На е-пошта која не ја отварам често, ми стигнала порака да ја променам лозинката за да можам да користам сервиси на УГД и лозинката ќе ми истекла O.O ? Има 2 начина на првиот од дома не можам, не ми го отвара линкот а од вторио треба во факултет од тие компјутери. Има некој од дома што ја променил?
Известување за заверка на парен семестар и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2015 година Се информираат сите студенти од прв циклус на студии за роковите и условите за пријавување на семинарски работи, заверка на парен семестар за учебна 2014/2015 година и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2015 година. За студентите од студиските програми (генерации) започнувајќи од 2009/2010 година и за сите идни генерации, заверката на парен семестар во учебна 2014/2015 година и пријавувањето на семинарски работи и испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс (со приложување на соодветните уплатници за административна такса). За студентите од студиските програми (генерации)2007/2008 и 2008/2009, заверката на парен семестар во учебна 2014/2015 година и пријавувањето на семинарски работи и испити се реализира на шалтер на студентска служба (со приложување на соодветните уплатници за пријавување на семинарски работи и испити, административна такса, како и физички пријави). Согласно, усвоениот Студентски календар и распоред на годишни активности за студенти од прв циклус на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за календарска 2015 година, терминот за заверка на парен семестар во учебна 2014/2015 година е: Од 10.05.2015 г. (недела, 00:00 часот), до (заклучно со)31.05.2015 г. (недела, 23:59 часот). Согласно тарифникот за прв циклус на студии, за заверка на семестар се врши уплата од 200 денари на приходна шифра 723019. Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават семинарските работи за предметите кои се изучувуваат во тековниот семестар. Согласно тарифникот за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавувањето на семинарска работа изнесува 100,00 денари (поединечно) на приходна шифра 723013. Терминот за реализација на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2015 година е: - Пријавување на испити: Од 25.05.2015 г. (понеделник, 00:00 часот), до (заклучно со) 31.05.2015 г.(недела, 23:59 часот). - Полагање на испити: - Јунска Прва сесија: Од 01.06.2015 г. (понеделник), до (заклучно со) 10.06.2015 г. (среда), и - Јунска Втора сесија: Од 11.06.2015 г. (четврток), до (заклучно со) 20.06.2015 г. (сабота). - Резултати од испити: Од 21.06.2015 (недела), до (заклучно со) 30.06.2015 (вторник).
Дали знае некој дали може да се префрли од правен фак. на економски исто на УГД и дали ке се признаат некои предмети што се учат исто и таму и таму во прва година а притоа наместо пак прва да бидам втора а притоа да полагам предмети и од прва и од врота ?
Мислам дека може, сепак прашај си на студентски прашања. Ама би требало да ти ѓи признаат положените испити, ако истите ѓи има и на економскиот.
Од секои предмет имаш кредити. Со секој положен испит ти добиваш број на кредити соодветни за тој предмет. За запишување на 2ра година ти требаат 36 кредити. За друѓите години прашај некој од постарите генерации..
Девојки да не знаете дали е можно да земам две години наеднаш? Вонреден студент сум, сега ќе ја завршам прва, па здравје на есен сакам и втора и трета наеднаш да ги полагам ? дали е можно тоа и ако знае некој да ми каже која е процедурата? инаку на економски факултет во Скопје сум
Знае ли некој дали и вонредните студенти треба да имаат собрано доволно кредити за запишување на наредна година?
Zapoznaen li e nekoj dali moze da se studira paralelno na dve studiski programi na ist fakultet (UGD) i dali e potrebno da ispolnuvas nekoi uslovi (prosek i sl.)
Дали може некој друг наместо мене (пример) да ми ги подигне документите од факултет (диплома,свидетелства) И се плаќа ли нешто дополнително?? Ве молам кој знае за одговор. ПОздрав
Дали може некој студент или студентка да праша на студентски прашања на филолошки факултет во штип кога е рокот за префрлување од еден универзитет на друг? Инаку јас сум студентка од скопје сакам да се префрлам на УГД! Благодарам однапред
Дали може да се изврши летната пракса без договор само со упатница или мора да имаш и потпишано договор и ако немаш договор потпишано а одиш на пракса само со упатницата и дневникот кои се последиците?
мислам дека може, ама треба да имаш просек 9 на првиот факултет, за да можеш да запишеш друг. Ама најдобро ти прашај си, иако не верувам дека ќе ти одговорат, прашање е дали и тие знаат