Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не е лошо што мајка ти те учела да готвиш, чистиш и пеглаш.
    Лошо е што мислиш дека машко не треба да готви, чисти и пегла. Тоа за домаќинката е.
    А ако остане сам да живее ти ќе одиш да му готвиш, чистиш и пеглаш?
    Кога бира жена ќе бира животен сопатник или слугинка?
     
    На bittersweet, Harper, smooch и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Аха, мора да сум машко, и да носам фустан, за да смеам да поддржувам мажи кои носат фустани :D
    Ок...
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.511
    Допаѓања:
    201.523
    Пол:
    Женски
    Нема ништо страшно во тоа. Ама така исто треба да се третирани и машките деца во семејството. Јас имам два сина. И сакам да ги научам да готват, чистат, да бидат добри домаќини, како што сакаш да ја научиш ќерка ти. Во кујна ми помагаат, заедно празниме машина за садови, заедно месиме тесто, за викенди заедно чистиме... не е тоа нешто што само жените треба да го прават.
     
    На Lolipop23, staycalm, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.811
    Зошто размислувате така?
    Зошто во тој правец дека терет се става?
    Терет ви се вам тие работи ?
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Рефке, а синовите ги учеше да готват и чистат и бидат добри домаќини, или само ќерка ти ќе ја учиш?
     
    На staycalm, Nausicaa и violetblue им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.104
    Допаѓања:
    87.917
    Пол:
    Женски
    За мене трупање и цепење дрва се машка работа и точка.
    Нит имам сила да го правам тоа нит можам.
    Има машки што работат се дома,и усисаваат и чистат и пеглаат и пружаат,готват ,не знам зошто се прават драми околу тоа.Сегашниот маж ги дели работите и обврските во домот.
     
    На oblace1, Chantal, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Па ако твојот дечко/маж не е способен да подигне нозе за да исчистиш а и самиот не знае да фати правосмукалка за да исчисти, не значи дека и мојот е таков. Кај нас нема такви поделби на обврските. А и не зборуваме за обврски во бракот во темава.
    Моите деца се две ипол години, алооо, и татко и да го гледа да пегла тоа ќе го прави и она. Ајде, имаш време, ќе видиш како функционираат работите со децата. Очигледно сега не ти е јасно. Син ми удира во садовите затоа што така си игра, тоа му е интересно и не го прави само со садовите. И на сите деца им е интересно во кујна, ама се во свое време. Овие невкусни досетки во смисла дека мојата двегодишна ќерка ќе биде домаќинка што ќе му ги крева нозете на мажот за да исчисти а син ми ќе биде насилен маж со кренати нозе на фотеља и пиво во рака, не ти палат кај мене. Треба да се засрамиш што ме цитираш и ги спомнуваш моите деца. Не гледам каде јас се обратив за деца на некој член.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    Нормално дека се терет.
    Да дојдеш од работа, да готвиш, чистиш спремаш деца, а он ужива, тебе нема да ти е терет? Ти прекапана, он спие хрчи, нема да ти е терет? Ти сакаш да излезеш, он не може сам со деца, нема да ти е терет?
     
    На staycalm, bittersweet, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.511
    Допаѓања:
    201.523
    Пол:
    Женски
    Па терет се, ако само ти ги извршуваш. Обврските во домот се поделени, и мажот и жената треба да ги извршуваат. Не само жената. Ако така ги делиме работите, физичката работа, земјоделие, сточарство - треба да бидат машки работи. А не се, и жени ги работат.
     
    На staycalm, bittersweet, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.811
    Добро е, ми олесна оти знаеш што мислам:D.
    Каде виде што мислам ?:?:

    Мажите околу мене и готват и перат и чистат:), и тоа подобро од секоја жена.

    Синовите не само тоа, туку и да си ги чиваат и штедат жените:)


    Ама не е насловот тоа за што овде се збори

    Да редактирам, видов дека сте пишале:
    Незнам зошто праите реска поделба- жената рмба по дома, тој ужива.
     
    На oblace1 и Emy867 им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.925
    Допаѓања:
    132.947
    Апсолутно нема врска како си играат децата со тоа какви ќе бидат во општеството или во идното свое семејство.
    Маж ми е спортист и професионално се занимава со тоа. Од мал е по натпревари и сите играчки дома му биле спортски. Од мал играл фудбал и дома не се прибирал. Никогаш не готвел. Никогаш не играл со кукли.

    Маж ми сега по 35 години бања дете, мењаше пелени, беше на породилно, готви 300 манџи за дете, полни машина и спружува, и не му паѓа круната. Откако ќе сработи дома, оди на тренинг 5 саати, и си иде дома да бањаме дете. Никогаш не бил воспитувам да е домаќин, туку да е човек. Свекрва ми Господ здравје да и даде, од денот кога дозна дека ќе имаме бебе, разговарала соо него и маж и од тој ден е подобра домаќинка низ дома од мене.

    Ќерка ми нема кукли. нема кај неа бањање кукли, готвење, играње докторки. Исклучиво боење со водени бои, земја и кал. Мечки имаме само за да ги фрла. Алишта сама си бира. нејзината улога во општеството ќе сија најде сама. Ако сака нека е градежен инженер и нека е среќна и нека има пари за да си плати чистачи за дома. Апсолутно немам намера да и давам идеи што да биде. И да имам син, да ме утепа Господ ако му речам не готви и не повивај бебиња, тоа е за девојчиња. Не, најдобрите шефови на кујна се мажи и најдобрите педијатри се мажи.
     
    На Lolipop23, drugarka, Harper и 14 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.283
    Допаѓања:
    284.854
    Кој рече дека јас не поддржувам?
    Друга поента се обидувам да доловам.
    Си правиме муабет за фиктивни ситуации... шта би кад би.
    Прашав за реално, лично, искуство.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Не е за со што си игра, туку муабетот: Немој тоа е за мажи, немој тоа е за жени.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.283
    Допаѓања:
    284.854
    А што е страшно доколку се признае дека физички сум послаба од сопругот и дека желбата не е доволна да го поместам плакарот за облека, дека он треба да го стори истото?
     
    На drugarka, oblace1, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Баба ми и и мајка ми цепеа дрва, бетер од мажи.
    Јас, не можам да замавнам, од шо сум шкулава, ако имам 'снага'.

    Индивидуално е.

    Нема ништо страшно во тоа, пошто станува збор, за физичка спремност, и кондиција, не за пол.
     
    На staycalm, smooch, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Еве, се засрамив ептен.
    Да те потсетам само на твоите зборови.
    Сега викаш нема?

    @referentka ти си таа која рече дека ништо не ти фали што мајка ти те учела на "женски работи" и дека ако ќерка ти проба да прави "машки" ќе се загрижиш. Ти сама го стави готвењето и чистењето во нешто "женско" што те научила мајка ти. Така да, или вие не сте на чисто што е машка работа, а што женска за вас, или се фативте сами во вашите зборови, па пробувате да се извадите некако.
     
    На bittersweet, Purplelilac, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ме изненади ова од тебе.
    Каква е таа улога на маж од мали нозе, што е тоа што едно девојче би требало да прави или да не прави, за да не присвојува карактеристики на машко ?
    Ако нејќе да ти помага со сукалката додека месиш ? Ако не сака да си ги крене алиштата после пресоблекување ? Ако нејќе сама да си наточи чаша вода ? Ако место барбика сака да се игра со робот ?
     
    На staycalm, Purplelilac, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    По темава, ептен се гледа колку сме далеку од родова еднаквост.
    Ич не сум изненадена.
     
    На staycalm, Purplelilac, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.283
    Допаѓања:
    284.854
    @WildMk па баш оти е физичка спремност, кондиција, не пол... се водат луѓето по некој просек кој за што има снага.
    Не дека нема жени што би поместиле плакарот, ама просек де. Од таму испаднало.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    96.606
    Вајлд, досадно ли ти е?
    Зборуваме обопштено, аман. Уште со настанокот, жената е понежен пол и потешките физички работи се на мажот. Значи НА ГЛОБАЛНО НИВО. Не за мајка ти, мајка ми, Перса, Трајанка.
    Што има толку страшно и назадно во ова?

    И каде прочитавте вие дека ако јас на пример, не поддржувам маж во фустан, сум за тоа да жената биде слугинка по дома?
    Ова се две дијаметрално различни работи. Ем на клоци би излетал ако е во фустан, ем ако е готован на мама.
    Лесно е за оној кој сака да разбере.
     
    На Harper, oblace1, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.