Луѓе другарка ми се запиша на УГД некни и вчера имаше резултати дека е во државна ...Денеска отворила и на списокот е во приватна квота, плаче , куби коси .... Тоа резултатите колку се реални ?? Можно е да биде во државна? Инаку одлична беше сите години со сите петки само матурата малце ја зезна... А друга девојка што имаше и 4ки а матурата и беше добра влезе во државна на истиот смер!!! Како е тоа можно значи што се нема во нашава држава! Многу ми е криво
E фала што ме просветли . Знам дека се неофицијални , само незнам како можи некој со пониски оценки а појака матура да влези во државна ... Толку голем удел ила матурава?
Најголем! Како може некој/а да биде четири години скроз одличен/одлична, а на матура да покаже послаби резултати? Значи одличните оценки ги добивал/а на "лепи очи"! Мене ми остана уште дипломската работа, моментално размислувам за постипломските студии. Бев решена дека ќе продолжам SEЕU - Финансии и сметководство, ама пред некој ден кога ја видов студиската програма за 2012/2013 година и новите насоки на Економски, почнав да се двоумам. Плус, земајќи го фактот дека факултетот ми е на 10тина минути од дома, а онака секое одење до Тетово... незнам уште се мислам
Зошто сеуште пишува прелиминарни неофицијални резултати а ја има целата листа со 230 кои влегле во државна квота? Некој од вас добија потврден маил?
Не ми има стигнато меил а може чекаат до 27 со УКИМ заедно конечни да објават, како и да е бројот е пополнет пишуваше на страната дека 230 примаат.
Девојки,да ве прашам нешто. Јас се запишав на УГД како вонреден студент...документите беа во ред,но ми рекоа дека треба да имам извод и државјанство не постари од 6 месеци, а никаде на конкурсот не прочитав такво нешто,па мислев дека конечно го тргнале тоа правило. Ми рекоа да извадам нов извод и ново државјанство и кога ке се запишувам да ги предадам. Ме интересира дали вие вадевте нови документи за уписиве,затоа што јас имам едно мало проблемче...Извод мора да се извади од местото на рагање (сеуште не го средија тој проблем), а јас моментално не живеам во градот во кој што сум родена и вработена сум и немам слободни денови и стварно ми претставува проблем ова со изводов,мислам ако морам ке идам и ке извадам,ама незам дали нема да ми дозволат да се запишам ако не извадам нов извод...има ли некоја девојка некое искуство околу ова?
^ Мораш нови да извадиш,исто и на другарка вака и направија за државјанство само. И рекоа дека мора поново да биде,и вадеше ново. Така да,извади си нови документи,да не не неможеш после да се запишеш