Здраво женски имам едно прашање... ми фалат потписи по еден предмет за да заверам семестар. Со тоа што проф несака да ми даде потписи треба да ги купам. Сакав да прашам дали ако купам потписи ќе имам 10 поени за потпис и вежби или само за потпис?
Да знам дека можам да купам ама дали со тоа што ќе купам ќе добијам поени само за потпис или и за вежби
Мислам дека само потпис добиваш, не поени, но не сум потполно сигурна за ова. Во секој случај мора да го купиш потписот затоа што без потпис не можеш да завериш семестар, без разлика дали имаш услов или не по предметот.
Да ама јас ќе заверам семестар но нема да можам да запишам 2ра година ако не фатам услов за на испит. Затоа прашав дали и за вежби ќе добијам поени.
Прашај во студентски за поените или напиши мејл на професорот со објаснување на ситуацијата и замоли го да ти додаде дополнителни, ако ти фалат малку поени за услов.
Несака да ми даде зошто толку сум "заслужила". Кога им пишуваме мејл зошто отсуствуваме со доказ не одговараат а кога сакаме да ги замолиме нешто одма се караат со извичници.. Сега ми фалат 16.5 поени и затоа прашав..
Па реално премногу е ако ти фалат толку поени за услов, нема ни опција како да ти даде толку многу поени. Следна година повеќе ќе го загрееш столчето.
Ја очигледно сум студирал на угд чим делам такви совети. Полошо организиран факултет верувам дека не постои. За начините на оценување и делење поени да не зборам.