Јас сакав да прашам дали има некој што сеуште ги нема ставено сите оцени на е-индекс? Јас ја имам исчистено целата година а на е-индекс сеуште немам ставено за два предмета оцена? Или професорите не ја сфаќаат озбилно работата или што е проблемот стварно не знам Во индекс си ги имам оцените но на е-индекс сеуште не, знам дека се на одмор сега но стварно се нервирам кога отворам и видам дека сеуште не ми се ставени оцените за тие два предмети а положени ми се и пријавени на е-индекс.
девојки дали некоја знае од кога почнуват испитите во август т.е на која дата за Економски факултет ??? и до кога се на одмор професорите??/
Сите се на колективен одмор до 9ти август, а испитната сесија најверојатно ќе биде втората половина на август. Во секој случај, би требало да има известување.
А некој да не го знае бројот на асистентката Јасмина Буралиева предава на економскиот во Струмица ???
Јас сакам нешто да прашам. Значи, при пополнувањето на пријавата, наведено е и таму во конкурсот, дека кандидатот може да одбере три можни приоритетни избори на различни студиски програми во рамките на Универзитетот. На пример Факултет 1 државна квота; Факултет 1 кофинансирање; Факултет 2 државна квота ... Е сега, ме интересира дали морам да наведам вака три опции, или тоа е само за тие кои имаат повеќе опции, т.е. се двоумат помеѓу два-три факултети, па на кој влезат на тој ? Тоа малку не ми е јасно, зашто нели ако ги наведам и ако нема место на Факултет 1 ниту во државна ниту во приватна квота, одма ме ставаат на факултет 2 ? Може ли да го наведам само оној на кој сакам да се запишам, без двата „можни“ ?
Колку што сум јас информирана на УГД мораш да го наведеш првио оној кој го сакаш, па потоа истиот тој со кофинансирање и на крај некој втор но 90% од случаите биле примени на оној што го сакаат btw да нема некој информации за новоотворените факултети за сликарство и режија во штип?
Прашањето баш и не ти го разбирам, ама ако мислиш на запишување оди на Спојлер www.ugd.edu.mk ќе најдеш се што те интересира. Ги има објавено конкурсите за запишување студенти на сите три циклуси на студии. Плус од таму можеш да пристапиш на страните на секој факултет, има информации за сите посебно, од типот на студиски програми, предмети, професори, асистенти и слично. Ако те интересира нешто поконкретно прашај, колку можам ќе помогнам.
Има ли некои што е на медицина да ми каже до лани како е било, дали се потполнуват местата уште на првиот уписен рок или има слободни и на вториот, зборувам за општа медицина?
Можам ли на уписот наместо оригиналните документи да оставам копии заверени кај нотар и од свидетелствата и од извод, државјанство ?
Има смер туризам во Скопје или не? На нет не пишува а се мислев дека има и сеа нз што да правам??/ Некој да не знае?
^Провери во конкурсот, иначе имаш на уким на пмф смер туризам и се си мислам дека уште на еден државен универзитет имаше смер туризам само не знам дали беше на угд. http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 012-13.pdf
Проверив ама на конкурсот пишува само во Гевгелија дека има а ми кажаа дека имало и во Ск ... Иначе знам за ПМФ а за друг не сум информирана ....
Има во Скопје на конкурсот ти пишува кој смерови, убаво провери освен во Гевгелија ги има и во Скопје
Ај и јас да се префрлам тука. За општа медицина има заинтересирани, колку што ми имаат кажувано. А за акушерка има?
Девојки има некоја од вас што ќе се запишува на факултетот за бизнис и логистика во скопје? И ако има некоја феминка што е на овој факултет нека пише како е таму со предавања, професори и слично.