Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    За мене лично ништо нема погрешно во тоа да се прошири дискусијата, но само ја цитирав Реин за што е поентата на темава.
    Не мора одма да го сфаќаш тоа како некаков напад врз тебе. :)
     
    На WildMk и Emy867 им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Лесно е хипотетички да се збори ама кога вашиот син ќе биде исмеван и тепан на училиште не знам дали родителите ќе пробаат да му наметнат дека не би требало да облекува фустанче
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ти претера. Ги направи децата на родителите на кои женските им се играат со кукли а машките со колички, автоматски дека стануваат дадилки на 30 годишни мажи или насилни мажи. Колку одвратно звучи. Муабетов имаше друга поента а тоа лично генерализирање не ти требаше.
    И сега ќерка ми што си игра со кукли и е грижлива со нив автоматски ќе стане дадилка на 30 годишен маж? И без јас да и наметнувам со што да си игра, јас сум неодговорен родител што и дозволувам да ги храни и успива куклите.
    Има машки женски работи, како што има машко и женско. Ако беше се исто, ќе бевме сите машки, женски или хермафродити. Ама сите. Ама ете создадени сме различни, мажи и жени.
    Напротив, ако одиме во таа насока, преголемото давање слобода кај децата и учење на тие еднаквости неспособни да направат разлика што е што, доведува до девијантни појави. После ќе ми продавате финти педерастија била вродена, онаква оваква. Научена е, не е вродена.
     
    На oblace1 и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    f.jpg
    41ea903441677e6e0677d198adfa81e2.jpg
    ff.jpg
    fff.jpg

    Гледате половина мажи на сликава, половична машкост, наоѓате нешто погрешно во сликиве ?
     
    На staycalm, smooch, ane.bella и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    тоа што не му смета маж да носи фустан, не значи дека сака и тој да носи :D
    Исто како што мене не ми смета да носи некоја штикли од 20 сантими, ама јас не сакам да носам.
     
    На staycalm, Someonespecial, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    96.606
    А така ли...сакам да се онедувам, не сакам да ми влегува. Ок.

    Тогаш, кога вие ќе правите во пракса нешто, па ќе ги убедувате другите дека тоа е супер базирано на искуство, може да разговараме на тема различности.
    Вака на празно, сите можеме да кажеме што сакаме.
     
    На oblace1, JuLleE, m.i.g и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Кои се тие 'машки' и 'женски' работи, баш ме интересира?
     
    На staycalm и Purplelilac им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Глупости, не мора да си сериски убиец, па да имаш став за казните за сериските убијци |(
     
    На staycalm, Purplelilac и Nausicaa им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Пенис и вагина ебате, само тролаш цело време и се праиш наудрена.
     
    На oblace1 и Yowannty им се допаѓа ова.
  10. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    За женско стварно е лесно, не се важи ако имаш ќерка и се чукаш во гради дека ја оставаш да носи машки алишта и дури и ти и купуваш алишта во машки бои. Сите ние носиме машки бои, дури и машки алишта и тотално е нормално и незаприметно. Машко со фустанче, со хеланки, со принцес натписи, со светки... До таму сме стигнати што еден балетан го нарекуваат геј затоа што носи хеланки, на маратон гледам машки хеланки носат ама врз нив шорц, ваљда да не биде геј, зошто инаку тоа би го носел.

    Се е тоа до нас уствари. Општеството секако критикува и осудува, никогаш нема да погодиш, ако не го малтретираат и исмејуваат за хеланките, ќе го исмејуваат за дебелите образи, силеџии има и ќе има, децата треба да се учат прво на изградба на карактер, да не израснат во такви и не дај боже да знаат како да се одбранат и ја избегнат таквата ситуација со силеџиите.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сѐ е кажано :)
    Така по дома, нека ти помогне маж ти додека усисаваш, нека ти дигне нозете за полесно да поминеш околу каучот :D

    Не те чуди зошто ќерка ти сака да пегла, а син ти не? Па затоа што мама пегла, а не тато.
    Син ти, сама си кажа, оди во кујна за да удара по садовите. Пу, пу, таман работа да готви. Не дај Боже да се попедерчи
    Така е. Кај смее машко да пегла, или женско да тупа. :D
     
    Последна измена: 21 мај 2019
    На ane.bella, Someonespecial, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    96.606
    Ова се веќе екстреми и секој разумен човек го има истиот став за сериските убијци.

    За она за кое што сега дискутираме, не е така.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    И? Како пенисот и/или вагината, влијаат на чување бебе?
    Ако имаш пенис, автоматски си неспособен бебе да храниш, облекуваш, бањаш?
     
    На staycalm, ane.bella, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.511
    Допаѓања:
    201.523
    Пол:
    Женски

    Нема машки и женски работи, има различни работи. Само што во текот на генерациите се наметнало дека некои работи ги прават мажите, други жените. Тоа е веќе стереотип.
    А во однос на педерастијата, не е научена. Вродена е. Со глава гарантирам. Не дај Боже да осетиш на своја кожа, како што си толку уплашена од различните.
     
    На staycalm, smooch, ane.bella и 9 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.811
    Моментот кога би приметила дека мојата ќерка од малечка игра улога на маж, за мене е нормално да се вознемирам и да почнам да ја насочувам во друг правец - да размислува и да делува како женско.

    Што е страшно во тоа што мајка ми ме учела да готвам, чистам, пеглам и да бидам добра домаќинка ?
     
    На oblace1, JuLleE, elena.mak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Е баш за се' е така.
    Еве помек пример ќе земам: Не мора да си метеоролог, за да имаш став за глобалното затоплување, не мора да си доктор, за да имаш став за вакцини, не мора да си социјален работник, за да имаш став за процедура за присвојување деца... итн итн
     
    На Purplelilac и Nausicaa им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Нормално е да се вознемириш ако ќерка ти игра 'улога на маж'???
    Каква е таа 'улога на маж', која би те вознемирила?
     
    На staycalm, Purplelilac, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  18. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Кој е тој правец каде дете би размислувало и делувало како женско? Да помага со метењето, да меси тесто, да заспива кукли?
     
    На staycalm, candy.cane, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    Тоа што мажите не се учат да чистат, пеглаат, готват и да се добри домаќини.
    Што од мали теретот се става на девојчињата.
     
    На staycalm, bittersweet, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.283
    Допаѓања:
    284.854
    Па најчесто тие освен став и вистински си ги ваквинираат децата на пример.
    Ова би било како некој да пее цел ден за добродетта на вакцините а неговото е со празен вакцинален картон.
    Ама да, став важно има и ќе им кажува на другите колку е добро за човештвото да се вакцинира.
     
    На oblace1, An-na, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.