Jaс ќе објаснам како можеш да симнуваш од Е-библиотека, за останатите книги, скрипи, итн. нормално во договор со професорите, најверојатно во книжарниците на Економски факултет, Образовни науки мислам дека беше (поранешен Информатика). Барем така беше додека јас бев на додипломски, а и сега на постдипломски е исто. Се најавуваш на Е-библиотека со корисничкото име пр. marija.000000 и лозинката (која ако не сте ја смениле треба да ви биде Ugd и во продолжение матичниот број). Откако сте се најавиле ја барате книгата кога сакате да ја симнете, стискате на опцијата за симнување, штиклирате тоа дека се согласувате дека нема да ја злоупотребувате и готово.
Како можам да симнам книга,од каде и како?? Ми треба учебник од една проф. ама незнам што и како треба Помоош
да не има некој книги за прва година, економски факултет ( поточно банкарство, финансии и осигурување) кои ги продава? Ако има некој нека ми пише, би сакала да ги купам.
Девојки дали некој знае дали бидува да сум редовен студент а да сум вработена? Јас сум редовен студент но еве сега најдов работа и прашуваам дали ќе може да продолжам со факултетот редовно без да се префрлуваам вонредно ?
Мислам дека може, не мора да пријавуваш дека си вработена, ама ако можеш да одиш и редовно на предавања, инаку ако имаш отсуства ке ти се намалат поените за редовност а со тоа автоматски ке имаш пониски оцени. Отприлика е вака-некако.
Се запишав на правен факултет на Угд, и денес за прв пат ги отворив учебниците... си велам нема надеж нема шанси да постигнам јас толку да научам, постојано ќе си паѓам на испити А камоли па сега некој си закон за екстерно, уште тоа ми фали! Се прашувам дали постои овде некоја феминка што си ги зема испитите редовно? Или пак некоја што го завршила факултетот? (прашувам само за правен факултет) Чисто за да знам дека е возможно!!
900 денари, плус 20 денари пријава за испит и 50 денари административна такса. Ако полагаш во казнена сесија, плаќаш уште 300 денари, т.е 1270.
dali mozete da me informirate ako znaete sekako,dali postoi arhitektonska nasoka na stipskiot fakultet Goce Delcev vo Skopje ? ILI POSTOI SAMO VO STIP ?
Сега избираме дали сакаме да продолжиме 4та година. Јас се одлуќив ЗА. Но дали ќе добијам било какво уверение за стекнати 180 ЕКТС?
Правилото е просто - иако не студирам на УГД, мислам дека овие термини важат за сите - ако си редовен студент ги следиш сите предавања со не повеќе од 3-4 исклучоци во семестар од предмет, со поголеми пропусти од овие автоматски губиш право на потпис од професор, со тоа право да полагаш во испитните сесии од овој семестар, и го презапишуваш предметот. Значи , не можеш да продолжиш со факултетот редовно ако не следиш предавања. Не си редовна. Освен ако кај вас и редовните и вонредните одат и си доаѓаат кога сакаат, тоа е веќе друго. Ако не води никој евиденција тогаш нема зошто да се префрлаш во вонредни.