Дали има некој што студира Географија на УГД? Сакам да прашам, колку предавање се има во неделата, тешко лие и сл.
Мене не ми е јасно. Пример сеа, во прва декада имаш испит и не положеш. После па можеш да полагаш во наредните сесии? Сите тие сесии се поправни? Или од проф. зависи?
Јас мислам дека е до професорот. Јас имав една професорка и ми рече се додека не положиш Математика 1, нема да полагаш Математика 2 и Нумерички методи.
Има редовни сесии како оваа сега што е или како што е јунската сесија, од друга страна има и нередеовни сесии или "поправни" како на пример априлска но за овие вториве обично треба да има барање и да се соберат доволен број на потписи на студенти но и тогаш не е гаранција дека од деканат/ректорат ќе дозволат да има. Полагање на испит; се полага во било која сесија, имаш за право да полагаш 3 пати. Ако не го положиш тогаш четвртиот пат ќе идеш да го полагаш комисиски. Тоа се условни предмети, за да полагаш X мора да имаш положено Y.
Пачемска? Тоа се условни. Мене за полагање испит не ми е јасно. Ова болдираното значи да го преполагаш три пати? Ако не го положиш прв пат, може втор, ако не положиш втор може и трет? Не те разбрав убаво, извини.
Да, имаш право да полагаш три пати ; ако не положиш од прва, имаш втора шанса, ако не го положиш вториот пат, имаш трета шанса.
На информатика ли? Која професорка? Јас прво положив Математика1, па Нумерички методи а сега спремам Математика2.
Ако полагаш усно, и професорот може да ти рече да дојдеш во втора декада. Ако не положеш, имаш повеќе сесии (во април, јуни, август/септември нз како беше точно). Ако три пати не положеш, комисиски го полагаш, ама мислам дека ретко кој стасува до комисиски.
Фала ти многу. И само уште ова, кај финансиски трансакции ми покажува дека сум во минус. А, јас се си уплатив на почеток...
Ама, па така може да се завери семестар? Пошто у минус сум. Оти во тоа соопштението викаше дека ако не си подмиреме тие трошоци нема да може да се завере
Се најавуваш на Е-Индекс, одиш еПлаќање, кај Приходна шифра/сметка бираш Административна такса и кај износ пишуваш 50.