а јас да прашам, ..како иде тоа слушам еден колега цело време зборува дека ке го купе испитот..оти веќе 2 пати го бутат па нејќел да оде трет пат...колку пари е? кај се плаќа тоа?
Сигурно мислел да му даде пари на професорот за да го пуштат да помине или некој јак пријател што ке му помогне поинаку испит не може да купи
Благодарам на одговорот @Beauchamp! Најверојатно паднат им е системот, ко вообичаено. Поздрав, и убав ден!
Вака...сакам да се запишам на Медецински на радиолошки техничар..Барав многу низ темата ама нигде не прочитав нешто за радиолошки техничар. Она што сакам да прашам е дали некој го студира ова, дали некој сака да се запише, на кого и да кажам за овој мој избор никој не ме подржува затоа што имало многу зрачење и дека било штетно не само за пациентите туку и радиолозите. Ова ме плаши, но навистина ми е не логично, како може вработените да имаат штетно влијание?
Втора година сум на УГД, имам 2 предмети што ќе ги презапишам. Колку е максимумот за презапишување на предмети, знае ли некој? Фала однапред.
Мислам дека не постои бројка колку предмети да презапишеш само да не се премногу да можеш да собереш кредити за наредна година да не квадрираш.
Луѓе да ве прашам нешто јас сега одбрав германски 1 јазик и тоа директно истпит во јуни инаку гледам професор драгана кузманоска дека ни е по германски и на е -учење видов пишува семинарски до 24 мај и да бидат по сопствена тема вклучена во задолжителната литература и ставила линк од задолжителната литература ама не го отвара пишува дека е избришан од таму јас и пишав ама не ми враќа еве недела помина и сега незнам како да правам ни колку страни треба ни за што треба.
Дали за пријавување на проектна задача, покрај уплатата, потребно е да имаш и поени за да можеш истата да ја пријавиш или не?
Девојки, ме интересира за дисперзираните студии на Универзитетов во Скопје, дали се организирани какошто треба, имате ли редовни предавања, каде ги држите предавањата поточно во Скопје? .... Ај нека ми пише некој, тенкс