Улоги во семејство - родителска наспроти партнерска

Дискусија во 'Брак' започната од theowndemon, 4 ноември 2024 во 22:42.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.124
    Допаѓања:
    161.363
    Пол:
    Женски
    Насловот ко дипломска да спремам. :D Ама инспирирана од микро дискусија која почна во „Врска со ожнет човек“ и фактот дека на неколу наврати спомнав дека имаме дете-центрично општество, мислам дека беше скроз неизбежно евентуално да заглавам во теми баш за то.

    Важните прашања шо ги имам замислено за дискусија би рекла дека се:
    • Дали општеството ни е дете-центрично и како тоа го афектира општеството? Колку е исправно?
    • Дали родителската и партнерската улога се засебни улоги? Која би требало да добие приоритет? Дали мислите дека овие улоги ги имаме и кога дискутираме со партнер (од аспект на родител и од аспект на партнер)?
    • Колку треба да дискутираме со децата за проблеми во семејството, а колку за проблеми во бракот? (пример. финансиски проблеми, брачни проблеми било тоа изневерување, ладен однос, или пак болести во семејството и семејни тајни итн)
    Шо е исто доста често при разводи кај нас, се збора со детето за поранешниот партнер (родител на детето) во светло шо знај да ги влоши односите на то дете со тој родител.
    • Колку е то здраво за детето, и колку е тоа здраво за (поранешни) партнерите?
    • Зошто иди до таков однос и која е целта која се мисли дека се постигнува?
    И факт е дека некогаш брачните проблеми влијаат на родителството пошто иако се засебни улоги сепак се улоги кои ги имаме во исто време и има преплетување низ нив.
    • Кога би било прифатливо да се зборува со деца за брачни проблеми?
    • Што кога брачниот живот влијае врз родителската улога? Како можи да личи тоа?
    И пошто ми се смејте дека сама си поставувам и сама си одговарам - утре ќе си одговорам на прашањата ете, дајте ми шанса да не водам монолог. :D Не дека нема сега во ворд да напишам и утре да го пуштам. 8-| Или можда ми е напишано веќе. 8-|
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.124
    Допаѓања:
    161.363
    Пол:
    Женски
    Знам дека не се многу сати во прашање ама ви дадов шанса да пишите пред мене. :D

    Дали општеството ни е дете-центрично и како тоа го афектира општеството? Колку е исправно?
    Бракот е меѓу партнерите, не меѓу родителите и децата. Кај нас, имаме дете-центрично општество и изместена хиерархија на систем. Не смеј детето да е дел од дикусиите за бракот. Не смеј да сети омраза меѓу родители. Ама не. Кај нас се збора со децата. Кај нас се плука отров кон другиот партнер ради лична огорченост. Кај нас се клава детето во средина на конфликтите. И на крај имаме јаз меѓу децата и едниот родител. Со то не му прајте услуга на детето, напротив. Реалноста е дека детето има право на двата родители. Оти родителската улога и партнерската улога се одделни. И колку побрзо се однесуваме така, подобро ќе е за децата. Друго кога мислам на дете- центричност мислам на запоставување на улога на партнер (која останува да ја имаме како улога иако добиваме нова „родител“). Пошто целта е детето да има убав живот и да можи да се осамостои и да води индивидуален живот одделен од нас, па после покрај нас да остани партнерот кој нема да го изгубиме по патот зошто ја заборајвме партнерската улога.​

    Дали родителската и партнерската улога се засебни улоги? Која би требало да добие приоритет? Дали мислите дека овие улоги ги имаме и кога дискутираме со партнер (од аспект на родител и од аспект на партнер)?

    За мене, апсолутно се засебни улоги. И треба да бидат. Сепак сите сме носители на поќе улоги. И како партнери, и како родители, и како деца, и како браќа/сестри итн. И зависно со кој сме – таква улога заземаме. Со родителите – сме деца. Со децата – сме родители. Со партнерите – сме партнери. Иако со партнерите зборваме и низ призма на партнери, а тоа е кога дискутираме партнерски однос, и низ призма на родители, а тоа е кога дискутираме децата.
    Колку треба да дискутираме со децата за проблеми во семејството, а колку за проблеми во бракот? (пример. финансиски проблеми, брачни проблеми било тоа изневерување, ладен однос, или пак болести во семејството и семејни тајни итн) Кога би било прифатливо да се зборува со деца за брачни проблеми?
    Према мене, то шо го афектира бракот и нашите улоги како партнери/брачни другари – не треба да ги вклучи децата директно во дискусија. Ако сетат нешто и има одреден проблем се пристапва да се види како да се угоди детето и кој наш однос влијае на то детето да се чувстува така. Пошто првично темата беше за изневерување ќе дам таков пример. Ако едниот партнер изневери, тој го изневери другиот партнер. Не и семејството иако често така сака да се вели зошто нели „не мислеше и сега ги изгуби сите“. Не треба да ги изгуби сите. „Треба“ (ова глупо звучи ама за поента го пишам) да го изгуби само партнерот. Пошто на партнерот ветил лојланост и на партнерот должи лојалност. На децата не е партнер. На децата е родител. И зошто родителската улога е засеба (и трајна), и понатаму тој партнер можи и треба да остани родител на тие деца независно на неговиот партнерски однос со другиот родител на тие деца. Накратко, нема зошто децата да знат за приватниот живот на родителите, и не треба да знат. То вклучва и дискусија за финансии, особено ако децата се уште малолетни/во училиште. Но, то не значи дека сите теми се вон дофат. Теми шо го афектираат семејството, а не бракот, се теми шо ги засегаат децата зошто децата се дел од семејството, едноставно не се дел од бракот.
    Е сега најчесто кај нас има големо повлеквање на детето во партнерскиот однос на родителите при развод со зборање лошо за другиот партнер, вадење на тајни кои се дел од партнерскиот живот, а не семејниот и родителскиот итн. Колку е то здраво за детето, и колку е тоа здраво за (поранешни) партнерите? Зошто иди до таков однос и која е целта која се мисли дека се постигнува?
    Нормално дека ова не е здраво. Детето има право на живот со двата родители доколку има можност за то. Ама кај нас е пракса, особено при развод, да се збора на детето за другиот родител: „мајка ти вака и вака напрај“, „татко ти не те ни сака, ако те сакаше немаше вака да напрај“ итн. И вака се прај јаз меѓу родител и дете само ради повреден партнер во партнерски однос. Ако некој е лош партнер, не значи дека е и лош родител. И обратно, некој е одличен партнер, ама не значи дека е одличен родител.
    Што кога брачниот живот влијае врз родителската улога? Како можи да личи тоа?
    Имаше интересна поента во претходната тема дека ако едниот родител пример изневерува, не е толку присутен за детето. Иако не е то правило, ако изневерувањето го прај лош родител, покрај лош партнер, тогаш влијае на родителската улога. Неќам да се повторвам ама ако некој е лош партнер не значи и дека ќе е лош родител. Некогаш можи да е и лош партнер и лош родител. Некогаш можи да е одличен на секое поле. Ама само зошто е лош партнер, по дифолт не го прај и лош родител.​
     
    На LivingGlam, Snowflake97 и Biljarkata им се допаѓа ова.