Едно прашање до тие што учат на Високата медицина во Штип,какво искуство имате со професорот по физиологија,и воопшто со предметот? Дали ,,лесно" го положивте? Јас сум на ВМШ Битола,и никако не можам да положам кај фамозната Тутеска,па планирав предметот да го презапишам во Штип.Затоа ме интересира како Вие се справивте со физиологијата
Здраво Ве молам за помош дали има некој на правниот факултет во Штип, би сакала да направам трансфер од правниот во Скопје, па ме интересира (секако треба учење) но дали е полесен, дали со изготвување на семинарска би помогнало да се дојде до оценка..професорите дали се достапни за консултации и слично.. би сакала вонредно да се префрлам па некој да не имал слично искуство? Благодарам
Дали оваа година ќе има сесија во август на угд? И дали е можно да фатам услов за година, ми фалат 21 кредит .. имал некој вакво искуство?
Ќе има во август сесија сигурно а можно е да дадат и плус септемвриска но не е сигурно за неа , секако дека може да ги фатиш тие кредити не си единствена многу студенти се така , ќе учиш добро летото ако ти носат високи кредити предметите .. само научи добро и оди на испит и верувај во себе ! Со среќа
УГД е ужасно организиран. Распоредите генерално се катастрофа. Наставниот кадар е ужас. Не еден, не двајца, целокупно, со неколку исклучоци. Многу се некадарни, гледаат само да го завршат материјалот. Материјалите од кои се учи се од 1980 година. Начините на кои се учи исто презастарени. Полагањето на предмети коишто е логично да се полагаат на компјутер се полагаат на лист. Начинот на оценување ужасен. Изживување врз студенти коишто се пожалиле за нешто на декан се уште постои. И уште мал милион други работи. Ако и од ова има полошо, не знам ондак како уште постојат такви универзитети.
Вистина не е добро организиран, ама дека е ужасно организиран за тоа не си во право. Предност е тоа што голем дел од книгите се електронски, не си приморан да го купуваш оргиналот само затоа што на професорот му се ќефнало да си прави тираж. Распоредите се такви какви што се. На некои од насоките имаш и 5 дена по ред колоквиуми од понеделник до петок, затоа ќе си седнеш на време и нема да учиш кампањски и да ти биде тешко. Вистина психички е напорно ако ги учиш од ден за ден колоквиумите или пак испитите. За професорите би кажал дека во глобала се добри, ова секако дека зависи од насоката на која се наоѓаш. Јас кога студирав асистентите беа малку арогантни и се случуваше по некој професор да се најде да продава селски финти од типот што е поголемо 1,5 денари или 1,5 литри. Поголем дел од професорите седат пред лаптоп и ти го читаат материјалот секое предавање, ама има и врвни професори кои знаат да ти го доловат најважното преку практични примери . А има и такви кои ти раскажуваат на пример како бркале шверцер низ граница додека работеле на царина, па ако не ништо ќе се насмееш за сите пари. Некои предмети само се полагаат електронски. Материјалот е добар со илјадници печатни грешки. Оценувањето е исто како кај останатите факултети ако му се умилкуваш на професорот ќе ти пише најголема можна оценка, а ако се правиш паметен дури и да си во право ќе те буткаат по десетина пати. Инаку се имаат пожалено студенти и за казна од професорот добија да направат уште една семинарска, оти јадат бурек кај деканот според него за обична баналност како што е полагање на два предмета во еден ден. Има и полошо другар јас имам слушнато дека на земјоделски со носење на расад се положувале предмети, а ако се фати расадот може и година да поминеш. Во глобала УГД е просечен универзитет ако ги гледаме македонскиве. Организиран е како што ни е организирано и се во државата.
Pa da taka mi kazaa I taka procitav na stranata. Mozes li da mi spodelis iskistvo so ugd te molam. SE mislam I za smerot Smetkovodstvo I revizija... MN mi e vazno, a nemam nekoj Mon Sto mozam da go kontaktiram. Pozdrav