Изгледа таа уплатница се зима од ректоратот и може таму да уплатеме не во пошта. Ми кажа една другарка. Денеска ќе биде хаос, јас сабајле уште у 8 ќе одам.
Дечки, ај вие што се запишавте лани, полани, активирајте се малку на темава, помогнете ни. Кажете ни што ,како треба. Каква рата Сноу, не те разбирам.
Старбакс, од колку е отворен факултетот, од 8? Јас додека да се натокмам да стигнам ќе стане хаос, ќе ме најде и 12. Мене ме буни само тоа, а и мајка ми е удави - каде, та каде на која сметка да ги пишела тие педесет денари. Инаку, Сноу да не мислеше на плаќањето во државна-приватна квота? Исто е како на УКИМ - државна 100 евра, приватна 200.
Да, од 8. Јас во толку ќе одам, пред да настане гужва. 200 евра е цела година или 100 на некои факултети, па кога ќе се запишуваме плаќаме пола односно 100 евра или пак 50, тоа е за 1 семестар, а за другиот во јануари.
100 евра се плаќа само ако се дисперзирани студиите (ако факултетот е од друг град). Стандардно се 200 евра.
Зависи од факултетот. За Туризам и бизнис логистика е 100 евра цела година. Види во конкурсот на УГД колку се плаќа http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 2-2013.pdf
Не исто е 200 евра не е 100. И мене многу ме бунат тие дисперзирани студии, кој ке ги разбере Јас сум на бизнис логистика и со 200 евра сум исто и за туризам е.
А која година ти се запиша за прв пат? Мислам дека од лани е воведено тоа правило за дисперзирани студии да се плаќа 100 евра во државна и 200 во приватна квота.
Еве за таа административната такса, ја имаше објавено и во темата за полагање матура, ама ајде да ја ставам и овде. Би требало да е оваа, м? Spoiler Ме интересира каков е тој број на општината, го има на факултети.мк ? Чинам читав нешто такво.
Еве кај ХХХ кој бројки се за која општина Абе в банка кога уплаќате можете да им кажете за административна такса и таму ке ви ја поплнат уплатницата. Само потпис ке си удрите.