Знае ли некој дали има некои предуслови за да се префрлиш на друг смер на пр од сметководство на маркетинг(имам доволно кредити за да запишам втора година)некои ми кажаа дека требало сите предмети да ги имаш положено од прва година
Да се запишам на факултет каде што студенти се уценувани за секс и за пари за да положат една мочана оценка. НЕ ФАЛА.
Ќе биде ли годинава отворена катедрата за нови студенти? Јас денес се јавив, не знаеше човекот да ми каже со сигурност, ми рече дека до 10ти август ќе се знаело. Ако имаш некое инфо, те молам кажи ми. Поздрав!
Може ли некој запишан студент на оптометрија и очна оптика, да ми пише лична порака, сакам да прашам нешто. Фала ви.
само селекција и семепроизвоство ли трета година е тој кај кој професор верица ли? бидејќи има и селекција и семепроизвоство во поледелството . за задача незнам јас кога полагав не решававме никаква задача
За на ПМФ знам, јас сум таму А за на УГД на нивната страна видов дека имаат земјоделски факултет и на него има смер биологија...
Искрено слабо знам. И јас онака не знам лично некои што се на овој. Ама, земјоделски е еден од подобрите факултети на УГД. Имаат многу добри лаборатории и супер кадар.
Јас студирам на земјоделски ораганизацијата е ок нема многу студенти па затоа професорите ти се на располање во секое време ако сакаш да учиш ке може да се научи доста од нив а и ако не ти се многу учи ќе поминеш и без многу учење повеќето предмети се полагаат лесно
УГД ваков, УГД таков ама на крај е најдобар. Искрено ништо не ми значи кога некој гордо ќе се пофали дека дипломирал на УКИМ. Онака жал ми паѓа за него и мило ми е што успеал да дипломира. Жал ми е што професорите таму си ги лечат комплексите и сакаат молење за оценки. Се изживуваат со студентите, имаат чудни критериуми . Познавам многу луѓе кои чекат да умре професор за да се вратат и да го завршат факултетот. Друга работа е што ги тераат книги да купуваат и тоа скапи книги, бараат мито, сексуални услуги итн. На УГД јас може да се пофалам дека до сега проблем со професор сум немала. Поштата во Штип не знам кај се наоѓа, пријавување испити, плаќање административна такса, запишување семестар, заверки на семестар и сите останати процедури си ги вршам од удобноста на мојот дом. Лаптопот во скут и за 5 мин е готово. Дури и на студентски прашања ред не сум чекала, имам застанато 2 пати онака да прашам нешто дали некој професор е присутен или да вадам потврда за редовен студент. За квалитетот на образованието не би да зборувам. Имав можеби преголеми очекувања, сега знам веќе што,како и кај кого функционира. Не треба многу бубење, малку треба само да си паметен и да покажеш интерес и труд да вложиш. Олеснителна околност е и тоа што ниеден професор не смее и не може да те обврзува да купуваш литература. Сите книги се бесплатно достапни онлајн на е-библиотека. Ако сака студентот може да си ги симне и испечати. Кога веќе спомнав е-библиотека, имаме целосно електронски систем, освен за плаќање и сл. што споменав погоре, имаме и електронски индекс, си имаме увид во оценки,поени, можеме во секое време да си видиме што не интересира. Исто така имаме и студентски мејл кој функционира ама ако си писмен. Професорите се задолжени обавезно да одговорат на секој студент доколку е уредно напишан мејлот. Ама како што реков треба писменост за тоа, ем студентот да си фати ред како се пишува мејл, ем професорот да е писмен и да го проверува сандачето. Друга предност што за мене е од голема важност е тоа што нема гужви. Мал број на студенти во предавална, убаво може во тишина да се следат предавањата и да се учествува интерактивно. Еве сега пак ќе морам да си го пофалам УГД ама супер организирано беше за онлајн предавања, колоквиуми и испити. Се си завршивме и воопшто немаше проблеми. УГД реално може и цечосно онлајн да функционира ако малку се усовршат работите, ова сега беше како пробно, функционира, ама сепак би требало да се надогради. Друга работа што ми е важна е тоа што сме вклучени во многу работи, сма пак ќе кажам тие што се заинтересирани. Еразмус проекти, размени на студенти, предавања на терен(сме посетувале институции, компании и сл. со професори).
Со сето тоа апсолутно ама апсолутно се сложувам ! Браво за напишаното , секој ден кога станувам се кааам што се запишав тука , пракса испод 0 а професорите мизерија !
Дали може некој студент на УГД општа мед. да ми каже како се полага стручен испит после 2ра година? Дали е усно или писмено? Дали има одредени прашања кои се паѓаат? Или не се знаат прашањата? Ве молам итно ми е, фала.
Каков стручен испит? Од Лекарска Комора што беше тој или нешто ново е ова? Едит : Инаку чим веќе кажуваме мислења, јас сум релативно задоволен. Секогаш може подобро, има некои работи кои ми се допаѓаат, има некои кои не ми се допаѓаат. Од некои професори сум презадоволен, од некои сум онака - просечно задоволен, од неколку сум ептен разочаран; за пракса сметам дека најмногу зависи кај кој асистент ќе се паднеш, сум се паѓал кај некои кои што не се замарале воопшто додека од други пак сум научил повеќе отколку од учење или предавање. Славица интерна, Марија педијатрија, Катица анестезија За градот Штип... глупо е да се збори, тоа е што е. Скопје е ништо споредено со Белград, Белград е ништо спореден со Минхен итн итн. И како што кажа друг член погоро, електронскиот систем на УГД е врв. Никаква бирократија, носење хартии при секој упис, барање, при секој испит, никаков ред чекање со часови.
Одредби што се во согласност со Законот за медицински студии и континуирано усовршување на докторите на медицина После завршувањето на втора година и слушањето на предклиничките предмети, студентите од студиската програма Општа медицина се обврзани да полагаат СТРУЧЕН ИСПИТ пред државна комисија од програмите што се предвидени во предклиничките предмети. Ова го пишува во студентски информатор.
Да, де претпоставував дека зборуваш за тоа. Немај гајле не постои таква работа. Имаше на времето закон за полагање таков испит кој важеше за сите медицински факултети, смер ОМ за упис на 3та година и само една генерација го полагаше но го укинаа законот потоа. Беше организиран од Лекарска Комора и таму сите студенти од цела држава полагавме во септември, ни ги дадоа прашањата уште во јуни бла бла бла... Мислам дека само неколку души од УКИМ паднаа. Ужас, да паднеш година за буквално ништо. :/ Уживај, не постои тој испит повеќе, учи си за вторава декада.