Дечки, полагав комисиски испит (екектронски) извадив 14,08 поени а во е индекс ми ставиле 0 поени од завршен испит и имам 5ка. Пишав маил, ми рече професорот дека биле потребни 17 поени за положување. А, зошто ми ставил 0 поени од завршен а не 14,8 колку што извадив? Затоа што ќе имав автоматски прелазна, нели? Или нема врска тоа? Кај можам да прашам на друго место?
Можеби требале 17 поени минимум за како да имаш услов да полагаш на Тимс усно. Обично знам така е сега во априлска сесија.
Да, толку минимум требало. Ама не ми е јасно зошто во е индекс, ми има ставено 0 поени од завршен испит а имав 14 Системот немаше да дозволи 5ка затоа. А вака може да си буткаат. Идиоти
Дали со тие 14 поени ќе имаше 51 поен од сите активности за да добиеш 6? Пиши му маил на професорот и тој може да изврши корекција во поените, доколку е направена грешка.
Професорот е тој што диктира. Јас имав професор... исто на штипски ама друга насока на фкаултет, си реков че извам на колоквиуми доволно поени колку за 6ка и да не полагам усно или повторно на испит. И му велам имам доволно за 7ка, ама не се бунам и 6ка да пишиш.. и ми викаа аа ане така колега, че си доаѓаш и на испит и 3 пати го полагав тој испит. Значи тие (професорите) поставуваат услови, ако сакаат..
Како така да ти пише оцена без да полагаш испит? Тие услови не ги поставуваат професорите, таков е системот, мора да се соберат тие 20+20+10+10+10+30. Ја имав услов за 10ка (фактички без да го полагам испитот ќе сум имала 7), ама не се појавив на испит и нормално дека ме бутна, па после си го преполагав во казнена.
Не знам како беше системот дали 51 или 61 и треба автоматски да ти пиши прелазна, али тој ми рече мораш да идиш на испит. Значи на колоквиуми ги добив поените што се вика со се семинарска и вежби.
Ако. Нема технички оценки како УКИМ. Едино само кај професори што не се замараат. Ти и да ги имаш пример 70 поени од предиспитни и во полето за испит да ставе тој 0 поени пак ќе имаш 5. Таков е направено.
Да, знам. Затоа ти велам на УКИМ има техничка, а на УГД нема. Инаку, до кога треба да се стават оценките од Априлска сесија?
Неам идеја, искрено сеа ни како оди, пред година и нешто дипломирав, ни тогаш не памтам, оти се случуваше да полагам пример во април на не пријавени датуми, па после да ми пиша оценки итн.
Ми се има случено да ми речат дали сакаш да полагаш на испит (претежно усно беше) за повисока оценка или да ја пишеме од колоквиумите?