Јас милион пати сум пишала дека нема одо кога одговор да добијам на студентски денеска пак истата песна,ако некој знае презапишувам семстар по втор пат два предмети имам положено,еден имам неположено,и само два имам за кои немам фатено услов и треба да ги слусам,имам пари на сметката и пак не ми дава за запишам..дали и тие со ги имам полозено и неположено и фатено услов треба пак да ги слушам од ново и презапишам?
Дополнителни пишуваат и ако ти фали поен-два за десетка, доколку сам си побараш и во зависност кај кој професор. Од дополнителни активности може да се добијат најмногу 7 поени.
Некој што има полагано прв и втор колоквиум по Социјална економија во ФТБЛ по насока Бизнис Логистика во Скопје кај Душко Јошески да ми каже какви прашања се паѓа од материјалот, итно ми треба.. Ви благодарам за било каков одговор.
Запишана сум на УГД Фармација, прва година редовно. Ме интересира дали можам во втора година да се запишам вонредно, исто на фармација? И како оди тоа префрлување?
Оди на Е-Индекс во делот барања од студент и избери промена на начин на студирање. Потоа отиди до студентски, таму ќе ти го дадат барањето и ќе ти објаснат ако имаш уште некое прашање.
Според најновиот конкурс нема вонредни за фармација но ако со сигурност знаеш дека имало кога ти си се упишувала тогаш прашај на студентски, нема ништо да изгубиш како и да е.
Здраво, прва година вонредно на правен. Сакам да прашам дали се собира поени од колоквиум како редовните студенти. Или може директно на испит да се полага.
Ако си на 5г фармација т.е смер магистер мислам дека вонредно не може. Но, ако си на тие 3г смерови поврзани со фармација, можеш.
Директ на испит идеш, само пред тоа треба семинарска да направиш. На испитот ги полагаш писмено двата колоквиуми, ти ги прегледува, па полагаш и усно испит. Барем кај нас е така.
Здраво, да прашам дали некој му се има случено. На угд да ви ги загинат документите од средно (диплома и сведителства). И како оди таа процедура?
Здраво! Дали ќе може некој од втора година да ми каже за лани (прва година-прв семестар) насока Бизнис логистика во врска со предметите Основи на логистика,Основи на економија,Претприемништво,Социјална економија потребни ми се некој информации. Благодарам
Здраво. Дали некој ја знае процедурата за трансфер од УГД на УКИМ Општа медицина од втора година? И дали воопшто може бидејќи читав негде дека имало нови закони едно друго... Фала Ви однапред
Колеги и колешки само да спомнам дека пишувам семинарски, проекти, дипломски и магистерски. Исто ако ви треба помош околу литература и тема пишете ми порака слободно, имам неколку сајтови каде се наоѓа корисна литература за трудови.