1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уметност

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од swe.ety, 6 ноември 2012.

  1. swe.ety

    swe.ety Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Што според вас се подразбира уметност?? :) :)
    Еве да започнам јас. Според мене тоа е начин на кој повеќето луѓе се изразуваат, и ги искажуваат своите мисли, желби и потреби.
     
  2. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам :rock: :rock: 8)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Уметноста ја создава оној кој умее, кој има во себе нешто божествено, моќно, некој кој е пречувствителен, кој има осет за постоењето на нештата, кога тој човек создава уметност, преку уметноста знае да допре до вистинитоста на истите, оттаму и произлегува таа изненаденост, фасцинирање од страна на другите луѓе.Тоа не го може секој и незначи дека за да се создаде треба огромен труд, огромен труд, да, но во смисла на усовршување на едно дело.Уметноста е кревка, таа нешто е како огледало на реалноста, на видливото и не видливото.
     
    На SwanMay и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Гордана 10, да се биде уметник е ѓаволски тешка работа, едни ќе те разбираат и подржуваат други ќе те критикуваат, уметноста не е за површните и недоделкани богаташи, иако само тие можат да ја консумираат во своите домови, во домовите на уметноста, уметноста е во живеењето, уметноста е во бидувањето. Да се создава уметност значи да се создава подобро утре, нов свет за живеење. Уметноста е во природата, уметноста е во нашите домови, уметноста е во салоните, уметноста е на даските кои живот значат, уметноста е на платната, уметноста е во кинопрожекторите, уметноста е возможноста на бело платно да ја разбереш кривудавата линија и да го воочиш бакнежот во неа, како што Масин умее да бакнува преку неговите кривудави линии, да го слушнеш шепотот во нотите на Симон, да се соживееш со Сенката на Манчевски, да ги допреш височините кои ги допира Ајфеловата кула.... Уметноста е насекаде и за секого, се разбира за секого кој умее да ја протолкува, за останатите доволно е само да не се спротивставуваат на нејзиното постоење. Но уметност не се сериски произведените ликови на скулптури кои го преплавија нашиот град, фасадите кои создаваат сценарија за средновековни филмови, објектите кои само навидум се убави за око, уметност ќе беше да вклопиш скулптура на нејзиното место, да создадеш уметност на фасада која само ќе го продолжи постоењето на зградата над Пелистер, да изградиш објекти кои ќе се надоврзат на силуетата на градот. Сега сум горда што создавам уметност, онаква каква што навистина треба да биде, без некому да му боде очи и да го дразни, за оние кои знаат да ја конзумираат. Да, јас сум уметник, се гордеам со моето бидување!
     
    На citiesinflames, SwanMay, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Уметноста е креативна човечка способност поврзана со сетилата, емоциите и интелектот, моќ и начин од целото обично опкружување да се создадат необични дела препознатливи по својата естетска димензија.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.528
    Многу е тешко да се даде една единствена дефиниција, според мене невозможно. Најпросто кажано, уметност е процесот на (пред се) креативно изразување кое резултира со краен продукт (најчесто, но не секогаш). Вака кажано, звучи како производство, а до некаде и е така.
    Ако тргнеме од самите почетоци и се запрашаме кога и зошто започнала уметноста, ќе сфатиме дека намената на уметноста не е само креативно изразување и естетско задоволување на сетилата. Во праисторијата луѓето "сликале" во пештерите. За прво уметничко дело се смета отпечаток од дланка. Што е тоа што го натерало човекот да остави свој отпечаток?
    1.jpg
    Потоа, сликале животни. Една претстава на одредено животно, група животни, луѓе како ловат животно, итн. Се верува дека намената на овие цртежи е магична и ритуална. Некои луѓе сметале дека доколку го нацртаат животното, тогаш тие навистина ќе успеат да го уловат. Други луѓе сметале дека доколку го нацртаат животното, ќе добијат некои негови карактеристики (на пример, тигар = брзина). Но, зошто човекот сите овие претстави ги сликал толку реално? Доколку поентата била магична, можел да ги наслика наједноставно што може (чичо-глишо човечиња, што би се рекло) и работата би била завршена. Но, тој користел повеќе бои, ги цртал со детали своите претстави.
    2.jpg 3.jpg
    Значи, човекот иако бил постојано загрозен, недоволно заштитен и можел секој момент да умре, тој чувствувал потреба за (естетско) креативно изразување.
    Само во последните 5-6 века во историјата на уметноста се провлекуваат 10-тици периоди и стилови на уметност и се изучуваат секакви начини и средства на создавање уметност. Просто кажано, секогаш се обрнувало внимание на формата и бојата пред се, а секако и начинот на изразување. Едно нешто кое осталано променливо е идејата.
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Уметност е се' што буди чувства кај личноста. :)
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Уметноста е дарба,талент.. нешто кое успева да побуди чувства кај оние што ја создаваат и истите да се рефлектираат кај оние што ја примаат.. ако нема чувства не е уметност, празно е..
     
  9. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    На Candelabra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    76.524
    Пол:
    Женски
    За мене, уметноста е креативен начин на изразување на своите чувства и мисли. Вештина е. Создавање. Зборови, слики, цртежи, звуци, скулптури, резба, декорирање. Буквално се' што ќе допре до некој.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Уметноста е поврзана со интимноста, уметниците својата душа ја преточуваат во видлива творба која не секој може да ја види и разбере
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.