Има ли некој информации како ќе се полага онлајн? Денес имав онлајн предавање и професорката кажа дека за околу десет дена најверојатно ќе се полагаат онлајн колоквиуми, а ако тоа успее најверојатно и испитите ќе бидат онлајн. Иначе предавањето беше без врска, цело време врската се прекинуваше и сецкаше, подобро е на зум, братучедка ми е средно и следи предавања на зум и воопшто не кочи.
Еве коментари за како наводно ќе било на економски : Инаку презадоволен сум од предавањата онлајн (до сега имавме 3-4); поинтересни и поквалитетни од седење во амфитеатар.
Колоквиумска ќе трае од 30ти март до 14 април. За полагањето или ќе биде на е-учење како универзитетските, или на камера, индивидуално (ако сте помалку студенти), барем така ни кажаа.
Професорот треба да има поставено задача. Таму треба да има add word, па кога ќе се прикаче има turn in.
Ми дозволи професорката биологија ми пише 5 во е индекс иако добив 8 во физичкиот. И ќе преполагам во април.
Па за сега имаме само еден колоквиум кој се планира да го правиме за три недели. Може да се каже дека сме во неизвесност, професорите и ние сме против електронски колоквиуми но од Ректорат се одлучило да мора да се прават електронски испити и колоквиуми така да никој не знае точно како и кога ќе се одиваат. Кај вас како е ситуацијата?
Нас ни закажаа колоквиуми веќе (2 по секој предмет), професорите не попуштаат никако. Немаме ни време, за 4 дена ни се првите два, не знам шо се мислат... Ќе се одвивале преку мс тимс, на камера ќе не` надгледувале да нема препишување.
Измислување топла вода, уште па денес за утре најавуваат колоквиумска недела... Со среќа на колоквиумите.