Најверојатно грешка си напишала, мислам дека си запишала 4 семестар, а сега ти пишува 3ти семестар по 2ри пат, пошто сега е упис на парен семестар и не е можно сега да си запишала 3ти семестар. Инаку тоа што ти пишува 3ти семестар по втори пат е затоа што за упис на трета година ти требаат најмалку 90 кредити, а ти моментално имаш помалку од 90, ама сега до крајот на втора година ќе ги собереш нас 90кредити и ќе ти биде следен семестар 5ти по прв пат. Не се грижи ништо не е страшно.
Ако полагаш усно испит ке си земеш тогаш. А ако полагаш писмено ке го побараш професорот за да ти стави оценка откако ке го положиш испитот.
Дали знае некоја од вас за втор семестар материјалот по Англиски каде можам да го најдам? И дали се бараат семинарски за овој предмет,бидејќи се оди само на испит
Материјалите се на е-учење иди на search писи го предметот и ќе ти го даде автоматски ако воопшто нема курс иди кај професорот. А семинарска да се прави и на истиот курс ќе имаш прикачено фајл за кога како да се направи и дали да ја прикачиш таму или по емаил.
Дали некој знае да ми каже зошто не може да се уплати електронски да се завери и запише семестар кога рокот е до 26ти,утре? Ми покажува неуспешна уплата поради надминат интернет лимит? Како да го решам тоа?
Јас тој проблем го имам надминат ти е интернетт на картичката од банка треба да одиш во банка да надополниш... Да ве прашам дали можаат да се кууваат кредити и колку е лимитот ако има некои викаат можело а некои не...
Дали некоја од вас може да ми објасни како да ја направам вежбата осигурување која се однесува на бпп од даденото осигурително друштво,како би требало да изгледа табелата.Ви благодарам,