Инаку, јас сакам да се префрлам од УКИМ на ОМ, ако може некој да ми кажи некои информации каде држите предавања/вежби, дали имате распоред за предавање и точно одредени датуми за полагање колоквиуми? Колку колоквиумски недели има? И за сместување во Штип, кој студентски дом го препорачувате најмногу?
Не сум медицина. Ама познавам девојки кои учат медицина. Повеќето се од Скопје,Битола и Велес. Не е баш организирано со предавањата знам дека шетаат ваму таму,предавања имаат во текстилното најчесто и не се сеќавам каде на друго место, додека за другите смерови е посредено. За сместување сите што ги знам се во студентскиот дом “Хилјадников”. Одлична локација, не знам цена, убави соби и има услови и за учење,дружење.Имаш и други студентски домови, ама условите се катастрофа, сум влегла во тој веднаш до трговски, мислам “оаза” се викаше, ужас е.Другиот државниот студентски дом ти е макку подалеку од центарот, ама велат дека е добро, немам слушнато да се жалат од условите. Кога ќе бараш сместување не гледај да е поефтини туку да ти е блиску до местата кај што ќе треба да одиш бидејќи многу пари за такси ќе даваш, немаш јавен превоз и секаде сите одат со такси.
Можам од искуство да кажам само дека во студентски дом конкретно во Штип особено ако си медицина нема услови за учење , од галама итн.
Па не знам. Девојкиве кои ги познавам си тераат. Ама погодени се повеќето на спратот учат медицина и стоматологија па немаат баш време за галама и забава.
Те шетаат, да. Во текстилно, во Кампус 2, во Економски. И Логос бил добар. Подалеку е, ама добар бил. За Хилјадников велат е добар, ама имало некои проблеми. За тој кај автобуска-не. Катастрофа. Колоквиуми два, стандарт. Во годината имаш две казнени и две редовни сесии. Нема положување на колоквиум, мора да имаш 42 поени и одиш на испит. Една сесија има две декади. Се е електронски. И плаќање и книги и се. Имаш си слобода да учеш од кај сакаш. Секој професор си има скрипта и може да си ја копираш. Мислам дека не се ни продават оригинали. Ако, сакаш во боја да видеш ја има на е учење. Никој не те тера да купуваш оригинали. За професори, има ги и леви. Ама, не за инает да те бутаат. Ретко се со врски (барем според мене). Ретко се откажува во последен момент. Обично ден, два се става на е учење соопштение за некое преместување или слично и тоа е. Цел факс сме ФМН (општа, акушерки, фармација, ВЗШ, лаборанти, физиотерапевти). Не сме поделени како УКИМ. Така да сите правила важат за сите струки. Горе доле тоа е.
Другите ти дадоа топ одговори, GirlRose опфати доста за функционирањето али ај и јас нешто да додадам. Предавањата се одржуваа во "Текстилно", тоа ќе му дојде некако како комплекс на училници, лабаратории и што ти знам, се наоѓа во центарот на градот. Колку што знам од оваа година предавањата се оджуваат само во Кампус 2, тоа е кампус на други факултети и се наоѓа позади седум рида, седум долини... плачев и се искачував по угорницата секој ден. Друга локација но многу ретка е ФМН, уџум на брдо позади клиника, таму и К2 обично испитите се оджуваат. Вежби претклиничко се оджуваат кај гореспоменатото текстилно додека клиничките вежби на клиника а поретко во здравствениот дом. Патологија 2 и Судска во факинг Кежовица, таму се наоѓа центарот за патологија iirc. Распоред за предавање имаме ама зависи од професорите, кај некој се знае со години дека предава тој ден и тој час и точка (Талески - Микробиологија), додека некои други импровизираат секоја недела (Билјана - Анестезија, сите по Интерна), но со исклучок на овие вториве кои ги спомнав, сите го почитуваат распоредот за предавање. Вежбите речиси секогаш се во договор со студентите и асистентите на клиника, за претклиничките обично си има распоред или пак ако има промени ви го кажуваат асистентите распсоредот однапред. Има две колоквиумски недели ама тоа на хартија само. Се полагаат два колоквиуми по сите предмети, кај некои професори уште на старт ви даваат датуми (Хистологија, Патологија) и нема теорија да го смените но генерално е во договор помеѓу студентите и професорите. Сепак датумите обично се вртат околу официјалната колоквиумска недела. Ретко но по некои предмети се полагаат колоквиумите два во еден (Клинично 2 и Хирургија на пример секогаш се 2х1). Секоја година во Штип бев сместен во различен смештај и со различни цимери. Според мене, иако само еден ден имам седено во сстудентски дом, бегај на страна од студентски домови; државниот кај автобуската ми изгледа ептен сомнителен, другите се приватни и иако изгледаат добро мислам дека се скапички и има многу галама, делење купатило со секакви... не знам, мое мислење за студентски домови. Обично бруцоши идат прва година по студентски домови и кога ќе оформат друштва бегаат под кирија заедно. Има ФБ страна ако сакаш да најдеш смештај дали сама дали со други студенти, можеш да шеташ низ Штип и да бараш ко мува без глава ама не те советувам на тоа (been there, done that). Искрено патувањето до и од Штип ми беше најсмрт работа, седењето таму најмногу зависи од цимерот и самиот смештај; од прва до трета година секој ден во Штип ми беше нов кошмар ама четврта и петта ми беа фантастични. Со среќа! Едит : Инаку денес/вчера од Ректорат имаа прес бла бла бла, спомнаа дека се подготвуваат уште сега да и наредниот семестар биде цел онлајн ако продолжи ситуцијава ваква каква што е, така да во тој случај нема да ти треба смештај.
Знам дека има околу 20 професори кои се вртат низ годините и лесно достапни се, студентски службата им е супер. Сега за настава и полагање не знам баш да ти кажам како е, само знам дека има доста бубање, правен ко правен.
Здраво Ќе може ли да ми кажете кои смерови ги има тука во Скопје освен бизнис логистика ? Ви благодарам
А може ли конкурсот да ми го пратите за уписи оваа година пошто Скопје гледам само логистика колку примаат?
https://www.ugd.edu.mk/index.php/studenti/zapisi-se-na-ugd/527-upisi-2020-21 ^ Тука ги имаш сите потребни информации во врска со конкурсот,плаќање и други работи.
Сеуште не е завршена јунската сесија. Рано е за датуми за септемвриска, ќе бидат објавени во август.......инаку, датумите се објавуваат во едно соопштение за сите испити на е-учење. Но, може и секој професор да објави датум за своите испити на поединечните курсеви на е-учење.