Може да се осигураш истиот ден, на датумот на упис. И нема врска во кој град, важно е да го имаш осигурителна полиса. Јас се осигурувам во Сава Табак во Штип. Се наоѓа до Певекс. Потребна ти е само лична карта. Ако има гужва, вообичаено се чека до кај 1 час максимум, а ако нема, веднаш ги спремаат документите.
Девојки се запишав на економскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев во Скопје. Знаете ли дали уписите ќе се вршат во самиот факултет или...?
Упис на дисперзираните факултети вообичаено се врши во самиот факултет. Праксата на сите факултети покажале дека вообичаено почнуваме од 1-ви октомври. Иако уписите се до 15-ти септември, тогаш и е првиот академски час за бруцошите, ама предавањата не почнуваат веднаш. Барем кај нас така беше.
Moze nekoj sto e na praven ili ima informacii da mi kaze od prilika kako e dali e mnogu tesko profesorite kakvi se i bilo kakva druga informacija bi bila dobredojdena ??
Вториот уписен рок ќе се реализира на 27 и 29 август, а со оглед на тоа што 28 август е неработен ден, Универзитетот „Гоце Делчев“ одлучи документите за упис во вториот уписен рок да се примаат и во понеделник - 1 септември.
27 и 29.. а прочитав нешто ко демек и на 1ви може пошо на 28ми е државен празник.. А јас да прашам дали треба дипломата и сведителството за вториов упис да ги однесам во ректоратот или на факсот?
Сакам да прашам дали може во случај ако ми недостигаат 4 кредити за упис во втора година да си ги купам? И ако може каква е процедурата?
Ме интересира се` за праксата на хотелско-ресторантска и другите насоки од туризам. Во прв и втор семестар има изборен Пракса во хотелско-угостителски објакт. Сами си ја барате или има избор меѓу неколку места со кои соработува факултетот? Што се работи и колку долго? Во описот стои 4. Избор на објекти за практична работа 5. Практична работа во нашата земја 6. Практична работа во странство 10. Практична работа во кујна 11. Практична работа во објекти за исхрана 12. Практична работа во објекти за сместување Во трет семестар има задолжителен предмет Професионална пракса во земјата и уште еден за странство, и пишува дека предметот опфаќа 9. Практична работа во објекти за сместување – хотели, мотели и сл. 10. Практична работа во туриситчка агенција, центри за развој на туризмот и сл. 11. Практична работа во угостителски објекти – ресторани 12. Практична работа во центри за исхрана и сл. Дали се оди на повеќе места во текот на семестарот, под кои услови и колку долго? Овие предмети со ист назив ги има и во трети и во шести и седми семестар, дали се оди на исто место, на иста позиција или на неколку различни? Може ли некој што студирал овде да ми каже како ова точно изгледа и финансиски и временски? Се надевам дека не станува збор за неплатена летна работа како собарки или слично...
Девојки , до кога беше рокот за пријавување на испити во оваа дополнителна сепремвриска сесија ? До денес 28ми 23:59ч ? Ве молам одговорете ми исто ми е многуу