Девојки ако може да ми дадете линк од електронското пријавување за угд штип? Никако не можам да го најдам за да се пријавам. Фала однапред.
^Нема електронско пријавување на УГД. Ќе истакнат електронски само резултати. Ќе си ги гледаш датите и ќе си однесеш документи. http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ugd/ ... 014-15-ugd
Девојки на која сметка уплативте за таксена марка што е потребна за пријавувањето, на таа што е наведена во конкурсот? И на уплатницата што треба да се уплати 300 ден без проверка на знаење што пишавте на местото цел на дознака (јас пишав пријава по конкурс дали е грешка?) ии уште едно прашање дали има врска што на уплатницата го пишав бројот на улицата каде што живеам а на личната карта во адресата улицата ми е назначена без број( кога ја вадев личната карта немавме сеуште број на улиците) ? Што мислите дали е тоа голема грешка па да треба повторно да уплаќам
Може си требала таму за упис да пишеш кај уплатницата од триста ама не е проблем. И за адресата исто мислам дека не е проблем. Важно е да си уплатила на правилните жиро сметки и приходни шифри. Не се секирај толку, не е страшно.
Срцка еве што треба! Се надевам дека помогнав ја пишав за упис на унирвезитет и да напиши си ја и адресата! Нека ти е со среќа, и шо би рекле турците со лесно! - потврда за уплатени: ♦ 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно уплата за административна такса од 50 денари; ♦ 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата и уплата за административна такса од 50 денари. ♦ Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 100000000063095 Сметка на корисник 1600160330-788-18 Приходна шифра 723019 Програма 44 Oбразец ПП-50
Девојки...Сакав да се запишам на студиите за Забен техничар со 3 години.. Е сега прочитав во конкурсот дека за тригодишните смерови на медицинскиот фак треба да имаш завршено средно медицинско а јас завшив гимназија...Па дали тоа правило ќе важи или не? Што мислите вие ? позз
^Имаш броеви од студентски прашања, јави се и прашај дали е задолжително или прашај некој од претходните години.
Од минатата година, е воведена Октомвриска сесија. Инаку, до утре т.е до 10ти е пријавувањето испити во Августовска сесија?
Девојки ми треба помош.Дали знаете кои смерови ќе ги има ова година на економскиот во Штип и дали факултетот за архитектура е полесен од оној во Скопје?
dali se sekavate lani so kolku poeni na praven fak vleze vo drzavna kvota posledniot kandidat jas imam 85 imam li sannsi??
Имаш брошура на сајтот на факултетот де. Бреј, се сакате на готово. http://www.ugd.edu.mk/images/pdf/vodic_2014-12.pdf
Си ги спремив се документиве. уплатив 300 денари + 50 денари, не ми е јасно што е тоа оргинално свидетелство за завршено средно, такво чудо од школо не ми дадоа, туку само диплома во која ги пишува предметите што сум ги полагала со оценките и перцентилите. Исто така не го најдов електронското пријавување за угд, изгледа нема па нема да се пријавам електронски. Вистина ли нема електронско пријавување таму туку директно се носат документиве ? и ако е така тогаш каде ги носите да ги поднесете документите, на матичниот факултет ли каде сакате да студирате?
Не ти треба тоа оргинално свидетелство не се чуди и мен елани тоа ме бунеше само ти треба дипломата и свидетелството од средно што ти ги дале, електронско пријавуванње нема и тоа да не те загрижува, туку дирекно ги носиш докумнтите во ректоратот на угд тамо има штандови ке отидеш на точ штанд каде сакаш на кој факс да с запишеш ке пополниш пријава и тоа е
Каде се наоѓа ректоратот на УГД?. Може андреса? И пријавата од книжара да ја купам? Jaс сум од западна македонија и не ми е воопшто познат штип. Фала однапред.
Доколку сакам да се запишам на диспензираните студии на УГД треба да одам да се запишам во Штип во ректоратот или на местото каде што се диспензираните?