Мора прво да обезбедиш услов од 42 поени за да одиш на испит, и ако го положиш испитот нормално дека ќе ти важат кредитите
Zdravo....moze li nekoj da mi kaze kako da go najdam rasporedot za fevruarska sesija....go ima li negde istaknato ili moram da baram po profesori.....
Вистина ли е оваа новост дека ако немаш положено предмети од прва година неможеш да запишеш трета, и ако немаш положено од втора неможеш да запишеш четврта?
Така било порано, сега не важи ова правило. Баш цимерка ми има еден од прва и два испити од трета, а сега е четврта година, значи запишала година.
Мислам дека тамо каде што се пријавува, каде што се штиклира во која декада сакаш да го полагаш, пишуваше дека пријавувањето е до 20 - ти. Најверојатно ќе можеш да го пријавиш испитот денес.
Здраво дечки,итно ми треба пример од семинарска работа за предмет Култура на изразување и комуникација. Прва семинарска ми е и незнам како треба да изгледа .Позз
Ако не освојам 42 со поправен колоквиум, а сепак имам над 35, што е следно, како иде процедурата? Треба да имам право пак да полагам поправен или го презапишувам предметот (што и не ми е логично, не може да се презапише предмет со освоени 35)?? И дали доколку имам право пак на поправен тој ќе се изведе во текот на сесијава или треба да чекам година дена за да го полагам со следната генерација? Ве молам, ако некој знае или имал такво искуство нека ми каже, очајна сум.
Тоа дали имаш/имате право на поправен зависи од професорот.Некои даваат некои не.Но во повеќето случаи би требало да имаш право доколку си помеѓу 35-42 поена.Ако имаш помалку од 35 автомаски го презапишуваш предметот.Ако имаш над 42 можеш да полагаш завршен.Поправниот ти е всушност втора шанса за да не го презапишеш предметот и да можеш да полагаш завршен.Значи зависи од волјата на професорот дали сака да ви прегледа низ прсти за неколку поенчиња. Инаку поправниот се изведува во тековната сесија односно откога ќе ги дознаете поените од втор колквиум.Ако чекаш година дена значи го презапишуваш.Консултирај се со асистентите за поправниот и неговиот термин.
Дечки ми треба итна помош. Јас сум запишана на УГД Скопје, т.е ме запишаа кога јас не бев у Македонија, и сега треба да се упишувам во втор семестар. Арно ама немам ни индекс нит електронска картичка нит ништо. И рекле на мајка ми ќе ви ги дадеме и никогаш не и ги дадоа. Број на студентески од Скопје ако имате да ми дадете, ми дадоа 2 пати погрешен број. Само тие три уплатници треба за парен семестар поточно 2ри или пак треба милион? Посебно ако има некој, било кој на Економски факултет, смер банкарство, финансии и осигурување. Однапред благодарам.
@Hipster, а немаш електронски индекс? Дека сега запишувањето оди преку електронски индекс, и немаш потреба од 'физички' индекс. Инаку да, 3 уплатници се за семестаров.
Хипстер бар да средиш да ти кажат број на индекс да се најавиш на системот бидејќи мора електронски да си упишеш семестар, предмети да си избереш. Инаку, да има само партиципација, упис на семестар 500 и семестрален и розов лист 70, и таксена марка 100 денари.