Девојки знае ли некој кога треба да запишуваат семестар, пополнат индекс итн. тие што се примени од трет уписен рок?
и јас сум вонредна студентка на истиот факултет, смер- банкарство, финансии и осигурување. Е сега сакав да прашам и ние ли треба да одиме како и редовните студенти во понеделник???
Дали на некој во странство му е признаени дипломите од Информатика и Економски од УГД? Им пишува дека сите им се признаени ама некој да ми каже лично искуство.
Да ми каже некој како да знам во која група сум. Даден е распоредот за факултетот за медицински науки е сега не знам во која група сум
Девојки вака сакав да ве прашам за уплаќање за 3 семестар електронски уплатив се освен една сметка а таа ја уплатив вчера (во сабота) а краен рок е недела(денес) па нема шанси да стигнат до денес ама парите се уплатени пред крајниот рок дали ке ми се важи уплатата?
Девојки, да ве прашам , тие што лани сте биле 2ра година Бизнис логистика Скопје, да ми кажете како поминавте, како беа професорите конкретно за: управување со ризик, менаџмент на мали и средни претпријатија, англиски јазик, комерцијална логистика и фискален систем . Фала
Запиша ли семестар електронски? Ако не си запишала и имаш пари на картичка земи уплати си електронски бидејќи мораш да запишеш семестар електронски. Ако запиша семестар без да ја имаш таа уплатница сигурно ти пишува дека си минус износот од таа уплатница во финансиски трансакции. Штом ќе легнат парите на сметка ќе се пополни тоа што ти пишува минус.
Јас уплатив партиципација во четвртокот, но парите сеуште не ми се стигнати на е-индекс. Пробав да запишам семестар, но ми покажува дека не приходна шифра-партиципација, немам доволно пари. Дали има некој информација за продолжување не рокот за упис? Или некој случајно дали имал вакво искуство, па да ми каже што да направам ако не го продолжат рокот.
Информација за продолжување на рокот за електронски упис на непарен семестар во учебна 2014/2015 година Се информираат сите студенти дека рокот за упис на непарен семестар во учебна 2014/2015 година е продолжен заклучно со 17.09.2014 година (среда), 23:59 часот. Студентите од прв циклус на студии кои ги имаат положено сите испити предвидени со студиската програма и воедно имаат реализирано електронско пријавување на Завршен испит или Дипломски труд заклучно со 17.09.2014 година (23:59 часот), не треба да реализираат електронски упис на апсолвентски семестар во учебната 2014/2015 година. Во спротивен случај, неопходно е да се реализира електронски упис на апсолвентски семестар во учебна 2014/2015 година.
Може, но најпрво треба да се најавеш. Доколку си прва година сега и доколку ви е средено се и можеш да влезеш на е-учење и е-пошта тогаш можеш и овде да се најавеш на истиот начин како и на горе спомнатите.
Дечки сега го гледав овој е-индексот ии забелезав дека во предметите кај сто се Англиски јазик никаде го нема....Дали така треба да биде или има нешто проблем ??
И јас не можам да се најавам. Пробував цел ден да се најавам на е индекс, е учење и е пошта ама не бидува
Од каде можеме да ги најдеме книгите освен од е-библиотека таму имам само една што ми треба а останатите ?? професорите ништо не кажуваат па ако некој знае нешто ве молам кажете ми и ако можете да ми објаснете како се симнува од е-библиотека ?