Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Discussion in 'Општи дискусии' started by Purplelilac, May 20, 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,310
    Ако не се чувствуваш доволно 'маж', оди служи.
    Не ти брани некој.
     
    ane.bella, Animali, staycalm and 3 others like this.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,685
    Likes Received:
    192,625
    Е така де. И јас го велам истото.
    Малку ме болат очи и уши, кога некој си ја тера водата на своја воденица постојано, геј бил, незнам што бил, па не исполнувал наметнати норми, па истите барабани секаде. Јас реков дека секој кој бил малтретиран има право да го пее истото. И некој што бил дебел. И некој што носел очила. И таа манекенката со витолиго што ја нарекувале крава. И таа што имала големи гради. Сите што друштвото, децата од клас или општеството на некој начин ги изложило на потсмев.
    Насилници има насекаде, жртвите исто страдаат. Или гејовите имаат ексклузивитет, да не речам монопол на болката ?
    Не е ова прашање за тебе Вајлд, општа констатација е.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,310
    Не е екслузивитет.
    Секој може да си организира марш за поддршка или промоција, или уатевр.
     
  4. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,210
    Likes Received:
    17,804
    Gender:
    Male
    Нека не те полазуваат морници не ме читај, и не ми извртувај зборови не паѓам на таа игра :l:! ;)

    Точнооо,а замисли што би се десило доколку им текне да организираат контра парада (имаат право нели) е дури тогаш циркусот ќе добие целосна смисла. :)
     
    Last edited: May 24, 2019
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2014
    Messages:
    4,217
    Likes Received:
    13,681
    Gender:
    Female
    Еееј царица си за извртување на мислења стварно, капа ти симнувам.
    Само уште да го цитираш се ова што си го пишала кој го пишал и дали стварно така го пишал или ти си ставаш кукулчиња на се.
    Ќе испадне после ама така имаш пишано, а мислиш вака (дека нели ти и мисли читаш што мислат луѓето).

    Си направи профил на замислено другарче за да пишеш мислење и да ви биде интересно :clap:
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,685
    Likes Received:
    192,625
    Аман престанете да замарате за паради и контрапаради на секоја ф... тема.
    И едните и другите.
    Остајте не да си праиме муабет за деца и точаци, ок?
     
    bittersweet likes this.
  7. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Joined:
    Dec 6, 2014
    Messages:
    862
    Likes Received:
    3,383
    Но има истражувања кои покажале дека истите разлики во преференцијата на играчки ги има и кај мајмуните. Како тоа би се објаснило само со влијанието од родителите?

    Немаат свест за тоа кој пол се, но постојат хормонални разлики кои влијаат врз изборот на играчки.
     
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,267
    Likes Received:
    176,617
    Gender:
    Female
    Да зошто јас 2 годишно дете ко не знај шо е кола, кога ќе ја пофатам ми работат хормоните.

    Во животот сите имаме преференци, почнувајќи од избор на кариера и да, играчки некогаш можи да се индикатор за кариера, ама не за сексуалност на пример.

    Не само кај мајмуните, ако имаш миленик ќе сетиш дека веројатно има омилена играчка. Не е до хормон, преференца е, и то е сосем нормално.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,173
    Likes Received:
    132,143
    Gender:
    Female
    Имам мачори и мачки.И едните и другите играат со волници и со врвки,ама само женките ловат глувци.
    Едната мачка ужива да се закача и се тепа ко да е мачор,а и ќерка ѝ го покажува истото однесување.Мачорите се плашат од неа и бегаат,ама она упорно ги брка.
    Ете,и кај животните има нетипични однесувања,што значи дека не е секогаш до хормоните.И тие прават избор.
     
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2017
    Messages:
    2,548
    Likes Received:
    20,231
    Gender:
    Female
    Истражувањата не покажале ништо. Отвараат исклучиво дискусии за тоа како и на колку начини може да биде разбран резултатот. Оти ваквите статистички процеси, се уште не кажуваат ништо за поединечните преференции. Резултатите се премногу наивни, ништо повеќе од симплицистичка интерпретација на податоците.

    Освен тоа, мажјаците, (во едно од истражувањата) ја бирале тавата за готвење. Но авторите, ова го игнорираат, односно го правдаат со ограничена достапност на играчките. Од друга страна пак, во друго истражување, нема разлика меѓу мажјаците и женките, во изборот на играчките со тркалца и/или конструктивните играчки, првично таргетирани како машки.

    Изборот на боите, може дополнително да ги наруши резултатите. Бидејќи боите имаат "сигнален ефект" и не се аспект на сексуална селекција. Исто така, би било убаво и соодветно, во ваквите истражувања да се земат во предвид формата и звукот кои ги имаат играчките. Истиве имаат улога, барем кај децата.

    Зошто тава (како женска играчка) им била понудена на женките и зошто топка (како машка) била понудена на мажјаците? Затоа што истиве стереотипно се означени како машки и женски играчки. А не се. Немаат пол, неутрални се. Авторите ги означиле како машки и женски затоа што биле избрани од соодветниот пол или затоа што и самите стереотипно така ги поврзуваат? Ова е прашање кое останува отворено.

    Па дури и да го прифатиме "аргументот" од истражувањето со мајмуните како релевантен, дека постои полова разлика во изборот на играчки, ова, апсолутно не значи дека е така и кај луѓето или дека процесот на социјализација не игра важна улога тука. Како што реков, претпоставка, а не доказ.
    За родителите на мајмуните не знам. :D Но има нешто друго. Дали истиве, можеби биле вклучени и во други експерименти, каде е можно на било каков начин да им се влијаело или пак да копирале некое однесување. Колку тоа може да влијае врз изборот на играчките?

    Од друга страна, родителите на децата им нудат играчки од самото нивно раѓање. Иако не е убаво развиен видот на почетокот и бебето може да визуелизира исклучиво објекти кои му се во непосредна близина, на истово му се нудат бебешки играчки 0+. Изборот е секако на родителите, не на бебето.

    Други истражувања се правени на деца. Но како што кажав, резултатот не може да тврди дека половите разлики влијаат врз изборот на играчки, оти на децата, првично им влијае средината. Најмногу родителите.

    Има едно интересно истражување, каде бебиња од двата пола се облечени во неутрални бои и дадени им се играчки. Возрасни доаѓаат до заклучок, кое бебе од кој пол е според нивното однесување. Ако бебето се вознемири од некоја играчка, веднаш било женско, оти нели женскиве поемотивни сме, иако истово било машко. И ако женско бебе земе "машка" играчка, заклучокот бил, машко е. И обратно.
    Интересна констатација. :) Кои хормонални разлики влијаат врз изборот на играчки? Како на пример, тестостеронот влијае на ваквиот избор?
     
    WildMk, Animali and Annath like this.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2016
    Messages:
    3,549
    Likes Received:
    19,472
    Ептен сум party breaker ама ќе пишам. Иако се утврдило дека со шимпанзата делиме 96% днк, дали тоа значи дека психолошките правци со кои се служи човекот може да бидат применети како legit параметар за анализа? Да, делиме слични перцептивни и когнитивни способности, до степен каде дури и мозочните неврони функционираат по сличен шаблон, and аs far as we know, до сега нема понудено по ,,контемплирачка" теорија за еволуција од онаа на Дарвин и Саган. Aма, секогаш постои она ама..
    Само затоа што е единствена логична не значи дека е и најдобра. И не, не зборувам овде за теории на заговор, каде како опција се зима ,,генетскиот риверзивен инжинеринг" туку само посочувам на оut of the box размислување, и воeдно во предвид го земам фактот дека човекот со намера подобро да ги објасни појавите во околината која го опкружува често се служел со набљудување и компарација според модели и алатки кои тој ги создал за анализа и употреба.

    Истражувањето во кое мајмуните мажјаци одбрале потемни бои, или тркалезни и гломазни играчки наспроти нежни и лесни, не значи дека бојата и формата имаат мелатонинско/допаминско/тестостеронско/естрогенско влијание врз мозочните клетки при изборот. Бар таков statement јас не прочитав во тогашното истражување. Сеуште остана на она ,,не знаеме што ја предизвикува оваа појава ама така е" .

    Затоа како што пишав горе, човекот кога сака да ја докаже својата поента, по пат на набљудување и компарација најчесто и успева во тоа ако доволно се потруди. Од ова истражување не гледам некаков битен резултат и исход кој би можел да понуди некаков прогресивен отскок или ,,откровениe" кое би помогнално во научни цели. Who cares, и зошто е битно?
    Дали тие играчки имаат некаква супралиминална порака која е интуитивно или трансцендентно пренесена преку нивната тежина, форма и боја? Не е важно.

    Она што е важно е дека родот е фиктивна и системска творба но, полот не е.
    Родовите улоги постојат за да го симплифицираат и поларизираат животот на единката. Да ја одредат нејзината улога поради исконската потреба од дуалност чиј зачеток се темели на духовен принцип и постои далеку пред создавањето на општествoто.
    Ниту родот ниту полот не пречат, независно како се одредени кај личноста. Нека постои родот, но нека биде во служба за правење разлика, а не за да како резултат на таа разлика се зајакнат стереотипните видувања.

    Eдит: Ако некој праша како би се одредил идентитетот на една личност доколку го исклучиме родот како опција, одговорот е едноставен.
    Идентитетот е не есенцијален и менлив. Тој се трансформира низ многу фази и етапи низ периодите на развој, па се до зрелото доба, а некогаш дури и подоцна. :)
     
    Last edited: May 31, 2019
    Angie1432, WildMk, Briar Rose and 2 others like this.
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Joined:
    Dec 6, 2014
    Messages:
    862
    Likes Received:
    3,383
    Хормоните влијаат на типот на активности, а типот на активности на изборот на играчки и начинот на кој играат. Во тие истражувања девојчињата играле со играчки кои се и машки и женски, со малку поголема преференција за женски. Машките играле многу повеќе со играчки кои се сметаат за машки отколу женски.

    Додека двата типа на играчки можат да се користат на ист начин, количката има внатрешно движење поради тркалцата. Покажано е дека машките деца покажуваат поголем интерес кон движењето на објекти отколу движењето на живи суштества, кај девојчињата тоа е обратно. Moжеби тоа игра некаква улога.

    Од каде доаѓа таа преференција?

    Ако успееме да ти тргнеме сите социолошки влијаниа, а сепак постои разлика (како кај мајмуните) тогаш не зависи се од социјализацијата.

    Општо земено повеќето истражувања го земаат просекот и брз тоа утврдуваат кои се разлигите помеѓу групите за кои се истражува(во случајот машки и женски). Секогаш има поголемо или помало преклопување.

    Претпоставката е дека има разлика во процесирањето на информациите кај машкиот и женскиот мозок, тоа зависи од хормоните кои се лачат пред раѓањето. Би можело да има влијание во изборот на играчки кај малите деца.

    Покажано е дека цицачите од женскиот пол преферираат бои кои се црвеникави, а машките преферираат помалку црвеникави бои.

    Во ова истражување, за кое зборувам, биле понудени плишани играчки за девојчиња, а колички за момчиња. Погоре објаснив зошто момчињата би можеле да преферираат колички.

    Играчките кои ти ги наброја се сметаат за машки или женски бидејќи ја одразуваат улогата на машите и жените во општеството. Кај некои таа разлика е побледа или не толку битна. Сепак може да се повлече паралела помеѓу играчките и изборот на професии, можеме да речеме дека професиите сами по себе не се машки или женски, но тоа не значи дека некои професии нема да бидат преферирани во поголема мера од мажи или од жени.


    Најверојатно социјализацијата игра улога, но можеби преференцијата не може да се објасни само преку социјализацијата туку можеби постојат и други фактори.

    Навистина не знам дали учествувале во други експерименти и дали имале некое надворешно влијание. Секогаш постои таква можност.

    Изборот е на родителите, но ако понатаму му се нудат избор на играчки тоа може да ги избере оние кои највеќе му одговараат.


    Ако му се понудени две играчки на бебето тоа може да избере која било од нив, тоа не значи дека во иднина нема да има друга играчка која ќе му биде омилена.

    Конкретно за емотивноста, кај оние бебиња кај кои се лачи поголемо ниво на тестостерон додека се во уторбата развиваат аутизам, затоа во просек аутизмот е позастапен кај машката популација. Знаеме дека аутизмот се карактеризира со неможноста да се прочитаат емоционалните реакции кај другите луѓе, како и намалена емпатија.

    Има влијание, оние девојчиња со конгенитална адренална хиперплазија кај кои се лачи поголема количина на ангроген (машки хормон) преферираат машки играчки. Едно истражување покажало дека дури и оние девојчиња кои биле одгледани како такви и биле повеќе охрабрувани да играат со женски играчки, отколку останатие девојчиња, кога ќе им се понуди избор помеѓу играчки нивните преференции се послични со оние на машките деца.
     
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2017
    Messages:
    2,548
    Likes Received:
    20,231
    Gender:
    Female
    Различни истражувања, покажуваат различни резултати. И повеќето имаат методолошки грешки или недостатоци. Нема истражување (се уште) кое еднакво се поклопува со останати или нуди докази.
    Ти велиш претпоставка, во истражувањата стои истото, јас се согласувам. Авторите, не се осмелуваат да тврдат.

    Биолошката причина, останува и натаму нејасна. Не може да се објасни зошто момчињата преферирале поактивни игри и следствено бирале соодветна играчка. Теорија која не е потврдена. Резултатите се контрадикторни. Што е со оние кои покажуваат дека децата од двата пола, играле подеднакво со истите играчки. (Играчки на движење и плишки) Со мерење на индексот на тестостерон, кој се покажал доминирачки кај машките и сепак, немало разлика во резултатите меѓу двата пола.
    Која е таа помалку црвеникава боја? Бебињата, разликуваат цел спектар на бои, но селективно се насочуваат кон одредени, како жолта, портокалова, црвена или зелена. Тоа е најчесто така до околу една година, а подоцна, почнуваат да се насочуваат и кон другите бои од средината која ги опкружува. Патем, што е со формата и звукот? Конкретно кај децата, звучните играчки привлекуваат големо внимание. Без разлика на полот.
    Но постојат и такви кои покажуваат дека и машки и женски еднакво преферираат колички. И јас погоре објаснив дека не сите истражувања го покажуваат истото.
    Сепак зборуваме за општествени барања, оти играчките, веројатно секогаш биле екстремно родово специфични.

    Во однос на останатиот дел. Премногу ми е еднонасочно. Играчките имаат врска со развојот на когнитивни и социјални способности, но влијанието во целина е повеќедимензионално и зависи и од останати фактори. Поентата е општественото наметнување кое би можело да влијае на (не)безбедноста во пронаоѓање на родовиот идентитет.
    Или оние кои ќе бидат наметнати. Од социјалните влијанија, родово конгруентно однесување на родителите, улогата на постарите браќа и сестри (како модел на однесување), бабите и дедовците, рекламите, интернетот, телевизијата, одлично експонираната индустрија итн.
    Точно е. Нема правило. Исто како што нема правило дека влијаат половите разлики. Но внимавај, ја промашуваш поентата.

    Во цитатот, зборувам за различното однесување на децата во одредена ситуација и проценката на истото од страна на возрасни. Односно одредување на полот кај бебињата.

    Зборуваме за неутрални бои и неутрални играчки. Не се истражува која играчка ќе биде избрана, ами ова е насочено кон родителите и стереотипите кои длабоко ни се вметнати. Која е таа логика, ако плаче, женско е, ако игра со машки играчки, машко е? Речиси сите проценки биле погрешни.
    Не гледам причина да го потенцираш аутизмот. Во ова истражување немало деца со аутистичен спектар. За аутизам, можеме да продолжиме во соодветна тема.
    Не сум сигурна дека е ова докажано без сомневање. Во истражувањата за структурирана игра на пример, не биле употребени корелации меѓу однесувањето во играта и хормоните од амнионската течност. (Пренатално истражување на хормони). И не во сите истражувања, се покажале разлики кај контролните субјекти. Но да, најчесто имало сличности со преференциите кои ги имале машките деца.
    Наидов на податок кој вели дека не постојат други надворешни или внатрешни услови кои би имале влијание на истражувањето и воопшто на социјализацијата кај мајмуните. Сега, ако веруваме. :wasntme: И не знам дали важи за сите испитанички групи.

    Но неважно. Оти поентата таа е. Родот е едно, а полот друго. Првото се однесува на социјално создадени улоги, а второто се добива со раѓање.

    И така. :)
     
    BoneMachine likes this.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2016
    Messages:
    2,417
    Likes Received:
    34,778
    Gender:
    Female

    Прашање поставено од мајка кон психолог.
    Целосната статија е од deca.mk, а беше објавена и на фејсбук страната на факултети мк.
    И одма се јави сељачаната за ЛГБТ лобито, а што нема поим од психологија ама битно нешто да се пише.
    Штом не им е срам да пишуваат вакви коментари на фб, мене па воопшто не ми е срам да ги објавам тука.
    Нека стои.

    5465154654.png
    545431515.png
     
    Last edited: Feb 4, 2020
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Joined:
    Jun 18, 2011
    Messages:
    3,228
    Likes Received:
    25,843
    Gender:
    Female
    Posledniot komentar veil frli go vo kontenjer ne ti treba doma :@
     
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2016
    Messages:
    2,417
    Likes Received:
    34,778
    Gender:
    Female
    Не сакам ниту да помислам што родители се/ќе бидат овие што вака пишуваат. :x

    Не дај боже детето да си избере розова блуза или да посака да влезе во кујна со мајка си, кога ќе го соберат има трауми да му направат за цел живот.
    И после не се доверува детето, многу е затворено, не разговара со родителите.
    Па кому да се довери, кому да му објасни некое свое размислување/желба, кога автоматски ќе биде осудено.

    Се обложувам дека немаат ниту слушнато за тантруми, поим немаат за детската психологија, ама си земаат за право да коментираат некој кој бара совет за СВОЕТО дете и најбитно да се каже е дека фАкулТеТи мК сПодеЛува СтаТии со ЛгбТ прОпаГанДа. (facepalm)
     
    Annath and Amellie13 like this.
  17. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Joined:
    May 21, 2013
    Messages:
    1,101
    Likes Received:
    8,169
    Gender:
    Female
    Благодарение на темава дознав дека сум машко пошо никад не сум сакала ни розева боја ни кукли, туку си играв со колички и сакав плаво и зелено.
     
  18. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Joined:
    Dec 1, 2021
    Messages:
    554
    Likes Received:
    1,188
    Gender:
    Female
    ✌️:wasntme:
    Еве јас ќе бидам и уште неколку женски од форумов. :D
    Само, брату... немој мене да ме ставиш да бидам таа што ќе носи вреќи цементо... 50 и две-три кила сум... Ќе треба вреќата мене да ме носи :D
    И глеј тоа манџата по со месо да биде, помрсничка. Немој да ја направиш некоја диетална. На толку "лесна" работа, уште и лесна манџа?
    Оди гонисе. :!: :P :D