Голем дел од сликите дома ни се подарок, ама баш пред извесно време купивме три нови од Кала, на приземје во Бисер. Имаше многу убави уметнички слики, не знаевме за која попрво да се одлучиме. А и не беа нешто многу скапи.
Имам 2 уметнички слики од кои една во дневна триплер и една во ходник. Наменски се цртани за наш простор. Сликарот ни е пријател така да полесно му беше да извлече што сакаме (не дека ние знаевме што сакаме се шалам). Ако се само јас прашував ќе лупнев само и само од Дали има јака еротика во негови дела (ќе црта тој копии изгледа во брзо време )
Јас сакам уметнички слики, посебно во маслена техника. Акварели не ми се баш омилени. Има галерии низ Скопје каде можат да се набават секакви слики, а цената најмногу зависи од 1. Колку е сликарот познат 2. Рамката 3. Димензијат на сликата
Во минатиот стан имавме, некои од пријатели, некои од татко ми, некои од баба ми... Важно станот преполн со уметнички слики ни беше.
имам преубави иметнички слики по дома во дневната повеке и ходникот,сестрами ги црта исто и продава .
Женски ако сакате да си го уkрасите домот со репродукции на оргинали по добра цена, погледнете тука. Поздравче https://www.facebook.com/profile.php?id=100009640447086
Имам дома уметнички слики и тоа доста. Едни се комплет графики од ист автор, имам композиција од две слики - масло на платно, што ја добив на подарок и во дневната ми стои композиција од 3 слики масло на платно што ги купивме многу ефтино со вереникот преку една страна на фејсбук. Остатокот од слики во станот ги нацртавме јас и вереникот и ни се изработени со акрилни бои. Дома кај моите исто така сите стари слики ги сменивме со слики што ги нацртав јас. Според мене, го оживуваат и освежуваат просторот.
Имаме неколку а од каде се појма немам, стари се. Многу сакам такви слики и сите ми се убави но најмногу сакам со пејсажи.
Ова зависи од мебелот твој дома. Која највеќе ќе ти одговара, само ти може да знаеш. А вака мене првата највеќе ми се допаѓа.