Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Зошто?
    Појасни ми, ако може.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    96.578
    Оти сакам МАЖ.
    Во спротивно, ќе си најдам жена, која стварно ќе ми биде атрактивна и секси во фустан.
     
    На Harper, oblace1, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Не секогаш просекот е објективен и меродавен.
    Жените можат многу повеќе отколку што ни е кажано дека можеме. Ограниченоста од тип на една жена не може да цепи дрва ( пример ), доаѓа од задоеноста дека тоа е машка работа и ќе добие етикета мушкадарка, ако го прави истото, а не е лимитирана од физичката (не)спремност.
     
    На Purplelilac, smooch, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Зошто мислиш дека не е 'маж', ако носи фустан?
    Која 'мажествена' особина, ќе ја изгуби со носењето фустан?
     
    На Nausicaa и Annath им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.506
    Допаѓања:
    201.490
    Пол:
    Женски
    А ако немаш избор? Т.е еве, мораш, ама баш мораш да го поместиш плакарот, а сопругот не е тука или не е во можност да ти помогне, што тогаш? Или друга физичка работа, така потешка, која баш мора да се изврши во тој момент, неопходна е. Ќе викаш некого на помош или сама ќе ја направиш?

    Фустанот не го прави помалку маж. Маж си е маж, небитно што носи.
     
    На Purplelilac, Someonespecial, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Ти стварно веруваш дека поголем број од жените се посилни од мажите?
    Дека ова со просеков е некој мит?
    Дека стварно можеме да поместуваме плакари или сл?
    Еве јас сум под просек. Не можам.
     
    На drugarka, oblace1, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Не ни помислив дека ти можеш да се засрамиш.
    Убаво сум напишала:машки и женски работи, во претходен пост наведов и пример. Не реков машки и женски обврски (за тоа реков дека обврските треба да се делат). А сега да набројувам општопознати женско/машки работи немам време а и не планирам.
    Обично тие кои се жалите и се повикувате на нееднаквост помеѓу тие машко/женски обврски од лично искуство сте револтирани. Бидејќи да сте имале помош дома од партнерот не би реагирале така жестоко. Ама вие кога ги бирате партнерите би требало да бидете свесни колку би биле рамноправни во домашните обврски. Во денешно време за се има машини, за облека, за садови, за сушење облека итн...Дури има и правосмукалки на даљинско кои сами чистат. Не зборуваме за помагање на пример кога порано переле на река или во корита на раце.

    Тоа што ќерка ми си игра со кукли и се грижи за нив не значи дека кога ќе порасне нема да се образува, ќе биде само домаќинка и ќе се омажи за некој кој не ја почитува и не знае да фати правосмукалка, или да стави алишта во машина, да смени пелена на бебе итн...
     
    На ocicka2014, Emy867 и referentka им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.104
    Допаѓања:
    87.888
    Пол:
    Женски
    И на колку од вашиве мажи им купувате фустани место кошули?За да ви бидат исто секси?

    Поради физичката спремност и снагата биле поделени работите,не поради филозофии.
     
    На drugarka, Harper, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    @Annath не можам значи не можам. Имање/немање избор нема да ми даде магично крила и сила.
    Кога сум била сама плаќав монтажа, кога сум била во пар сум замолувала партнер. Сама и без пари ќе си седам и ќе го гледам.
     
    На oblace1, JuLleE, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Немаш време, ама имаш време, наредново да го напишеш

     
    На Purplelilac и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    96.578
    @Annath , @WildMk , не би го ни погледнала за да ме привлече, па после и да му ја проверам 'мажественоста'. Толку е едноставно.
     
    На Harper, Glasna и oblace1 им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Биолошките разлики постојат и не можеме да ги негираме, да не биле тие не би биле опресиран пол. Тука е моментот на "посилниот". Ама за готвење не ти треба ни екстремна сила, ни па некои посебни женски моќи. Не ми треба ни сијалица да си сменам, па макар значело цел мебел во спална да го разместам за да се прекачам. Ама не негирам дека дечко ми може да смени само со тоа што ќе застане на креветот.
    Некои работи секогаш нему ќе му бидат полесни, некои мене. Ама тие работи не се менувањето пелени и готвењето по дома.
     
    На smooch, Lianna Anna, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Не ни смееш да дигаш и поместуваш тешко како жена.
    Женскиот организам не трпи големи тежини.
     
    На oblace1, JuLleE и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Зошто да им купуваме фустани, на оние кои не сакаат фустан?
    И може ли да биде работа, без придавка 'машка', 'женска', дигањето плакари?
     
    На Purplelilac и Annath им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Да, криво ти е зошто пишувам? Или навикната си сама да тролаш по темите 24/7
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Реалноста е таа и кај мене.
    Не ми пречи кој како сака да си се облекува.
    За мој партнер да биде треба да ме привлече.

    Кој се чуствува сексуално привлечен од мажи во фустанчиња?
     
    На oblace1, JuLleE, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Упорно силината како величина ја препишуваш исклучиво на мажите. Јас не реков дека е женска, ниту пак машка особина, велам дека подеднакво истото лежи во сите нас. Еден ќе е поспособен за едно нешто, друг за друго, без разлика на биолошката предиспозиција.
    Ти не можеш, ама исто така таму некаде постои и маж кој исто не може. Каде му е биолошката предност ?
    Еве јас имам цепено дрва и имам поместувано плакар. Имам другари кои не можат. Супер хјуман сум или што ? Знаеш ли колку жени постојат кои го можат истото, ама не го прават пошто сметаат дека тоа е за машките, понижувачки им е и срамно ?
     
    На Glasna, Lianna Anna, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Како да не.
    Џиткам 30 кубици дрва, мака немам, дигам троседи, плакари, на раце сум носела жена до брз помош паркирана пред зграда (додуша со болничар заедно)
     
    На Ketchup, Nausicaa и Annath им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    ПА да де.
    Еден за едно друг за друго.
    Таму некаде некоја жена стварно ќе го помести плакарот пред кој јас ќе се туфкам а истовремено некој маж бетер и од мене е може.
    Просек од голем број.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Добро, сексуално не ти е привлечен, тоа го разбирам, индивидуално е... Ама ако не е твој партнер, ами на ќерка ти, како што праша претходно, зошто би ти сметало тебе?
    Не мора тебе да ти е сексуално привлечен некој, за да биде и другому
     
    На Purplelilac и Nausicaa им се допаѓа ова.