Јас имам искуство со кавитација и со повеќето третмани што ги нудат козметичкиве салони! Уште минатата година во Октомври си зедов еден пакет од кавитација,микрокомпјутери и LPG и резултатите беа очигледни и никогаш предходно не сум имала толку убаво тело и кожа на себе си! Има еден важен,ако не и најважен фактор тука -ИСХРАНАТА! Значи ако сакате навистина да ослабнете и да имате видливи резултати мора да бидете внимателни што јадете и се разбита да пиете вода по 2 л. дневно ,ако можете и повеќе! Мене другарките ми зборуваа дека сум ослабнала од диетата, ДА ослабнав од диетата меѓутоа овие третмани помагаат здрав начин на слабеење.Кавитацијата ги топи масните наслаги,микрокопјутерите се еден вид на пасивна гимнастика која не дозволува да се олабави мускулатурата при слабеењето и LPG-то ја затегнува кожата! Јас сум премногу задоволна и еве има повеќе од 16 месеци од кога ги правев редовно третманите,не вратив килограми ,целулитот се појавува повторно но не во иста мера,скоро незабележителен и тоа е по моја вина зошто изминатиов период не бев баш нешто посебно физички активна ! Е сега пазам на исхраната,но не гледам тука ништо лошо,имам свој режим и си го почитувам-за моето здравје пред се. Кавитацијата е од гоооолема помош ако сакате да намалите во обем,ама не иде после кавитација на пица-НЕ,НЕ.После кавитација може на чај
Кавитација-Липосукција без операција Не забележав ваква тема до сега (доколку има,слободно делит)... Јас размислувам подолго време да одам на липо,ама пусто страв ми е....не сум 100 посто упатена (во контекст на лузните,дали ги има,дали остануваат засекогаш,нус ефектите од зафатот,како се одвива целиот...итн..ако некој има познавање би било убаво да ме информира во приватна порака ) Знам дека салониве имаат нешто,направа некоја си,за кавитација,наводно еднакви резултати како со липосукција,мада за мене што е но сенсе...ама сепак,има некој пробано?
и јас сакам да купам купон од групер и се мислам на што да го искористам , дали антицелулитни масажи или кавитација .. Физички сум активна и еве последниве месеци внимавам на исхраната ,немам вишок килограми но имам целулит на бутовите и задникот , користев креми и чуда ама не се намалува.. што е подобро ,што ми препорачувте , јас досега немам никакво искуство со вакви работи по салони .. хееелллп
Спојлер Пакети ултразвучна кавитација и хемиска липолиза (од регија) до 6000,00 ден Ова ,,од регија'' значи дека чини 6000 само еден третман? Односно само за 30 минути ти зимаат 6000 денари и истите важат само за тој ден? Инаку ова го најдов од стр на др. Анчевски го пишуваше каде ѓи имаше понудено третманите.. Одговор?
Ми треба искуство за ултразвучна кавитација во естетските салони ДрАнчевски и скин солутион? Илии било какви искуства со оваа метода??
Здраво на сите феминки.. денес си купив едно купонче на групер за третман за слабеење и како што приметив горе доле има позитивни коментари за кавитацијата.. Инаку мојот пакет е 10кавитации, 10 soft&solve 10 ласеротерапии и 10 врапинг со цимет.. по многу убава цена во Тренд АС.. Веќе пазам на искрана подолго време, во килажа имам намалено, ама во обем ептен слабо.. има мало намалување ама како слабеам повеќе целулитот доаѓа до израз, па ајде кажете ми што мислите, ќе ми завршат работа овие третманиве колку толку.. за врапингот и за кавитацијата имам многу позитивни коментари слушнато, па ајде ако има некоја тука нека сподели уште.. ) Поздрав
Во Афродита-С моментално имаат пакет од осум кавитации по 30 минути за 8000 денари. Јас закажав за наредната недела, а прашањето ми е следново, кавитациите ќе се распределат за делот кај нозете, т.е 4 пати по 2 кавитации, на едно одење една кавитација од 30 минути на едната нога, и 30 минути на другата нога. Дали пакетов би имал ефект или воопшто да не се надевам и да земам ЛПГ/липо ласер нешто слично? Иначе се работи за намалување на обемот кај бутините, немам проблеми со килажата.
мила зависи колку целулит имаш на пределот кај бутините... ако немаш многу би требало да бидат доволни, јас кога одев ем немав многу целулит, ем пак групирав со други третмани... ќе си прашаш таму најдобро ќе ти кажат
воопшто не е болна, те мачкаат со гел и потоа со апаратот поминуваат низ местото каде сакаш да ослабнеш, само ти зуе во ушите ама не е ништо што е неподносливо.
Јас искористив 10 третмани кавитација, на стомакот и грбот, и сега земав пакет од 10 кавитации со 10 липолизи (монополарна радио фрекфенција) и 10 лимфни дренажи. Се препорачува после секоја кавитација да има и лимфна дренажа, барем така ми кажаа. Со само 10 кавитации и 5-6 лимфни дренажи јас од број 52 дојдов на број 48. Има резултати и многу сум задоволна. Мора многу вода да се пие бидејќи така се исфрлаат мастите а и ми рекоа да внимавам на исхраната. Јадам се само тестенини, благо и газирани пијалаци не пијам. А да и да не се меша храна, на пример ако за ручек јадеш ориз да не јадеш ништо друго со него.
Има некој правено третмани во Тренд Ас? Во близина ми е, и има пакет за слабеење од 5000 денари. Нешто ситно поскапи се во Силуете, ама многу помалку третмани. Е сега во Силуете барем знам за што ќе ги дадам парите, искуство со овие има ли некој. Да не се истрчам за џабе, и да си го одложам одморот за у август фино лепо и да се запотам во теретана дотогаш. @mmaar ти каде ги правеше?
Девојки има некој со искуство реално од оваа услуга во мк? Погледнав разни студија и сите нудат разни пакети, но слики пред и потоа нема,, Има некоја феминка со позитивно искуство, али реално ??
А колку кошта таму, и дали би можело ако не во порака да ми пратиш слики пред и потоа, и мене ми е за стомакот и грбот само
ај некој со искуство нека се јави да каже што како било цена каде правел после колку третмани видел разлика и слично..
Ајде некој да сподели искуства од скоро што има правено. Во кое студио во Скопје, како се движат цените?
Глупости живи. Ако не внимаваш на храна, и не си физички активна/ен, никаков козметички третман нема да те ослаби.