Почитувани дали знае кој смерови ги имаат на УГД во Штип на економски факултет и дали го имаат Менаџмент и претприемниптво.Однапред ви благодарам Позз
Здраво девојки, сакав да прашам доколку има некоја феминка што учи Англиски јазик и книжевност-3или4 год наставна насока да ми пиши лп, сакам да прашам нешто. Фала
(E)пријавување на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2014 година - Пријавување на испити: Од 01.12.2014 (понеделник, 00:00 часот), до (заклучно со) 07.12.2014(недела, 23:59 часот). - Полагање на испити: Од 08.12.2014 (понеделник), до (заклучно со) 19.12.2014 (петок). - Резултати од испити: Од 21.12.2014 (понеделник), до (заклучно со) 26.12.2014 (петок).
Здраво.Сакам да прашам нешто за медицинскиот факултет во Тетово.Дали конкуренцијата е голема за запишување на тој факултет?Дали може само 1 семестар од првата година да се студира таму и потоа да се префрли во факултетот во Скопје?Дали на префрлувањето имаат значење оценките од средно или само факултет? 100% ли е загарантирано префрлувањето?
Луѓенца да ве прашам до кога треба да се уплати за семинарска? Од преска пробувам ама нешто не бива да префрлам средства на индексот, а се е пополнето ко што треба :/
Здраво девојки,сакам да прашам дали има некоја девојка што студира италијански или германски преведување и толкување,да ми пише лп,сакам да прашам нешто
Кредитите не се купуваат, туку се собираат од положените предмети само. Ако немаш доволно кредити за упис на наредната студиска година, значи дека ја презапишуваш годината. Единствено се купуваат потписите за во индекс/е-индекс.
Ќе сака ли некој што е втора година на медицински факултет да ми објасни како отприлика биле завршните испити од минатата година и кога биле отприлика? Благодарам однапред
Здравоо Јас сум прва година на медицински, и сега немам англиски потпис а ми треба за да заверам семестар , му пишав на професорот пред два дена но се уште немам а веќе ке треба да заверам семестар нзз веке на кој да се обратам ????
Почекај, не кревај паника, сигурно не си само ти оставена вака, сигурно и други деца има што немаат електронски потпис. Тоа е до професорите, неодговорни и само почекај, има до 16 време, нели до тогаш е заверката, мора да се уклучи и ќе стави потпис. На секој факултет мислам дека се наоѓа по некој таков. Еве и кај нас има еден. А може и ќе го продолжат рокот за заверка.
Знае ли некоја феминка какви прашања дава проф.Емилија Петрова Ѓоргева по педагогија? Има дадено некои презентации ама премногу се опширни