнат со образование и работа сами ќе видат дека многу работи се поделени на машки и женски и тука треба да се работи. Ние се фативме за играчките.
     
    На oblace1, dunika, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.481
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми пие од Вива сокчињата што се со Мини и Мики, Ана и Елса, Авенџерс, Спајдермен и уште неколку цртани ликови. Какво сакаше, такво ѝ купувавме. Пред некој ден побара сокче и имавме дома со Авенџерс и такво ѝ дадов. Не сакаше да го земе дека било за машки. Ова се случи после славење роденден во градинка на некое од децата. Поделбата на "машки" и "женски" сокчиња ја научи од таму.
    И колку што сфатив Реин Боу збори дека одговорноста за чување дете ја има само кај девојчињата. А треба да ја има и кај момчињата. Ете нека биде на зелено точаче со плаво седиште и машка кукла бебе.
     
    На Avery, bittersweet, senjorita-v и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Има родители кои би му дале слобода на детето самото да одлучува за боите на облека, играчките кои би сакало да ги има и начинот на кој ќе го изгради својот живот.
    Пример е актерката Шарлиз Терон која го расте синот токму на ваков начин.
    И ја осудуваат поради истото, но и понатака се држи до таквиот начин на воспитување без наметнување врз основа на полот.

    Но последиците од осудите на општеството сигурно имаат влијание на детето. И сега кој е виновен, таа која му дава слобода на детето да одлучува самото за себе секако со родителска контрола во нормални граници или пак општеството со зацртаниот тип на улоги, изглед и однесување за машко?

    111.jpg
     
    На WildMk, Ketchup, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Targaryen

    Targaryen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е глупо во еден развиен модерен свет да се прават небитни разлики на алишта или играчки бидејќи сеуште постојат многу посериозни работи во светов. Ништо не е чудно освен ако се става се на срце. Засекад ќе има дофрлувања од околината и разни стереотипи тоа е реалноста. Разликата е што некои луѓе не прават полова разлика и не им е галје кој што мисли за нив и нивниот изглед буквално живеат за себе :) не можеме да смениме сечиво мислење освен своето што е многу нормално
     
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Девојче кај ќерка ми во одделение ја скратило косичката. Од другарчињата добило коментари дека кратката коса е само за машки, а долга за женски. Ќерка ми им рекла дека татко и е со долга коса, па децата се збуниле и почнале да потврдуваат дека е вистина.
    6 годишни деца го прават муабетов. Ама не се децата криви, тоа што го слушаат дома го пренесуваат надвор. Од мали нозе ги учат дека има правила за должината на косата. Дека барбики и кукли се само за девојчиња а колички и пушки за машки. Дека плава боја е само машка, а розева женска.
    И со овие поделби доаѓа до оној момент -Жена е за да чува деца и да одржува дом, а мажот да носи пари дома.
    Жално но вистинито. Ништо не се менува, тапкаме во место години и години.
     
    На Avery, Lolipop23, sweet-cherry и 23 други им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    22.491
    Пол:
    Машки
    Работев на позиција каде што секојдневно имав контакт со луѓе и разни нарачки, дизајни, подароци и тн., и многу често ќе ми кажеа дека и е за ќерка, син, другарка на ќерката, небитно, секогаш прашував каква боја да е и 99.9 проценти одговорот беше „па плаво нормално, машко е“ и розево/црвено за женско. Еднаш ми се случи да дојдат две мајкиЧКИ со децата и додека ми порачуваа нешто, машково дете ископало кармин од некаде и си играше со него, мајкава го виде и таква „ИИИИИИ лелеее фрли го тоа сине ти си машко“ на шо другаркава и вика „Остај го нека си игра, дете е“ за мајкичкава да одговори: „Шо ма да си игра со женски работи, обратен ли ќе станува?“. И така.. Женски работи, кукли, шминки, не знам шо, машки мотори, коли, пушки. Општеството тука, а и генерално на балканот е поприлично мизерно. Поназад сме едно 50 години од модерниот свет. Синот ќе и станел педер ако имал нешто друго шо не е плаво а ќерката лезбејка ако не било црвено или розево. Мизерија мислам дека е доволен збор за да се опише ситуацијата. За госпоЏата горе со фустанчето, на запад многу родители и даваат на децата што сакат тоа да носат, знаеш шо испаѓа после од тие деца? Одговорот не е педери или лезбејки (и не, тоа не е нешо сатанско), туку среќни деца што не се полни со стереотипи и предрасуди и не гледаат кон се' ограничено. И да, не се криви децата за наметнатите родови улоги, родителите се.
     
    На sj *O*, Waverly Raven, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ГоспоЏата исто вели, зошто само се збори а не се применува комплетно на дело?
     
  8. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Пред некое време имаше мајка во Англија јавно критикувала слаткарница за тортите.
    Кога ќе идеш на сајтот, буквално има машки и женски торти.

    И тука е истото. За синот, торта во било која боја, темите: Астронаут, инженер, пожарникар, научник, ма све интелектуално.

    За девојче торта се знае: Розева и пред неа од фондан шминки направено.

    Па не се само компаниите, од дома се почнува.
    Ова страшно иритира. Менталитетот и неразмислувањето.

    А тоа воспитување од пар каде и двајцата одат на работа, ама после работа, тој се лади, а жената на втора работа.

    Ама попрво криви се тие, бидејќи како шлаг на сето машко/женско, ќе ги слушнеш повеќето мајки да речат "им помагал" околу детето.

    И после децата по ист калап пораснуваат.

    :drunk::drunk::drunk:
     
    На Purplelilac, dayla, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    А зошто ти носиш панталони???
    Тоа си е машка работа и не ти доликува, се знае жена што носи, фустани и тоа исклучиво розеви.
     
    На Avery, Someonespecial, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    22.491
    Пол:
    Машки
    Затоа што госпоџите ко тебе и децата шо сте ги научиле на ептен паметни работи ќе го исмеваат детето мислејќи дека ќе постигнат нешто добро, несвесни за последиците што можат да ги остават.
     
    На Someonespecial, WildMk, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако се плашат тогаш чему силење на тастатура?
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    22.491
    Пол:
    Машки
    За здравје ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Јбг на зима студи не бива само во фстани да шетам :mm:
    Ама еве нив кога е жешко оти да се потат во панталона нека си го ладат во сукниче :D


    Мене нема да ми биде сеедно на пример утре за бебе некој да ми донесе розе балон и на него "иц а бој" за машко дете :o
    Или еко пелена со принт барбика да ставам на машко бебе. Па нешто што не бива, не бива.
    Утре когa ќе порасне ако сака и кармин нека става, ама што има да му купувам барбики и шминки за да си игра. Не од страв да не стане геј, туку не личи.
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    10.813
    Пол:
    Женски
    Еве јас да срушам стереотипи, бев на ќерката да и купам боденца и купив едно од женските и 4 од машките бидејки ми се смачи од розевиве алишта :D Дури се нервирав што алиштава се сите со светки и машни, и кога поминав низ машкиот дел си викам јас будала сум што купувам кај женските. Си најдов нормални бои и интересни натписи и баш сум задоволна. А и од играчки веќе имаме камионче, подморница, топчиња... Не дека не и ставам машна на главата во секоја прилика (е тоа ми е пусти мерак), ама 90% од работите кои јас сум и ги купила се шарени, а тие што биле подарок се розеви. Јас од принцип не сакам да купувам плаво/розево, секогаш сум тежнеела кон зелено/жолто/црвено, и така продолжив и со моето дете сега.

    Едит: од болница ја изнесовме со темно зелено комплетче со текстот daddy's little gentlemen, бидејќи толку разбира англиски свекрва ми. Она инсистираше да и го купи, јас инсистирав да не е розево само. И да ви кажам си го изнаносе додека не и се смали, и ич бе не се замарав што апла беше за машко ;)
     
    На staycalm, oblace1, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Не личело до пред стотина години (а некаде и помалку) жена да носи панталони ама еве ти носиш.
    Не личело ни да се образува жена.
    Не личело да има свој став за било што, а камоли да го искаже.
    Не личело свој имот да има.
    Не личело да се разведе.
    Не личело без шамија да се шета (еве ги старите баби по селата уште така се шетаат).

    Не личеле многу работи кои денес се секојдневни и сосема нормални.

    Но кога ќе се присетам на твоите ставови на други теми воопшто не ме чуди твојата растревоженост за розе балон за машко дете, таков си е твојот ментален склоп.
     
    На Avery, bittersweet, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ама упорно само за девојчиња се збори а тие секакви бои носат и со секакви играчки си играат и топка да фатат во рака гордо се изјавува -фудбалерка на тато. Со машките што правиме?
     
    На oblace1, Yowannty и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Не е исто кога имаш син или ќерка.
    За ќерка и плаво и зелено и секоја боја би ја облекла и не би ми пречело, ама ако било машко и ќе и речеш на свекрвата земи нешто ама да биде розе со натпис кјут литл гирл или принцес?
    Подморница, топчиња или камионче би дала и јас на девојче за да си игра ама ако било машко ќе му купиш кујна, барбика или детски шминки?

    Едит. Ете Бриџа ме претркала исто сме пишале :)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    А што правиме со тоа што сите работи за девојчиња уште од мали ги учат дека ќе бидат мајки и домаќинки одговорни за домот и децата?
    Така е, нема кујна за машко, таму е местото на жената.
     
    На Avery, bittersweet, Purplelilac и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    10.813
    Пол:
    Женски

    Па имам еден братучед бајаги помал од мене, фаворит му беше пеглата и правосмукалката, двете розеви играчки. Еве го има 14 години сега, не глеам дека нешо ми фали што "правосмукаше" ко дете.
     
    На staycalm, Purplelilac, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Не ми ставај зборови во уста за другите примери. Ни мислам така ни правам фала богу не се шетам со шамија и сум образована, а богами и рамноправна со маж ми за сите одлуки дома.
    А за мислењата во друга тема (претпоставувам за имот од страна на родители) не мешај мислење со моја лична ситуација каде што јас си проценив дали мене ми треба имот или не.
    Ако сте толку способни ќе си створите ваш нема да чекате мама и тате да ви препишат пола за да има утре кај да одите ако се разведете.
    Тоа зборува за вашиот ментален склоп каде што чекате од други. Нели сте жени и треба да се изборите за нешто, а не да ви биде се на готово сервирано?