може некој што е на хотелско ресторанска насока да ми објасни што се учи, од што се учи, нешто околу праксата каде се оди и што се работи..
За девојките што се студентки на Факултетот за туризам и бизнис логистика - насоките: Туризам, Гастрономија, исхрана и диететика и Хотелско - ресторанската насока доколку имат потреба од семинарски работи, моја пријателка изработува семинарски за додипломски и постдипломски студии и дипломски по многу поволни цени. Доколку некој сака, можам во лп да му пратам мејл. Девојчето сама ги изработува семинарските, не ги одбирате однапред изработена тема шо сигурно пред вас 100 луге ја предале истата.
Каква е оваа работа..да не те примаат на тригодишните медицински смерови бидејќи немаш завршено средно медицинско Кој ги поставил овие правила бре луѓе??? Која е таа логика да се запишеш на 5-6 годишните смерови со било какво средно образование а да не можеш на 3-годишните со гимназиско, па нели учевме гимназија за потоа да се запишаме на кој факултет сакаме!!!! Катастрофа! Вакви ли се реформите во образованието??
Јас се чудам што годинава волку гужва на општа медицина во штип. Прв пат го гледам ова на интернет. Па ланни секогаш остануваше непополнето и во 3 уписен рок. Сега уште прв уписен ден се пополнето. Мршшшшшшшшшшшшшшшшшшш толку разочарана никад не сум била
Девојки имам едно прашање, дали и вонредните студенти ќе треба да плаќаат за студентски парламент, студентски правобранител, информатички и културни активности, теренска настава, лабораториски материјал итн.. Oднапред ви благодарам!
А сега не даваат свидетелство за завршена четврта година? Јас мислам дека мора да даваат. Барем јас кога завршив даваа свидетелство, а дипломата од државната матура ни ја дадоа после неколку денови и во неа стојат само предметите што ги полагавме на државната матура. Мора да има свидетелство за завршена четврта година. Кога се запишував ми ги земаа сите четири свидетелства од прва до четврта плус дипломата од државна матура, а кога дипломирав ми ги вратија. За постдипломски студии бараат потврда за познавање странски јазик. Кај се издаваат овие потврди? Дали може од било кој центар за странски јазици?
Информации од прва рака:Прават се планови на општа сите кандидати што имаат под 87 поени да се преместат во квотата со кофинансирање.А голема е можноста сите што имаат од 80 до 82 да се дисквалификуват и од кофинансирање.
Дечкии да ве прашам ..Дали ќе може сега додека уште не се излезени конечните резултати да си ги подигнам документите и на вториот уписен рок да се запишам на друг факултет во друг град??? Итно ми треба ве молам ....???
Имаше соопштение, неколку страни претходно го постирав, дека кредитите освоени во Октомвриска испитна сесија нема да се сметаат за услов. А и уписот е од 15ти септември.
Која е процедурата за добивање на уверение за положени предмети? Знам дека треба да се уплати 300 денари, за апсолвент 500, и претпоставувам ќе треба и да се поднесе електронско барање од е-индекс? За колку дена го даваат?
^Мене ми го дадоа за една недела отприлика,само се чекаше за потпис од Деканот ама тоа дека нашите студии се дисперзирани и потешко се стига до професорите.Кај вас би требало да е побрзо. Инаку процедурата е таа,си ги уплаќаш потребните уплатници и ги носиш на студентски.(мислам дека имаше уште една уплатница од 1000-1000 и нешто денари оти мене ми фати вкупно околу 2000 денари ама прашај си,уплатниците би требало да бидат истакнати на огласната табла )
Темава е активна за разлика од онаа за Педагошки, па да си прашам тука. Аплицирав за на Педагошки и денес видов дека не сум примена, што не е ни чудно за 20 души на македонски јазик. Но не се разочарав воопшто, сфатив и дека не сум сакала толку да бидам таму. Сега сакам да аплицирам за на УГД, кога е вториот уписен рок, кои документи се потребни? И да, можам ли веднаш да си ги земам документите од Педагошки или пак има и за тоа термин?
Дечки дури денес видов дека за да аплицирам во студентски дом ми треба копија од дипломата, а јас не си ја исфотокопирав дипломата, а ја дадов за пријавување на факултетот. Е сега кога ќе одам да се запишувам дали би ми ја дале на 30 мин само да одам да ја исфотокопирам и пак да ја вратам и да се запишам. Што мислите дали ќе ми прават некој проблем ќе пукнам зошто не си ја копирав