Да, како што пишува најгоре, првите бројки се броевите на индексите. Еве ти упатство. За да се логираш на Е-индекс, Е-учење итн, пишуваш [своето име].[број на индекс] а лозинка е Ugd[матичен број]. На пример : Корисничко име : Ана.12345 Лозинка : Ugd1234567890
Да прашам за мој близок во врска со универзотетов. Кој факултет што спаѓа во универзотетов е полесен за учење( ако има таков ), каде има повеќе задачи отколку бубање теорија според вас,проф какви се дали бараат многу? И уште нешто, дали ако се запише редовно мора да е редовен бидекќи на уким не е морално или пак мора редовност што значи вонреден студент е др опција? Фала ви многу однапред ,ќе ми значи ако бишете било што знаете.
Редовност е задолжителна на угд. Ако не е редовен на вежби и предавања не може да полага испит. Колку што знам на туризам најлесно се поминува, сите други факултети си бараат посветување и учење. Ама нели, не е само работата да се земе било каква диплома.
Фала ти. Инаку се ми е јасно мене јас сум веќе 3та год на уким Правен факс, за близок роднина прашував бидејќи се распрашува за угд.
Мислам дека можеш до 20ти, оти до тогаш е рокот за упис на семестар, а и уште нема распоред за повеќето изборни предмети, така шо секако немаш ништо испуштено.
Ве молам за информација доколку некој знае да ми каже кој професор е за Англиски јазик за прв семестар на бизнис логистика на УГД.