Прекрасен спорт кој за жал кај нас не е нешто популарен... би го издвоила ЕВГЕНИ ПЛУШЕНКО , можда го знаете веќе, се појавуваше во спотот на Билан со Белиеве.. како и на настапот на евровизија со истата песна
Многу убав спорт.Го следам доста често.Ми се допаѓаат облеките на женските и јас сакам таквиииии.. Спорт во кој уметноста е неизбежна.
Уживам во магијата на чудово Од мажите си го почитувам Плушенко,а во женска категоија Каролина Костнер ми е незаменлива. Зрачи со убавина,нежност..едноставно женственост.Мелем за очи ми е кога ја гледам Од парови Andrew Poje и Kaitlyn Weaver ми се идеални. Еве една вест,што ќе ги израдува сите љубители на овој спорт. Директен пренос во 20:45 на Еуроспорт,од светскиот шампионат во Ница. Јас едвај чекам,ју ху ху..после долго време
Jas odam na umetnicko lizganje i mnogu mi se dopagja,,,inache najomilena mi e Yuna Kim <3 QUEEN YUNA!!!!
I sega, i kako mala mnogu sakav da gi gledam..prekarasni se ali ne bi sakala da se zanimavam so toj sport.. jas ushe nemozham na klizalki da stojam kamo li toa da go treniramm..ali i zhelba treba da se ima..
Го обожавам спортот.Како мала секој ден ги гледав на ТВ и им се восхитував.Би сакала и јас да тренирам но немам можности.Прекрасен уметнилки спорт.
Прекрасен спорт!!! Од времето на црно-белата телевизија со уживање ги гледам и им се воодушевувам на настапите на уметниците на мраз!!!
http://www.femina.mk/новости/занимл...о-уметничко-лизгање-за-деца-од-6-до-16-години Мора да се пријавам
Кога спортот и уметноста ќе се измешаат се создава неодолива слика за вид и слух пред тв екраните. Уметничкото лизгање е грациозен спорт. Став на телото, техника на танцување и соодветни костими вклопени во една музичка композиција создаваат прекрасна приказна на мраз. Го гледам одамна и секогаш им се восхитувам на учесниците. Немам фаворит меѓу нив. Секој од нив на посебен начин го изразува уметничкиот стил на сцената.
Каква изведба, секоја чест! Сосема заслужено злато, ми се насолзија очите. Каква нежност, елеганција...
Обожавам уметничко лизгање уште од мала им се возхитувам... Овие ми се едни од најдобрите што сум ги гледала. Какви движења во ритамот на музиката, права магија.
Уште од мала го сакав уметничкото лизгање. Но се одлучив за балетот. Дефинитивно ако не се одлучев да бидам балерина, ќе се запишев на уметничко лизгање