Многу. Поготово периодов. Работните саати сеуште непроменети иако чекам веќе долго време, работам дупло саати неделно од тоа што треба. За да биде уште полошо започнав втора работа на интернет, па така после работното време си продолжувам дома. Време за ништо, летото помина. Ама го знаете муабетот, ајде млади сте, барем сега можете. Да бидам искрена и ние луѓето станавме многу негативни и незадоволни општо од животот. Би рекла дека има причина, ама и мрчењето секој ден е неподносливо. Стално сме насочени кон лошите работи, не го цениме она што го имаме, постојано се жалиме. Се трудам да бидам по позитивна ама во одредени моменти е невозможно кога гледаш како животот ти поминува пред очи. Некој се жали од немање слободно време, друг се жали од немање работа и пари, и тоа е. Сепак треба да се трудиме да живееме најдобро што можеме, бидејќи ова време нема никогаш повеќе да се врати.
Заморот е последица на секојдневната монотонија. Животот е премногу динамичен и поминува пребрзо од плановите и очекувањата.Балансот и организацијата на времето тешко се одвиваат според потребите.Негативноста во средината е општо присутна од човечкото незадоволство кое се манифестира низ завидливост, љубомора, борба за престиж.Степенот на толеранција, интересите и погледите се пресудни за да не се потпадне под нечии фрустрации и провокации без оглед на блискоста на комуникација. Многу е битно да имаме своја граница. Тоа што е на листата на приоритети со текот на годините се менува. Константност не може да се очекува од никој, па дури ни од себе. На секој нешто му недостасува. Додека еден дел сме го составиле, некој друг ни се лизга од рака. Во таа континуирана потрага по реализација и стекнување на придобивки за подобар живот единствено што треба да не одржи е позитивната мисла и вербата во себе. Ништо не може да биде полошо од темни мисли, а најлесно е да се откажеме од целта. Идеален живот обоен во розово нема,ама мораме понатаму. Порано или подоцна со многу трпение и сила ќе ја имаме сопствена коцка. Тогаш ќе заборавиме на сегашните мигови и заморот.
Од маж ми не сум уморна, напротив тој ми доаѓа како лек во целава оваа ситуација. Но за жал за работата и околината не можам да го кажам истото. Уморна сум од луѓе кои се мешаат во се, се ги интересира, па и ако не ги послушаш како да си убил некој се понашаат. Уморна сум од оваа глупава работа, каде работиш дупло од колегите, имаш милион поголеми обврски и одговорности за само по*рани 2000 ден повеќе.
Освен ноќите друго ништо не ме уморува Би сакала да сменам малку,да одспијам една ноќ без да се разбудам едно 10 пати Деца,сопруг,прекрасно секојдневие Работа немам Работа низ куќа колку да сакаш ама не мора да е дел од секојдневие за да не се уморам Нормално некогаш и мене ми доаѓа да побегнам од реалноста ама тоа многу ретко
Секојдневието го обожавам. Монотонијата исто. Уморна сум од народот кој гледам како меѓусебно се јаде. Тоа ме уморува. Меѓусебно такмичење. Лицемерие. Суета. Ништо друго не ме уморува.
Понекогаш да. Посебно кога ќе завладее монотонијата. Тоа ме убива. Секој ден да ми е ист неможам. Затоа морам да правам нешто, макар излегла на прошетка или се слушнала со пријателка. Исто ме уморуваат секојдневните обрвски и си викам до кога вака турбо? И после се помирувам дека се вака ќе биде. На мене се чека се.
Во моментов не,ама од утре богами... Ме заморува исцрпувачката физичка работа,малиот број слободни денови,патувањето натаму наваму,пазарењето готвењето... Ме заморува сите и се да носам на грб.Од пакување за одмор до средување на алишта секојдневно...изигравање лекар и психијатар,поставување дијагнози и лечење... Ме заморува и тоа што често работам и машка и женска работа по дома,мм ретко помага... Баш би сакала да избегам од се и од сите,не на 5 дена.Засекогаш.
Мислам дека никогаш во животот не сум била поуморна. Уморна сум и физички и психички од работата што ја работам, а ја мразам толку многу што се мразам себе си и сите поврзани со неа. Толку сум уморна и физички и психички после смена, што не сум способна тоа малку слободно време што го имам да го искористам за работи што ги сакам бидејќи морам да одморам за да можам да го издржам наредниот ден. Од умор поголемиот дел од времето сум нервозна што знае да ми донесе непотребни конфликти со дечко ми и мајка ми. Од умор одложувам мал милион други работи. Од умор немам желба за ништо.
Mn dobro te razbiram, i jas isto se cuvstvuvam. Probav so razlincki aktovnosti da izlezam od toj krug no nekako povtorno se vrakam pak vo nego veke dovolno dolg period od mojot zivot...mozebi ke ti pomogne ako citas knigi self-help i time management (ako imas energija ostaneto)...mene mi bese mn tesko da gi inkorporiram vo moeto sekojdnevie... ako imas nekoi idei pls spodeli
се осеќам уморно и психички и физички само од работа...ми доаѓа некогаш..т.е. се почесто.. да избегам од ова работно напорно секојдневие...ме нервира тоа што немам повеќе слободно време..што цело време е исполнето со работа... другото ми е со во ред......
Да уморна сум од животот од лугето што најмногу верував мислев се моја подршка ама ништо... Работам како црнец по цел ден сега планирам дополнителна работа да фатам за да можам да отидам на страна сама во една соба ама мир ќе имам.... Уморна сум од работава работам од 17години ама морам да собирам сила за се уморна сум многу од се али морам да останам силна...... Нјаголема сила и мир е мојот живот ,мојата љубов мојот дечко он ако не е до сеа ќе завршев во психијатриска болница
Уморна сум од се,од работа,од колешките што се ги интересира,мизерно ми е на работа да кренам слушалка одма треба објаснение кој се јавил и зошто,па уште ми вели да сум одела обавезно на одмор оти ке ме избричела и одоздола и одозгорама да не те боли идиотко една дали ке одам или не или дали има со кој да одам,моја работа.Љубовниот живот дно дна,стресови,нервози,вадење низ нос сешто,социјален живот нула,поддршка ниту убав збор немам од никој,ниту од дома,само дома знам така да се релаксирам во мојата соба,под стрес под напон сум цело време,уморна сум премногу или ќе се разболам или сите у пм ќе ги отерам.
Уморна од се, од работа и се околу неа, се враќам дома и не сум способна за апсолутно ништо, уморна сум и за него, уморна и за себе си.
Не, мене ми треба нормална работа со нормална плата. Кога те цицаат неописливо за речиси беспари, тогаш никакви активности не помагаат, бидејќи поголемиот дел од времето го трошиш на работа. Малце офф, ама една од главните занимации во слободно време ми е читање време и тоа засекогаш ќе ми биде омилен начин за да одморам од секојдневието, но сепак не е доволно. Велат парите не се се' и така е, но се нешто кое помага во мнозинството работи во животот. Не верувам дека би била уморна доколку можам да си приуштам да се излежавам на некоја плажа или да си седам во некое кафуле во некоја метропола низ светов.
Уморните некогаш ќе се одморат. Мојот проблем е што сум неуморна. Сакам секаде да бидам, сите да ме видат, со се да бидам во тек, со секого да сум во контакт, обврските ги завршувам во даден рок... и само скокам и трчам наваму-натаму... Би сакала Земјата да запре на некое време за да не мислам на сите оние нешта што постојат на светот, а јас ги пропуштам затоа што сум зафатена со некои други
Од секојдневние не, од луѓето да. Не ме плашат обврски, предизвици, ама напор луѓе преку глава ми се. Трпение-спасение.
Понекогаш да. Знам често да си посакам да ме снема од тука на некој одреден период , ама само си посакувам Како и другите така и јас мислам дека повеќе сме уморни од луѓето околу нас, отколку од секојдневието.
Да,уморна сум.Викање,расправии,кавги,исправање криви дрини,докажување........ Едвај чекам да дојде ден кога ќе бидам потполно независна.