Не може во ист испитен рок освен ако не ти дозволи професорот. Имаш казнена сесија во април, август и октомври и редовна во јуни.
Дали може да се среде ситуацијата Запиша апсолвентски семестар а не ги штиклира предметите Ке можаат ли да направат нешто во студенски или
Порано беше ако не го положиш предметот по четврти пат т.е. комисиски, го презапишуваш предметот и го слушаш/полагаш одново. Сега не е така освен ако твоево инфо е нешто најново или пак имам погрешни информации. Едит : Најдов инфо за полагање испити, предметот се презапишува но навистина не знам што се мисли под презапишување (дали се губат поените и мора да се полага одново или пак само си стои така во е-индекс), најдобро прашај на студентски.
не положив испит и професорот не ми го затворил испитот(пријавата) сеуште. Дали ќе можам да полагам односно пријавам во априлска сесија иако не ми е затворена пријавата?
Здраво, Пробувам денес да заверам семестар но ми вели дека не можам бидејќи немам заверено проекти задачи, а кај проектните задачи ми вели дека треба да уплатам фин. Средства. Дали знае некој по колку треба да уплатам и на која приходна шифра?
Девојче, рокот за заверка на семестар одамна истече. Еве ти линк https://www.ugd.edu.mk/index.php/studenti/soopshtenija/365-2019-2020-zaverka
Здраво, дали некој знае дали е можно упис на семестар по поминат рок со казна? Или ќе го продолжат рокот како што правеле досега?
Како се уплаќа на 4 рати семестар во приватна квота кога партиципацијата е 400 евра? Значи претходниот семестар се уплатени 200 евра, сега како овој да се направи по 100 евра, иста ли шифра и ако се уплати само 100 евра ќе може ли да се запише семестар?
Немам сретнато колега кој задоцнил со упис на семестар но мислам дека се плаќа казна а колку би изнесувала немам идеја (ништо чудно сами од студентски да ти средат работа без да плаќаш пенали). Уписот е до полноќ но веројатно ќе го продолжат рокот за неколку дена бидејќи менталитетов наш е да се чека 5 до 12 и секогаш има студенти кои не успеале да завршат работа дали за семестар, испит итн. Колку што знам на четири рати може да плаќаат вонредните, за со кофинансирање мислам дека се уплаќа 2x200 евра. Сепак пробај уплати 6125 денари на шифрата што е за семестар (723012) па ако ти прифати системот тогаш супер.
Здраво, дали има некој што е запишан на универзитетот гоце делчев во Штип на смерот оптометрија и очна дијагностика и дали има можност и 4та година да се оди на специјализација?
Здраво. Дали има некој запишан на смерот Медицински лаборант? Ме интерсира дали е истиот материјал за учење од општа медицина и нај главно- можноста за вработување по завршување?