1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Универзитет Гоце Делчев - Штип

Дискусија во 'Образование' започната од velesanka, 21 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Со училишна матура во Штип можеш да се запишеш. Само веројатно на втор или трет уписен рок. Другарка моја, дури на медицина се запиша со училишна матура, а познавам и такви кои со истата се запишале на туризам, на новинаство.
     
  2. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Девојки навистина ли во Штип се полагало и колоквиум и испит? И да си положел колоквиум си морал и испит да полагаш? А Скопје ако си положел колоквиум не си полагал испит.
     
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    колоквиумите ти се услов за да одиш на испит, треба да собереш минимум 42 поена од 2та колоквиума, предавања, вежби и семинарска за да можеш да одиш на завршен испит кој ти носи 30 поена.
    Доколку имаш 35 поена собрано имаш право на поправен
    А доколку имаш под 35 поена собрано тогаш го презапишуваш предметот и го слушаш наредната година

    за Штип е ова
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Да, во Штип имаш завршен испит на секој предмет. Се собираат поените од колоквиумите, семинарската, редовност и ако имаш 42 и над, си фатил услови за завршен испит. Ако не собереш 42 бода, го презапишуваш предметот, иако ако имаш околу 35 имаш право и на поправен. А на завршен испит, писмено или усно добиваш три - четири прашања.
    Во Скопје, на поголем дел од факултетите нема завршен испит.
     
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Ахам а како се собираат уствари тие поени? Со редовност и активност на вежби и предавања и правење семинарски и од испитите добиваш поени, па со тие поени (ако ги имаш собрано одиш на завршен испит)? Така? А како можеш имаш под 35 поени?

    Ви благодарам многу на одговорите, извинете ако сум досадна, ама се интересирам бидејќи планирам Штип да се запишувам.
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Максимални поени што можеш да ги добиеш се следниве: 10 поени од редовност, 10 поени од семинарска, 10 поени од вежби, по 20 од двата колоквиуми, значи 10+10+10+20+20=70. Останатите 30 поена се од завршниот испит.
    42 поена не е воопшто тешко да се соберат: Ако си редовна со сигурност добиваш 10 поени, со семинарската исто така е лесно да земеш 10 поени, значи од колоквиуми и вежби ти останува да собереш 22 поена. Полесно здравје.
    Што се однесува на твоето прашање што го болдирав, ќе ти одговорам, без намера да навредам никој, ама треба да си глупав за да не собереш 42 или барем 35 поена.
    Ти на што факултет планираш да се запишеш?
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Ахам значи не е воопшто тешко да ги собереш поените.

    Па планирам физиотерапевт, ама не знам дали ќе ме примат во државна квота. :worried:
     
  8. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Не се залажувај. На прв поглед изгледа лесно ама се зависи од професорите, асистентите и твоето внимание. Можеш да се занесеш со тоа дека „лесно е“ и отиде предметот во неповрат до наредната година.


    Мислам дека нема да имаш проблем со запишување во државна квота. Како што ги забележувам кои се' ги примаат, ако имаш барем многу добар просек, нема да имаш проблем.
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Абе секако нема да се затрчам аха лесно се собираат, и да си спијам на тоа уво. Ќе се потрудам секако. Само ме интересираше од што се собираат и како.

    Иначе имам 89,092 поени, па се надевам ќе влезам државна квота.
     
  10. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе влезеш во државна квота со тие поени. Другарка ми со завршен испит се запиша исто медицина (протетичар) и во државна квота е.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Во Скопје и 70 бода да имаш од колоквиум + семинарска+ предавања+вежби си одиш на завршен ( и тоа на цел материјал). Дури оваа година имаше и предмети на кои ни беше кажано дека ако на завршниот испит немаме освоено 30% од максималниот број на бодови кои може да се освојат ( максимум од завршен е 30 бода) ќе се смета дека сме паднале. Богами така и треба.
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Меѓу завршен испит и цел испит има разлика. Значи, завршниот испит ти носи 30 поени и ти доаѓа како трет колоквиум (за него мораш да имаш 42 поени претходно). Цел испит мислам дека со новите „реформи“ постои само за вонредните студенти кои не полагаат преку колоквиуми туку одат директно на цел испит. А редовните ако паднат на завршен или ако не освојат доволно поени за да земат барем 6ка, полагаат пак завршен испит во наредна сесија, кој исто така носи 30 поени. Фактички го преполагаш завршниот.

    А за поените од предавања и вежби, не се залажувај дека лесно се добиваат. Се зависи од професорот. Некои бараат активност и на предавања и на вежби. Од тие 10 поени што ги добиваш од предавања 5 ти се за редовност а 5 за активност. Исто е и со 10те поени од вежби. Имам видено случај кога една колешка од предавања имаше освоено 8,42 поени :fubar: и така ги сметаат со две децимали. Или пак семинарската - една имаше 7 а друга 9, а една семинарска ја правеа и двете :x Се случувало и од семинарска колеги да имаат по 2 или 3 поени. За неа гледај да не биде copy - paste, туку да биде твоја, раскажана, преработена, барем поголемиот дел. Значи има секакви професори. Како ќе се покажеш на почеток така ќе биде до крај, барем според мене.

    Но, ти прво запиши се, ти посакувам многу среќа, а професорите и процедурите лесно се учат ;)
     
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Ви благодарам многу на одговорите, не бев многу информирана, само едно девојче ми кажа дека во Штип се полагало и колоквиум и испит а во Скопје не било така. Мене не ми беше многу верно тоа бидејќи она не е студент во Штип, туку друг и кажал дека е така, па испадна работава слушнала не дослушнала. Затоа јас решив да си ја проверам тука информацијата.


    И уште едно прашање. Знам дека сум досадна. Ама ме интересира дали мора Штип да се седи? Јас сум од Велес и би сакала да патувам, не сакам таму да седам. А ми кажуваа дека за превоз било тешко немало стално превоз, бла бла. Па ако има некоја Велешанка да ми каже како е таа работа?
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Можеш да патуваш,кој те лаже тоа дека нема стално превоз????Не сум од Велес туку од Виница ама знам дека на секој час има автобус...нека не те лажат следен пат.Ама се зависи како ке ти се часовите...Јас имав предавања дури од 4 до 6 а понекогаш знаеше да се случи и до 9 |(
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Па затоа тука јас си прашав оти девојчето што ми кажуваше некако не ми беше сигурно па затоа. Ми рече имало автобус само сабајле и само навечер, што некако не ми се веруваше, сепак еве кај ни е Штип.
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    превоз Велес-Штип има на секој 30 мин, значи автобуси такси свашта.. ако сакаш да патуваш нема да имаш проблем.. само искрено според мене е малку поскапо да се патува
    170 денари ти е карта во еден правец, значи во двата правца испаѓа 340 денари.. што не е воопшто малку :) Со такси ти е 150 денари во еден правец.
    А берово-транс мислам дека имаат и повратни билети тие чинат 270 денари мислам, не сум сигурна, само тие автобуси не се многу чести
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.128
    Допаѓања:
    81.629
    Пол:
    Женски
    Дечки, а овие завршни испити, ги има на секој факултет при УГД или како? Не ве разбрав баш убаво.
    И испитот е класичен испит (усно) или како колоквиум на заокружување и слично ... :^)
     
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Зависи од професорот и (нормално) факултетот. Завршните испити ги има на секој факултет (нели по новиот Болоњски систем и ЕКТС |( ). Најчесто се полагаат писмено, особено на факултетите со многу студенти (кај има време да испашуваат толку студенти). Ама секако, на дел мора и усно да бидат, како што се факултетот за музичка уметност или факултетите за јазици.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473

    завршниот испит е најчесто 3/5 прашања на раскажување (писмено)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674

    + колоквиумите и не се башна заокружување.
    имаш 10 прашања на заокружување и носат по 0,5 бода = 5 бода
    5 прашања со надополнување по 1 бод = 5 бода
    и 5 есејски по 2 бода = 10 бода ( не многу опширни прашања)
    ...
    на оние што препишуваат најтешки им се прашањата со заокружување. додека да најдат одговор отиде возот... а и често се двосмислени и збунувачи
    оние пак на дополнување мене ми се најтешки - се бара точно збор, два од некоја и не така важна реченица
    а есејските ... е ако учиш сигурно ќе знаеш да склопиш одговор